Уроци, не. А да почне да ме боли глава или да ми се спие или да ми се повраќа или да ми се оди по голема нужда од нечија одвратна појава, да.
Може ќе ми се смеете, но ете, верувам. Еве мајка ми знае да бае од очи, научила од баба ми, често пати кога ме боли глава, ќе ми побае и веднаш поминува. Па како да не верувам. И апче не ми помага некогаш, доволно е да ми побае и ни б од болка.
Верувам. Клета уста имам и се десило стварно да урочам некого. А јас дали сум урочена, не знам.Не верувам дека работи на мене тоа
Кога бев помала и ќе почнев да плачам ми викаа сигурно си урочена ајде на кушање. Не, не верувам. 21ви век е надвор.
Верувам Тоа е некоја негативна енергија која ти ја пренесува некој кој ужасно многу ја шири и носи истата насекаде, сум осетила многупати така некој кога ќе ме погледне со грди и лоши очи И аман со ова 21 век е за позитивна енергија упорно верглате дека се пренесува и влијае добро на околината, ама за негативната пу пу не важи а
Верувам . Има една колешка на мајка ми , со урокливи очи . Не дека таа сака , едноставно таква е . Неколку пати знаеле да ми се случат работи откако сум ја среќавала жената . Среќа што не одам често на работа кај мајка ми . Баба ми исто е урочлива . Ме има урочено во нервоза , кога бев дете . После нејзините зборови , не можев да се оправам здравствено се до трета средно . Ќе речете наука , доктори . Да , бев и таму . Ништо не ми наоѓаа во тестовите на крв и урина . Се излегуваше дека сум здрава , а често имав болка во стомак , желудник , глава ... Сите болници ги поминав уздуж и попреку , направив милион испитувања и никаде не знаеа што ми е . И ајде сега , како да верувам само во наука , кога сите болници ги научив на памет , а секаде ми кажуваа дека сум комплетно здрава ? Додека моите врсници растеа по игротеки и паркови , јас во болници . Од чиста мира . Не дека здравстово ни цветало некогаш , ама не е можно секаде да ти прават милион испитувања и да се покажува дека си здрав , а ти се чувствуваш како да те прегазил шлепер . Не знам како , едноставно ми помина . Ниту бајачки помогнаа , ниту доктори . Од трета средно , па наваму сум сосема здрава и физички и духовно и на секое поле .
Не би да упаѓам со ова, ама не само ти туку и другите, кога имате вакви симптоми и ништо не ви е физички гледано, одете на психолог/ психијатар. Многу ... Типични ... Се симптомиве.
Сакаш да кажеш дека јас на возраст под 10 години сум умислувала и лажела ? Или дека си имам проблем со менталното здравје ? Па , да ти соопштам , ако бев психички болна , мајка ми сигуно ќе забележела до сега ( имам 24 веќе ) . Друго , нели матичен треба да те упати во понатамошни прегледи .. од каде да знам јас со неполни 10 години дали треба да одам на психолог или на уролог ? Трето , раката не се крши психички , а замисли левата рака ја скршив така што гурав велосипед со издишана гума . А велосипедот не падна врз мојата рака . Да не зборувам за милионите пати кога за малку сум се спасила од удар од кола , при што јас сум одела каде што требало да одам ( пешачки , тротоар итн . ) .
Пиша дека беше физички здрава со болки во стомак, глава и желудник. За кршење раце чинам е физичка болка и за то не ти коментирав јас. Јас коментирав за конкретното "тројство". Ама стомак, глава, желудник е најчесто симптоматологија со психичка позадина само многу ретко на кој ќе му текни оти прво мора да поминат физички испитувања. Ќе ти поможам, една можна причина - анксиозност. Има уште неколку. Викаш 10 години ... На 12тина јас ги развив првите симптоми, не е рано, за жал. Сите три. Физички здрава, ама болки во стомак, желудник, глава, нагони за повраќање, нервоза. Е сега ради долго не третирање сите симптоми преминаа со вистинска физичка симптоматологија ама то е веќе скроз друга тема. Така да, не, не си лажела. Под стрес си била и си платила "данокот" од истото. Макар и да си се плашела дека некој со урочливи очи те виде - то е стрес и долгорочен стрес иди до последици големи. Пак ќе речам за жал, и особено за жал оти децата не се магично заштитени од ова. И уште викаш мајка ти да знаела ќе те однесела. Мојата знаеше па 10 години му требаше да се "помири" со ситуација која е толку секојдневна и не е срамна. Камо порано да речеше "абе ти под стрес да не си? Како ти е новото училиште? Некој да не те малтретира?" Па макар да ме однесеше на училишен психолог сега немаше да имам хроничен гастрит и мигрена. Се осеќам како стара баба. --- Зошто го земав твоето мислење како пример е зошто во вербата дека некој те урочил и тројството на симптоми кое ти го наброја - поврзани се. Од самата параноја, стрес дека ќе ти се случи нешто добиваш тоа тројство на симптоми. Од самата стегнатост забележуваш само негативното кое се случува околу тебе и сметаш дека урокот е сепак вистина. Од кога ќе си докажиш дека е вистина, нели имаш симптоми после одреден настан, станва уште полошо! Се засилуваат симптомите ради значително зголемениот стрес и така полека заглавуваш во некаков лош, магичен круг каде штом си подобро сметаш дека не си веќе урочен и при следна стресна ситуација наоѓаш кој те урочил. Или велиш "овој има урочливи очи" и при прва ситуација ти се навраќаат претходно "стекнати" симптоми. И мое мислење беше за сите кои се урочени, со овие симптоми. Одете на психолог/ психијатар за разговор. Ќе ви годи.
Да , сега ми е појасно . Само тогаш јас не бев под стресови . Да , мислев дека не сум доволно добра за да имам другари и другарки , ама не им се замарав многу . И булинг преживеав , малку повозрасна кога бев . Сепак , имав само " тројство " , кое не беше третирано со лекови . Мачнини никогаш сум немала , ниту мигрена . Изгледа данокот сум го платила со бактерија на желудник , која ја лечев цели две ипол години .