Насловот доволно кажува. Јас сум мажена далеку од (старото) дома. И проклето многу ми недостига старото место на живеење. Не дека овде не е убаво, едноставно таму се сите мои. Овде го имам само маж ми и неговите роднини. Сега сфаќам како им е на оние што се илјадници километри далеку од дома . Полека се навикнувам на оваа клима, народ, обичаи. Но пак ќе повторам, тешко ми е. Како ви е на вас што студирате, работите далеку од дома? На оние како мене, мажените далеку од родниот град?
Не. Иако како голема носталгичарка патев едно добри година-две поради преселбата. Исто беше и за првото, исто и за второто место, но дефинитивно не ми недостигаат. Да се вратам сега таму, би се мрднала. Мене Скопје ми е малечко и монотоно и гревно на моменти, камоли старото место на живеење... Ич бре.
Ми недостигаше родното место првите две години кога почнав да учам во Битола средно, ама после ич. Па сега веќе трета година сум во Скопје и сеедно ми е, каде сум. Сакам на моменти, да дојдам дома, да се одморам од се’ и тоа го правам обавезно на секои два месеци. Тешко се привикнувам кон нова, ама кога ќе се навикнам сеедно ми ...
Иако често знам да речам колку е Велес тиње, мислам дека не би можела да живеам долго или засекогаш надвор од него. Сериозно, не гаам патриотски чувства за државата, ама за Велес некој ако ми рече нешто сум во состојба да чурам од нервоза и да се карам цел ден, па дури и да го замразам тој некој што изустил лошо
Се е навика а за секоја навика има и одвика.Мене на почетокот кога се омажив многу ми беше кога се преселив нова куќа,нови луге се ново но со текот на времето се навикнав кога ке отидам кај мајка ми се чуствувам исто како и претходно па сега и воопшто немам некоја голема мака.
Со оглед на тоа што куферите се моите најверни другари се навикнав на тоа да сум далеку од родното место и од некои блиски,самиот живот ме направи таква да не се врзувам емотивно за ништо,порано уште на 15 години кога прв пат се одделив од дома ми беше ептен тешко плачев кога бев сама и ги броев деновите да се вратам дома,а сега веќе сфатив дека се е тоа дел од мојот живот,нема да имам корист ако копнеам да се вратам или залудно да паѓам во депресии и да се врзувам за луѓе и градови но еве признавам сега јавно најтешко ми е кога заминувам од дома и кога треба да се поздравам за крај со сите и затоа ги избегнувам таквите емотивни моменти и секогаш онака скришно исчезнувам без поздрав,па неможам аман
Veke 3 godini sum mazena vo drug grad i nikako da se prilagodam... premnogu mi nedostiga rodnoto mesto. NE ZA DZABE REKLE-KAMENOT SI TEZI NA MESTOTO. Mislam deka nikogas nema da se adaptiram na zivotot tuka...a nekako i potsvesno ne sakam.Sekoja prilika ja koristam da si trknam do doma,i kolku sto se priblizuvam do doma,tolku srceto pocnuva da mi bie.Ke mi izleta od gradi.
Katalina ке ти се придужам и јас несакам да се уклопам кај мм а и во семејството исто.Незнам зошто но нешто ме тера кога сите јадат на пример јас да се отргнам од таму се чуствувам тогаш како да не припагам тука незнам зошто е тоа така ама тешко е.Бидејки сум со бебе и имам повеке обврски со него и немам време да размислувам за кај мајка ми а пред тоа додека се породев мислев дека ке умрам секоја вечер легнував и си плачев за дома.Незнам може да го немав детето сеуште ке беше тоа така.
Најмногу на свет ми фали Струмица веке 4 год. живеам во лјублјана но не е исто ми фали домот ми фали македонија и слободата што ја имав таму овде не е исто не можам да излезам надвор со другрками и на портата навечер д седиме до 3-4 неможам да сум со бабами, тетите сите што ги сакам од се најмногу ми фалаат другарките со нив порснав и не е фер што ми ги одзедоа кога не бев спремна многу пати сакам да им го кажам пва на родителите но немам доволно храброст сакам да им кажам дека иаку во мк немав се најскапо и најдобро бев среќна но тоа е тоа биде што биде...
Да, понекогаш многу... куќата во старото маало, сега веќе едно од најурбанизираните населби, ама што фајде? Одамна не сум ја ни видела на изглед, а не ми е далеку, а камоли да влезам внатре... со оглед на фактот што најубавите 9 години од животот ги пројдов таму, мора да ја посетам уште еднаш пред да ја срамнат со земја и да ја претворат во урбанизирана зграда. Сакам назад...
Па не многу. Не чувствувам којзнае каква носталгија кон старото место на живеење. Брзо се навикнав на ова место каде што моментално живеам веќе година дена. Не ја сфатив преселбата толку трагично иако таму поминав скоро 18 години од мојот живот, таму израснав. Можеби е така затоа што сегашното место на живеење е само неколку километри одалечено од старото а и двете се во иста општина. Добро, неколку пати ми се има случено да сакам повторно да живеам таму, но тоа бргу ми поминува.
Не, не и не. Понекогаш само ми е мака оти не можам секој ден да си бидам у својата соба, ама кога ќе размислам, би си заминала од овде и никогаш не би се вратила. Ќе преболам и соба и се. Не го сакам. Никогаш не сум го сакала.
Воопшто не, едвај чекав да завршам средно и да излезам од таму. Веќе 8 години сум во Скопје, прво факултет, сега работа и можам слободно да кажам дека враќањето “дома“ никогаш не сум го сметала како некаква опција. Јас сакам голем град, град што пулсира, што живее, град кајшто можам слободно да дишам. Град кајшто можам да излезам сама, без да мора да се поздравам со секој втор човек на улица, град кајшто можам да се “изгубам“ во толпата, да се почувствувам малечка и “безвредна“. Сакам град којшто ќе ми нуди алтернативи, култура, разновидност, анонимност. Град во којшто нема да мора да се правдам зошто сум тоа што сум, град во којшто нема да се чувствувам како “отпадник“ само затоа што сум поразлична и имам сопствено Јас. Ете така.
Јас сум одалечена 1километар од старото дома па едвај свикнувам овде на новото место.Се преселив во друга куќа како што напоменав е на 1километар одалечена од старата каде што живеевме 10 души во двоспратна куќа и ми фали таа галама таа миризба тоа смеење ми фали се од таму.Овде е се тивко нема многу слични работи од тоа што го имав порано освен тоа што овде слушам возови коли и автобуси.Така да без разлика дали сте на илјадници километри или не секогаш ќе ви недостига она што порано сте го имале.
На мојата 18 годишна сеста и недостига понекогаш, а исто така и на мојата 29 годишна сестра! И мене многу ми недостасуваат двете и одвај чекам да ги видам!
Не ми недостига старото место на живеење. Од сегашниот дом до стариот дом имам само минута одење пешки.
Баш денес ја отворив темава, 1год како сум преселена од кај моиве. Не е друг град, ама некогаш така ми се чини. На 4,5км ми е, ама ми фали населбата. Цел стан де. Посебно мојата соба, имам уште работи оставено. Фотељата во дневна кај што си пиев кафе... Ајде за една година и овој стан може ќе ми фали.