Дали вие ​го с​​о​​н​​у​​в​​а(​​в)те вашето бебе?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 3 септември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Многу пати ќе чујам трудници кои ќе речат леле ја/го сонував. Аууу какво беше убаво/грдо. Многу беше слатко/ страв ме фати какво беше. Итд....
    ​Д​​а​​л​​и вие ​г​​о ​с​​о​​н​​у​​в​​а(​​в)те вашето бебе?
    Дали им придававте значење?
    Можеби од кога се родило баш наликувало како тоа на сонот?
    Опишете ги соновите... :)
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    јас го имам сонувано моето бебе, и тоа уште пред да му го дознаам полот, цело време сонував дека е девојче така симпатично малецко, некогаш во сонот беше бебе а некогаш веке пораснато дете, и од кога дознав дека е машко, го немам сонувано од тогаш :)
     
  3. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    222
    Јас сонувам бебушка и како ми се одвива животот со бебушката ама никако да му го видам ликот ... можеби несака во сонот да ми се покаже а полот го знаеме уште од поодамна ... неколку пати ми се случи да сонувам и неубави работи ама тие не ги кажувам :) ...можеби сите соништа се само потсвесното чекање и исчекување на моево сонце ...
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Пред два дена, ама баш беше потсвест, од што знаев дека ќе сум денес на преглед, од желба за да го видам.
    Исто и во сонот се криеше, како и денес :D
     
  5. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    213
    и јас го сонувам и тоа Често,првите неколку пати ми се криесе :D не му го видов лицето,а сега пред неколку дена му го видов и ми се смеесе :inlove:
     
  6. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    јас еднаш само сонував како сум се породила и како сум го доела и сум била многу среќна дека и цица без проблем- тоа кога бев 5ти месец негде, од тогаш не сум сонувала, се сонувам некои други глупости кои немаат врска нит со бременост нит со бебе :^)
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.504
    Jaс доста време, пред уште да се фатиме со маж ми :) Сонував бебе /дете на отприлика 3 години, како го чуваат мајка ми и баба ми. Со глава иста како на маж ми (сегашен, тогашен симпатија и потенцијален дечко)
    И знам како подоцна во сонот го нишкав и го земав и знаев дека ми е син, а му се обраќав со името на мм :?: Многу чудно...
    Тогаш мислев дека од што сум затрескана во него сонувам такви работи :) Подоцна одкога се фативме и му го кажав сонот...ама никој не веруваше дека ќе се оствари...и тоа релативно бргу.
    Најчудно е што денес до мене спие истото такво маже со глава иста како татко му :D И да. Мајка ми и баба ми го чуваат :D
     
    На Milobebence и elena.mak им се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    11.382
    Јас сонувам многу често. Посебно го соннувам бебето, и личи на мм. Исто такво прчасто носе, височко чело, а моја коса и мои очи. Отсекогаш така и сме сакале и двајцата да личи, 10 години сме правеле муабет за такви бебиња, хахаха! :rofl: Сонувам и уживам, одвај чекам да дојде ред да се гушкаме со беблак... :inlove:
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Не го сонував бебето, ниту пак замислував какво ќе биде.
     
    На nevesta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.353
    Многу пати..цело време машко бебенце сонувам,и се чудам колку грижлива мајка сум во сонот,само него си го гледам. :D
     
  11. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Јас го сонувам скоро секоја вечер, се нешто лошо му се случува, кошмар до кошмар, страв ми е веќе да заспијам, почнува да ме мава некоја депресија од нив ;(
     
  12. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Јас завчера сонував како сум се породила и сум поминала прелесно на пораѓај (не верувам дека ќе биде така) и сонував дека ми се родило девојче. Досега сонував само бебе, не му го знаев полот. Ќе видиме дали правилно сонуваме или ќе не изненади едно момче на наредниот преглед. :lol:
     
  13. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Јас кога бев бремена(до 8 месец не се знаеше полот на детето) ама јас претчуствував дека е женско и неколку пати си ја сонував ќерка ми,во сонот беше преубавко весело плаво девојче со плави очиња,плаво косиче...а кога се роди ќерка ми беше црна со црна коса и намрштена :)

    Амааа еве сега е баш таква како во сонот со плава не многу виткана косичка,плави очиња... :inlove:
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  14. auroraa

    auroraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    838
    Денес сонував дека на бебето му правеле тестирања некои и во моментот кога требаше да ми ги дадат резултатите се разбудив. Цел ден мислам на сонов.
     
