Некогаш си замислувам срцки како прекршувам закон во нашава скандинавска земјичка, ми доаѓа разбацан двометраш со големи рамења и нервозно го манка неговиот пендрак пред мене. Ме погледнува остро и ми вели: I heard that someone was bad and naughty... После се отрезнувам, ми текнува дека во МВР работат пониски од мене со пивски стомаци кои трујат на цигари и се вработуваат со врски. Сфаќам дека дури и да завршиш во полиција ќе те претресуваат и пофаќаат искомплексирани патуљаци.
Јас уствари сфатив дека униформата не е секси. Секси е професијата ваљда. Полицаецот не е привлечен пошто носи кошула со значка, ниту пожарникарот затоа што има чизми и шлем. Привлечна е идејата дека тој човек (особа, има и жени полицајки нели) може да помогне, да заштити, да извлече некого од опасност. Појавата, ризикот, храброста. Добро сеа, тргнете ги настрана нашиве полицајци, збориме општо. Не секоја униформа е секси, еве за поп го немам чуено истото. На пример, отец Јаков у мантија ако го видиш, сфаќаш дека институционалниот авторитет не е исто што и привлечноста на дејствувањето. Можда ако полицајци носеа мантија ќе ни беа секси, или Јаков ако беше у кошула со значка. Мене немаше ни така пошто ми е феминизиран, а можно е и да е bottom. Ваљда вистинскиот фетиш е уствари храброста.