Ми недостига премногу, секој ден, секој момент, дури и кога спијам. Не можам да опишам со зборови како се чувствувам кога ќе стапнам во мојот роден град, срцето ми бие ко лудо од радост,а со рацете ми доаѓа да го прегрнам целиот град
Ми недостига играњето тенис на Малта. У позадина море преубав поглед, а и терените не беа скапи да се изнајмат. И прошетките на кеј во Sliema, Buggiba и St. Julians.
Да, ми фали моето Скопјенце иако сум 20 год.скоро мажена во друг град, сеуште кога ќе отидам во Скопје се осеќам своја,сигурна...ми фали мирисот на автобусите, шетањето низ трговските, да си седнам на кеј и да си зјапам ,да одам пеш од железничка до Гоце, сладоледот од Бит пазар, симитот ми фали,чаршијата ми фали моите ми фалат,седенките до касните саати ми фалат.Тука немам никој..ни за добро ни за лошо...едвај чекам повторно да си живеам во Скопје
Искрено не ми фали, ама понекогаш кога се шетам навечер, ми мириса на деновите во основно и средно кога излегувавме во големо друштво и се дружевме на секое ќоше, па ме удира носталгија за градов.
Еден период ми фалеше многу, пред спиење мечтаев, ги шетав сите улици во сонот,се потсетував на мојата гимназија, местата каде се криевме да пушиме цигари, младоста... Денес скоро ништо не ми недостига, ниту мирис ниту улица, оладив...се сменив..
Јас останав во истиот град. Првата година бев на другиот крај од градот, па тоа драмење, носталгии, толку многу се ми фалеше, секој ден бев кај моите Не знам како ќе сум се приспособела во друг град, голем носталгичар сум за домот. На одмор кога одам последните денови веќе сакам дома.