Дали ви недостига местото на живеење?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од blond, 16 декември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.682
    Насловот доволно кажува.

    Јас сум мажена далеку од (старото) дома.
    И проклето многу ми недостига старото место на живеење.
    Не дека овде не е убаво, едноставно таму се сите мои. Овде го имам само маж ми и неговите роднини.
    Сега сфаќам како им е на оние што се илјадници километри далеку од дома :| .
    Полека се навикнувам на оваа клима, народ, обичаи. Но пак ќе повторам, тешко ми е.

    Како ви е на вас што студирате, работите далеку од дома? На оние како мене, мажените далеку од родниот град?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Не.
    Иако како голема носталгичарка патев едно добри година-две поради преселбата.
    Исто беше и за првото, исто и за второто место, но дефинитивно не ми недостигаат.
    Да се вратам сега таму, би се мрднала.

    Мене Скопје ми е малечко и монотоно и гревно на моменти, камоли старото место на живеење...
    Ич бре.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Женски
    Ми недостигаше родното место првите две години кога почнав да учам во Битола средно, ама после ич.
    Па сега веќе трета година сум во Скопје и сеедно ми е, каде сум. :lol:
    Сакам на моменти, да дојдам дома, да се одморам од се’ и тоа го правам обавезно на секои два месеци.
    Тешко се привикнувам кон нова, ама кога ќе се навикнам сеедно ми ... :lol:
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    Иако често знам да речам колку е Велес тиње, мислам дека не би можела да живеам долго или засекогаш надвор од него. Сериозно, не гаам патриотски чувства за државата, ама за Велес некој ако ми рече нешто сум во состојба да чурам од нервоза и да се карам цел ден, па дури и да го замразам тој некој што изустил лошо :devil:
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    7.652
    Не ми недостига и нема причина зошто би ми недотигало.
     
  6. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Се е навика а за секоја навика има и одвика.Мене на почетокот кога се омажив многу ми беше кога се преселив нова куќа,нови луге се ново но со текот на времето се навикнав кога ке отидам кај мајка ми се чуствувам исто како и претходно па сега и воопшто немам некоја голема мака.
     
  7. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    280
    Со оглед на тоа што куферите се моите најверни другари се навикнав на тоа да сум далеку од родното место и од некои блиски,самиот живот ме направи таква да не се врзувам емотивно за ништо,порано уште на 15 години кога прв пат се одделив од дома ми беше ептен тешко плачев кога бев сама и ги броев деновите да се вратам дома,а сега веќе сфатив дека се е тоа дел од мојот живот,нема да имам корист ако копнеам да се вратам или залудно да паѓам во депресии и да се врзувам за луѓе и градови но еве признавам сега јавно најтешко ми е кога заминувам од дома и кога треба да се поздравам за крај со сите и затоа ги избегнувам таквите емотивни моменти и секогаш онака скришно исчезнувам без поздрав,па неможам аман :wasntme:
     
  8. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Женски
    Veke 3 godini sum mazena vo drug grad i nikako da se prilagodam... :( premnogu mi nedostiga rodnoto mesto. NE ZA DZABE REKLE-KAMENOT SI TEZI NA MESTOTO. Mislam deka nikogas nema da se adaptiram na zivotot tuka...a nekako i potsvesno ne sakam.Sekoja prilika ja koristam da si trknam do doma,i kolku sto se priblizuvam do doma,tolku srceto pocnuva da mi bie.Ke mi izleta od gradi.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Katalina ке ти се придужам и јас несакам да се уклопам кај мм а и во семејството исто.Незнам зошто но нешто ме тера кога сите јадат на пример јас да се отргнам од таму се чуствувам тогаш како да не припагам тука незнам зошто е тоа така ама тешко е.Бидејки сум со бебе и имам повеке обврски со него и немам време да размислувам за кај мајка ми а пред тоа додека се породев мислев дека ке умрам секоја вечер легнував и си плачев за дома.Незнам може да го немав детето сеуште ке беше тоа така.
     
