Обично ме бришат па и ме блокираат на фб кога ке ги предупредам дека ке ги кажам на жената/девојката.... така да не не ми е тешко ич.
Јас 150 души избришав пред 2 месеци. Сеуште не ми спомнал некој како му дошло моето бришење од неговиот живот, но мене ми дојде предобро. Почнав фб да го сметам за шпионска социјална мрежа. Е сега веќе нема тоа ако ме види низ град "еј те видов во Тајланд", "гледам кафе си пиел во 7 гр.", "видов внука си добил". Нит јас постирам веќе такви работи (многу ретко), нит тие па ќе видат. Пола сум ги избришал, а другата половина им ставив забрана да можат да ми го гледаат профилот. Не сум таен, но не сакам и секоја бандера во градот да ме знае.
I mene isto ic ne mi e gajle koj ke me izbrise od fb ili koj ke me blokira jas niti blokiram niti brisam
Порано имав многу пријатели на фејсбук. Сега јас самата бришам кога имам слободно време, сите со кои не комуницирам иако ги знам лично. Немам заприметено ни кој сум имала ни кој ме избришал па да замерувам
Ја читам темава и гледам дека не е само кај мене случај некој на кој си му пружил рака да те избрише од фб. Инаку, ме има избришано колешка од факултет на која и помагав околу одредени материјали и испити, а кога завршивме (таа некој месец подоцна дипломира од мене) од тогаш ни роденден што е тоа да ми честита. Пред тоа и неврзан разговор ќе си направивме, ова-она. Потоа, почна со активности во владеачкава моментално партија, се вработи и се разбира јас не и требав - јас не се вработив по струката, што ќе и сум па да ме има во пријатели. А, исто така си викам и дека по малку ја симпатизирав и претходно тоа го имаше осетено. Почна да се слика таму со еден, па си велам можеби и добронамерно го има ова направено (со цел да не се нервирам). Иако, тој истиот ден и апче за смирување се напив од што ми падна криво. Сакам да верувам во позитивни намери. Исто така внук ме има избришано без никаква причина, му пратив пак покана (мислев дека од некој вирус се бришат пријатели)-ме прифати па по 2-3 месеци пак видов дека ме отстранил. Сосема небитно, детиште без контрола. И не е само првиов пример да ме имаат избришано луѓе на кои не сум им направил ништо лошо-апсолутно од мене добро виделе, а лошо апсолутно ништо. Иако,реално ова со бришење од фб нервира, иако некои воопшто не придаваат важност. Човек го доведува да мисли што згрешил, а кога ќе сфати дека нигде не згрешил тоа уште повеќе боли, боли фактот дека одреден период од животот гледал да задоволи интереси и потреби на себични луѓе.
Воопшто не се замарам, ФБ за мене нема никакво значење, единствено ми треба за полесна комуникација со колегите.
Мене ме избришаа луѓе од животот што ја неколку пати рака у огин турив за нив, леб од иста тепсија јадевме.. таа ме прашува дали ме нервира кога ќе ме избришат од фб.