Јас на почеток имав многу рандом личности, ама полека ја средив листата претежно со личности што ги знам. Има некој чат пат непознат но не се замарам веќе, доколку тој/таа не ме замара. Имам приметено кај неколку машки што ми се пуштале на фб, откако ќе фатат девојка ме бришат од фб (Јас не сум ни приметила) и после кога ќе раскинат пак ме додаваат кога ќе ја видам поканата за пријател сфаќам дека сум била избришана Секако дека НЕ ги прифаќам по втор пат. Доколку не ми е некој близок воопшто не се замарам ако ме избрише ... А ако ми е поблизок може ќе ми биде чудно, ама тоа е негова одлука. Крај краева секако толку не користам фб во последно.
Не, затоа што на фб немам милион ,,пријатели" туку само луге кои ми се навистна блиски и со кои комуницирам многу често. Друга работа внимавам на моето однесување на фб исто како и во приватниот живот, постирам и објавувам само работи кои се битни за мене а треба да ги знаат пријателите или да изнесам некој мој став, но не и да ги малтретирам со разни глупости. Тоа бришење од фб повеќе се случува кај децава од разно разни причини, но доколку сте возрасна особа и ве бришат од фб не сакаат да ве имаат ниту како ,,пријатели" тогаш треба да се запрашате што не е во ред со вас.
Јас до сега не сум приметила дека некој ме избришал јас сум ги бришела само бифшите и другарите , другарките нивни и тоа
Ау ич не се замарам.Бришам и нека ме бришат многу ми е гајле Колку пати сум избришала луѓе оти ете пред 3 години сум ги прифатила, сега немам никаков контакт со нив, па не ми ни требаат на почетна.
Ќе плачам, ќе се трескам од земја, ќе им се јавувам на телефон да ги молам пак да ме додадат. Не ни знам колку имам пријатели не па да "приметам" дали или кој ме избришал. Пред некоја година најмалиот братучед кога беше тинејџер само што ќе фатеше девојка тие сите девојки ги бришеа од кај него, дека со различно презиме и јас спаѓав во таа чистка, он приметил, ми се јавува да не праша зошто сум го избришала, после 3 тата девојка изгледа веќе не им даваше пасс од фб па не сум избришана од тогаш.
Можам да ти ја разберам фрустрацијата Тања, ни крива ни должна ти си си го собрала... Такви ликови... ако говидиш на улица, ако тој ти рече прв здраво (и треба, доколку осеќа вина) тогаш покажи манири и врати му со здраво. Но не му го лови погледот. Онака, спонтано реагирај. Што се однесува до мене, бришам, ме бришат, не им е гајле, не ми е гајле.
Па да за тоа ми е. Не може бре да ми кажува дека избришал еден куп луѓе оти биле криви и мене по 2 дена да ми го направи истото без причина. Плус па и зборови од типот „знаеш јас тебе те почитувам“, „дај боже се да ти биде добро во животот“.
воопшто не ми е гајле пред скоро видов тетка ми ме избришала од фб,бог да чува.ОК бриши ме ама повеќе ни здраво од мене нема да видиш
Никогаш ама баш никогаш не ми текнало да проверам дал некој ме избришал. Ич не се замарам со тоа па макар и близок бил.
Искрено ич не се потресувам. Што ќе му ја мислам јас, нека му ја мислат тие што пропуштаат ваква кул особа за пријател Шала настрана, порано бев поактивна на фејсбук, ама сега не сум, па дури не ни приметувам ако некој ме избрише. Посекако најчесто тоа биле луѓе со кои два збора немаме сврзано во животот, така да не осеќам некоја разлика. А еден другар на пример на фејсбук нема пријател со кој не прави муабет. Еднаш избриша една заедничка другарка пошто не му пишувала. Не и се налути, на улица и правеше муабет, ниту дружењето не им се смена, само не гледал потреба да ја има на фејсбук кога таму не комуницираат. А инаку имав јас еден лик во минатото што досега сигурно над 5-6 пати ме избриша и ме додаде и баш пред некој ден гледам оп, пак понуда за пријателство. Нема грешка другар, ќе те прифатам на 32ри август
Јас никого што лично го познавам во реален живот, не бришам без добра причина. Затоа, не дека се замарам и веројатно нема ни да приметам, ама ако ми текне на некого на пример од средно што одамна сме немале контакт да го побарам и да му пишам, и видам дека ме избришал – нема да се нервирам буквално, ама дека би ми паднало чудно во моментот, да
Тој бара помош, но одбива да ја добие истата. Напишо му ти не си со сите ти треба професионална помош во Бардовци еде блок и пријатно. Кај ти троши време па и глуми.
Покрај други многу побитни работи, последното нешто со кое би се замарала е некој ако ме избрише. Искрено не би ни забележала, освен се разбира доколку не станува зброр за некој близок но до сега некој таков не ме избришал така да другиве се небитни. А и мене ми се има случено да направам чистка.