  10. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    120
    Најмногу на свет ми фали Струмица веке 4 год. живеам во лјублјана но не е исто ми фали домот ми фали македонија и слободата што ја имав таму овде не е исто не можам да излезам надвор со другрками и на портата навечер д седиме до 3-4 неможам да сум со бабами, тетите сите што ги сакам од се најмногу ми фалаат другарките со нив порснав и не е фер што ми ги одзедоа кога не бев спремна многу пати сакам да им го кажам пва на родителите но немам доволно храброст сакам да им кажам дека иаку во мк немав се најскапо и најдобро бев среќна но тоа е тоа биде што биде...
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.028
    Да, понекогаш многу... куќата во старото маало, сега веќе едно од најурбанизираните населби, ама што фајде? Одамна не сум ја ни видела на изглед, а не ми е далеку, а камоли да влезам внатре... со оглед на фактот што најубавите 9 години од животот ги пројдов таму, мора да ја посетам уште еднаш пред да ја срамнат со земја и да ја претворат во урбанизирана зграда. :worried: Сакам назад...
     
  12. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Па не многу.
    Не чувствувам којзнае каква носталгија кон старото место на живеење. Брзо се навикнав на ова место каде што моментално живеам веќе година дена. Не ја сфатив преселбата толку трагично иако таму поминав скоро 18 години од мојот живот, таму израснав. Можеби е така затоа што сегашното место на живеење е само неколку километри одалечено од старото а и двете се во иста општина.
    Добро, неколку пати ми се има случено да сакам повторно да живеам таму, но тоа бргу ми поминува.
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Не, не и не. Понекогаш само ми е мака оти не можам секој ден да си бидам у својата соба, ама кога ќе размислам, би си заминала од овде и никогаш не би се вратила. Ќе преболам и соба и се. Не го сакам. Никогаш не сум го сакала. :)
     
  14. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    238
    Воопшто не, едвај чекав да завршам средно и да излезам од таму. Веќе 8 години сум во Скопје, прво факултет, сега работа и можам слободно да кажам дека враќањето “дома“ никогаш не сум го сметала како некаква опција. Јас сакам голем град, град што пулсира, што живее, град кајшто можам слободно да дишам. Град кајшто можам да излезам сама, без да мора да се поздравам со секој втор човек на улица, град кајшто можам да се “изгубам“ во толпата, да се почувствувам малечка и “безвредна“. Сакам град којшто ќе ми нуди алтернативи, култура, разновидност, анонимност. Град во којшто нема да мора да се правдам зошто сум тоа што сум, град во којшто нема да се чувствувам како “отпадник“ само затоа што сум поразлична и имам сопствено Јас.

    Ете така.
     
    На Ognenija и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Да, понекогаш. Во последно време се почесто. Дури и си се чудам.
     
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Јас сум одалечена 1километар од старото дома па едвај свикнувам овде на новото место.Се преселив во друга куќа како што напоменав е на 1километар одалечена од старата каде што живеевме 10 души во двоспратна куќа и ми фали таа галама таа миризба тоа смеење ми фали се од таму.Овде е се тивко нема многу слични работи од тоа што го имав порано освен тоа што овде слушам возови коли и автобуси.Така да без разлика дали сте на илјадници километри или не секогаш ќе ви недостига она што порано сте го имале. :(
     
  17. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    551
    На мојата 18 годишна сеста и недостига понекогаш, а исто така и на мојата 29 годишна сестра! И мене многу ми недостасуваат двете и одвај чекам да ги видам! :(
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.132
    Пол:
    Женски
    Не ми недостига старото место на живеење. Од сегашниот дом до стариот дом имам само минута одење пешки. :D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    104.045
    Пол:
    Женски
    Да, премногу.
     
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.001
    Пол:
    Женски
    Баш денес ја отворив темава, 1год како сум преселена од кај моиве. Не е друг град, ама некогаш така ми се чини. :(
    На 4,5км ми е, ама ми фали населбата.
    Цел стан де. Посебно мојата соба, имам уште работи оставено. Фотељата во дневна кај што си пиев кафе...
    Ајде за една година и овој стан може ќе ми фали. :wasntme: