Секојдневно на телевизор, на социјални мрежи, насекаде.. се зборува за корона вирусот, па дали чуствувате некој страв во себе ?
Да, секој здрав човек во умот се плаши. Само работава ќе испадни стравот поголем од медиумиве него од короната..
Се плашам за мене, за најблиските, може да ги заразам или тие мене. Внимаваме не многу, премногу. Дури на моменти до степен на претеризам. На почеток немав ваков страв, ама како расте бројот на заразени и смртни случаи се повеќе сум со страв во коски.
Се плашам премногу, се надевам дека еден ден ќе помине сето ова и сите да си живееме нормално и мирно и да си бидеме сите живи и здрави...
Искрено, за себе не ми е толку колку што ми е за критичните групи. И повеќе ми е страв од оваа паника, затворање на сѐ, изолација, осаменоста, последиците кои следат откако ќе си отиде... Повеќе овие работи ми создаваат немир отколку постоењето на вирусов.
Многу!! Луѓе неможам веќе само што му реков на мм да ми закаже тестирање во Систина пораат да бидам Вчера од што цел ден мислев дури сонував дека сум се разболела од тоа. Денес цел ден шубе имам дека грло ме боли аман веќе психички ме уништи верувајте ми.
Конкретни од самиот вирус не. Ме уплаши што е нов и што рапидно се рашири а чаре не се најде баш одма. Јас да заболам не ми е страв, страв ми е моите да не закачат или да им пренесам јас. As always за мене не ми е гајле, гледам за моите бидејќи се по 60год и нивниот организам нема да го прими и издржи вирусот како мојот. Ја и да закачам и да умрам гајле ми е ама сериозно. Ако било пишано од некој скапан вирус да умрам јбг
Да. Но исто ми е страв од индирекниот ефект што го има, распад на системот. Еве, не можам забар да најдам, на пример.
Да, загрижена сум, следам вести секојдневно ,гледам да се контролирам да не паничам и да не се преоптоварувам со негативни мисли заради бебчето во мене. Затворена сум дома, цело време под клуч не сакам никој да ми доаѓа дома на гости во ваква ситуација. Малку сум под стрес кога ќе слушнам дека ми ѕвони ѕвончето е тогаш желудникот ми се превртува . Има луѓе што не се разбираат од седи дома.
Не, воопшто. Не следам цело време ситуација што се случува, колку заболени има, или жртви. Не ме интересира и не сакам да се преоптоварувам со тоа. Мерките за претпазливост си ги почитувам, не излегувам од дома, освен кога морам, со маска и со ракавици.
It's a roller coaster for me Од кога се знаеше дека ќе дојде и кај нас некако ментално се спремав, ама бев лабава. Следев вести и новости редовно и одеднаш еден ден ме мавна параноја и страв. Се опседнав со мисли од кај се може да се заболи. Немам концентрација за ништо. Не ми беше сеедно што треба со ЈСП да одам на работа. Сега ми е мило што треба да излезам од дома и да работам, бар ми поминува времето побрзо. Ми стана сеедно веќе дали ќе фатам вирус или не. Следам мерки и сум претпазлива, ама тоа е што е. Не можам да се нервирам за нешто што не зависи од мене. Денот ми е работа, дома, јадење, читнување вести набрзина, играње игрици/гледање видеа и спиење. Се враќа анксиозноста. Може е подобро и да престанам да читам вести, ама кога сите само за тоа зборат тешко е да се игнорира.
И јас не се плашам за себе, ама се плашам за тие околу мене, мои блиски и мои пријатели кои имаат проблеми со здравјето. И следам на ТВ се околу ова, и не ме фаќа паника голема. Само тоа шо не можеш да излезеш и да си вршиш работа. Тоа највеќе ме нервира.
Не се плашам од вирусот. Си почитувам мерки, си го користам времето со детето дома, гледам повеќе да готвам и почнав да вежбам. Едноставно се адаптирам на ситуацијата сега. Многу се плашам од состојбата во земјава откако ќе помине вирусот. Се грижам за платата и општо работното место, се грижам како детето пак ќе се адаптира во градинка, се грижам дека сите планови за идниве години ќе ни се одложат или ќе пропаднат. Како што пишав во друга тема, се грижам како ќе живееме откако ќе преживееме.
Не ме плаши самиот вирус толку колку што ме плаши неодговорноста на луѓето кои го раширија и на луѓето кои ќе го шират.
Страв ми е ние верниците како ќе постапиме за велигденските празници. Дали ќе останеме дома,и од дома ќе се помолиме,или ќе излеземе масовно пред Божјите храмови. И така ќе го рашириме побрзо вирусот. За мене не ми е страв,страв ми е за мојата внука,сестра,мајка.. Но си останувам на препораките дека треба да се чувам,и да ги чувам останатите. Си седам дома.