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    4.218
    сабајлево сонував како сум го родила бебето,, ама пораѓај не видов тука само бебето на гради си го ставив,, после ќе сум го бајнела гости ќе ми иделе па требало да ми донесат руби дека сум немала руби да го преслечам бебето :worried: и плус тоа девојче било.... што и да е кога ќе се роди да ми е здраво и зиво
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Женички мои,

    Не сум мајка па не можам да речам „знам како ви е“, но од искуство со други жени знам дека соновите во кои е вашето бебе треба да се нешто кое најмалку би ве загрижило, дури и кога се страшни.

    Од тоа што сум го просведочила, не постои трудница која не си го сонува своето бебе. Од мирни сцени до кошмари. Па ете, сите за кои знам излегле живи, здрави и весели. Мислам дека работи мајчинскиот инстинкт и потребата за заштита на бебето. Сакате да го заштитите, а ви треба лекар и ултразвук за да видите што прави и како е. Се`уште не е доволно да појдете до детската да видите што прави и далеку е од зборување па да ви каже „Мамичке ми се јаде/пие/спие/ме боли грлото“. Сето тоа исчекување создава притисок кој (ако му ги додадеме и интензивираните емоции и потсвесни стравови) се манифестира преку соништа на потсвесен начин. Е тоа е мајка. Нашите мајки ден денес не` сонуваат и мислат прво на најлошо.

    И уште нешто, малку подалеку од темава. Не се заморувајте со бабини деветини, слушајте ги лекарите и своето тело. А дали нешто треба да се случи или не е Божја работа на која немате моќ да ја смените. И затоа можете само да го правите она што е во ваша моќ и да се надевате на убави нешта затоа што и позитивната енергија носи позитивни резултати.

    Имајте спокојна бременост :l:
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Jas pred da ostanam bremena pisav deka sonuvav kako mm drzi devojce i toa bilo mojata kerka i stvarno bev bremena e sega pred edna nedela sonuvav kako sum imala dve maski deca ednoto bilo 6 godinki a drugoto sum go drsela za race imalo edna godinka hmm :?:
     
  18. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Јас мајка ми ја имам сонувано дека родила син, а тогаш беше родена само сестра ми и со татко ми не планирале повеќе деца. Кога и кажав дека сум ја сонувала со синче ме се насмеа и ми рече сонувај си само ти. Но, после 5 месеци остана бремена и стварно роди син, лепотан на дада :D .

    Тетка ми ја имам сонувано дека има близначиња, машко и женско. Кога остана бремена и кога била на преглед и кажале дека носи близнаци, но уште не можело да се види полот, па нејзе и текнало на сонот мој и се насмеала на докторката и рекла дека веќе си знае што носи. Точно излезе :D. Исто и другата тетка и братучетката ги имам сонувано дека имаат синчиња и вистина излезе.

    Исто неколку години по ред сонувам дека јас имам родено близнаци, дури и имињата им ги знам на сонов и таткото :rofl: па ќе видиме како ќе излезе. :)
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    незнам колку од вас го прочита мојот пост пред околу 1месец,кога сонував како имам мало бебе во рацете и го доеев :) тој сон се случи по завршувањето на менс.... и наредниот месец тоест овој месец дознав дека сум бремена :) :)
     
    На TSS, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l и ddevojce им се допаѓа ова.
  20. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    73.187
    Пол:
    Женски
    :) да јас го процитав тој пост а и после или пред тебе усте една имасе исто сто писа дека сонувала бебенцето како си го дрзи враце