Синко го сонував, родив спротивно скроз.. на сонот беше со катран црна коса, црно и слабичко, а се роди со две влакна косиче кое беше кафено но цело падна и остана келавко бебе, бел беше и буце Девојчево пак слабо го сонував, ситно и мало со црна коса, темен тен (а мм има потемен тен) @Цвет88 да не ти кршам ептен филм, ама доењето не е онакво какво што го замислуваме... особено првите три месеци е мачно, болки, мастит, рани на брадавици, млеко еден тон тече на сите страни. Би било добро да прочитате за доењето нешто, па и да видите по некое видео на youtube... мене никој не ме предупреди и не знаев што ме очекува, се испомачив плачев, гризев и доев...
Бебетo кoнкретнo вaкa кaкo лик не гo сoнувaм сoнувaм декa јaс сум сaмa вo некoјa нaпуштенa прoстoријa (пример стaрa фaбрикa) и декa е темницa и декa тaму ќе се пoрoдaм сaмa
@mariz знам...ама ете во сон е друго.... што треба да се прави ќе се прави само нека си цицка бебо. Се ќе издржиме за нив.
После болките е убаво чувството, може ке имаш таква привилегија па да поминеш без болки. Јас се надевам вториов пат разработени брадавициве па да не боли толку (совет уште пред да родиш купи и мачкај ланолин - природна маст која немора ни да се одмива пред бебето да цица, а омекнува брадавици)
Ќе видиме...како и да е или ќе ви се жалам или ќе се фалам. Фала за советот. Кога сме кај темава хахах.. Мм ме сонувал сум се породила. Викам што како. Вика како што како дома, па добро викам кој ме породи, па сама бе така си се породи и така ти се сама правиш. Е значи алал да ми е хахаха.
Хахаха и јас сонував дека сама сум се породила, но во Чаир... сум отишла мн касно, веќе отворена и доле на приемно сум се породила на кревет сама. Тогаш го сонував дека е со темен тен девојчево, црна катран мн коса, ситно и мало
Јас у последно време само некои кошмари сонувам.Де како гледам некој авион да паѓа..де поплава некоја и такви слични глупости.Денес сонував како бебево ми мрдало во стомак а јас си го галам.Голем стомак како 7ми-8 ми месец да сум била а тоа од внатре си клоцкаИначе околу 6 недели сум трудна и сеуште е многу рано за такво нешто,ама убаво чувство ми беше во сонот.А тоа чувство го имам осетено пред 5 години со синчето и сега ме потсети сонот.Се почувствував баш некако благословено и среќно
Синоќа за прв пат го сонував. Не знам дали беше машко или женско. Се обидував да го заспијам а тоа неќеше да спие. Толку слатко ме гледаше и се смееше .... Потоа само што почна да ги затвара очињата , јас ги отворив моите Се обидував да заспијам и да продолжам со истиот сон ама не бее...
Ги сонував вечерта пред да се породам како ги држам двете во рака, тој сон ме смири и ме утеши дека се ќе биде во ред и навистина беше
Сонував како имам бебе и го успивам и му пеам песничка беше женско и како разговарам со сестра ми и таа се смее и ми кажува дека сум ги претекла мојте братучедки и неа дека ова е прво внуче.Потоа како му се јавувам на мојот сегашен дечко и му кажувам дека има дете а тој незнае. Ме чуди сонот дали има вистина во него...?
Пред да дознаам дека сум трудна, вечер пред голем празник мајка ми ме сонувала со плаво женско бебе и јас се сонував истата вечер со плаво женско бебе, само она ме сонувала во куќата на мм, а јас во мојата стара соба. Сега сум крај на 4ти месец не знам пол сеуште ама сонував дека дојам женско бебе. Многу сакам девојче и следна недела треба да дознеме пол. Мајка ми цела бременост ме сонува како ми носи цвеќиња или женски алишта. Држете среќа ❤️
Да го имам сонувано. Еднаш мислам беше како му менувам памперс, а пред неколку дена сонував како ќерка сум имала, во сонот имаше 5-6годинки.
Јас кога останав бремена го сонував мојот дедо кој многу го сакав сега починат како држи женско бебе во раце и сега сум 8ми месец и носам женско ❤