1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Решив да ја отворам темава, бидејќи ова мене вчера ми се случи. Син ми, кој има 18 месеци, вчера првпат падна посериозно на глава од седмоседот во дневната. Обично слегува така што ги врти нозете надолу, ама вчера скокаше и падна, а јас не бев доволно близу да го задржам. Падна на главата и рацете, па се преврти на грб, како да прави салто напред, само не беше свиткан туку прав како штица.
    Ми се чини дека животов ми се скрати кога го видов тоа. Тој почна веднаш да плаче, штом го зедов во раце прво што сакав да проверам да не има модрици, џумки, нешто на вратот не дај Боже. Не плачеше долго време, скоро веднаш продолжи да скока како ништо да не било, само што ако го прашав дали го боли нешто, ја ставаше раката на главчето. Цела ноќ го проверував, еве денес нема некои особени промени во однесувањето, трча надвор како ништо да не било, јадеше нормално.

    Кога ќе падне бебето или детето, посебно ако притоа си ја удри главата, треба да обратиме внимание дали се присутни симптоми на потрес или повреда на мозокот. Треба да се следи:
    - дали веднаш ќе заплаче или не
    - дали ќе повраќа или не
    - дали станало поспано, млитаво, уморно и незаинтересирано или не
    - дали зениците реагираат нормално или не
    - дали спие многу или малку (зависно колку спие обично)
    - трпнење на рацете и нозете (ова само поголеми деца можат да ви кажат).

    Бебето/детето треба да се следи во рок од 24-48 часа. Ако се забележи некој од овие симптоми, препорачливо е што побрзо да се оди на лекар, за да се утврди дали има само потрес на мозокот или се работи за нешто посериозно.

    Во принцип, кај децата ретко се јавуваат посериозни последици од вакви паѓања, меѓутоа, не треба и тие паѓања да се занемарат. Некој рекол, ангели ги чуваат децата, и верувам дека има вистина во тоа.
    Јас сум свесна дека не можам детето да го чувам и заштитам од секој пад и удар, ама вчера толку ми беше лошо, имав грижа на совеста што не стигнав на време да го спречам да падне. Цела ноќ не спиев, го будев почесто, да видам дали лесно се буди или не, и така ќе продолжам и вечерва. Знам дека уште многу пати ќе паѓа, сепак е дете, трча наоколу, сака сè да види и да фати, нема уште поим за реалната опасност од некои работи.

    Дали вие имате искуство со вакво паѓање, дали вашите деца ви паднале некогаш?
     
    На Lolo5 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Не знам дали има дете што не паднало.
    Моите имаат паднато, само кога беа помали. Ќерката имаше околу 10-11 месеци, и падна од тросед, само не скокаше, туку седеше, и веројатно сакаше да стане, па се преврте и падна на глава. Плачеше, ама среќа немаше ништо сериозно.
    Синот искрено и не се сеќавам како падна, мислам дека беше од спална, на земја, на паркет, ама не беше нешто страшно. Второ дете, кој се сеќава :D

    И толку беше паѓањето како бебиња.
    Малата кога имаше околу 2 години цело време паѓаше, и тоа само на глава. На рамно успеваше да се сопне, и постојано беше со џумки на челото.

    Малиот не паѓаше толку, ама затоа еднаш кога го оставив на едни затворени и заштитени лизгалки, во Тинекс во Стар Аеродром, паднал, рече дека некое дете го бутнало, и му пукна коската на раката. Во моментот не ми изгледаше како нешто страшно, речиси и не плачеше, ама таков е, многу издржува болка. Дури вечерта кога се разбуди од спиење од болка сфатив колку е саат, и право во Градска на снимање и гипс.

    Паѓаат и ќе паѓаат, само да нема нешто посериозно. Многу ми е страв од сериозно паѓање. Имам едни роднини на кои детето како мало лошо им паднало, и од падот наводно дошло до некои оштетувања на мозокот.
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    За брат ми ќе пишувам. :)

    Не се сеќавам дали имаше годинка, ама се’ си мислам дека уште немаше. Го легнав на креветот и отидов да земам памперс да му го сменам, на 5 чекора стојат. Земам памперс и слушам едно трас, се вртам, го нема на креветот. А, он паднал меѓу креветот и масичката. За чудо не плачеше, најверојатно не е паднал на главата.
    Друг случај, не на мене, туку на братучетка ми и се случи. Брат ми беше доле и таа го земала да го каче кај нас. Не знам со кој памет и дозволила баба ми да го земе во раце, оти мала е, 10 години, а и плус он може сам да се качува по степениците. На терасата имаме врата, ја отворила вратата и не знам како и паднал брат ми. Слушнавме едно многу силно траас, кога направи, се исплашивме сите. Мајка ми излезе надвор, брат ми плаче, жив се дере, му течеше крв од носето и устата, забите, како од црево. Едвај некако му ја сопревме крвта, не даваше да го допреме. За среќа ништо не му беше, одма после го однесеа на доктор. Скоро беше ова, на 1ви април.
    Вака во двор, на игралиште, паѓа скоро секој ден, ама фала Богу ништо страшно не било.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Како да кажам...прв пат кога ќе падне нормално се потресуваш и се јадеш сама себе зошто не успеав да го фатам. Веќе на следно паѓање помалку паничиш а на трето веќе немаш гајле :$ . Не во буквална смисла на зборот дека не ти е гајле ама веќе знаеш да не паничиш толку затоа што колку ти паничиш толку повеќе и тие врескаат и плачат.
    Се сеќавам на 2 кобни паднувања кои нема никогаш да ги заборавам. Имало и други ама не толку многу страшни.
    Првото, имаше околу година дена и со свеки се спремаме да го прошетаме до чаршија и нешто да купиме. Го ставам во колица во ходник и ја викам оди стој тука јас само да земам ташна, клучеви и да обујам чевли. Не го врзав со сигурносни појаси. Тој нешто почна да вреска и таа ми вели ќе излеземе ќе те чекаме надвор до колата. Пред куќата има 2 степеника од мермет па праг и сега пази нејзина логика. Почнала да го спушта со се количката ама од обратна страна со нагиб накај скалите и детето се преврте, направи салто и се залепи за оној мермер. Секунда, работа. Јас во тој момент заклучувам врата и гледам и нема простор кога да реагирам. Оваа почна да се беси, труе (еве сега ми е :D смешно ама тогаш и не баш), дига паника, сите комшии дојдоа како да умрел некој недај боже. Прво што ми падна на памет, гледам на лицето дали има крв или нешто слично. За среќа немаше ништо, ниту модринка ниту гребнат нешто. Го смирив некако.
    Втор пат, имавме гости и тој скока на гарнитурата и се плесна со челото во мала масичка која е од стакло дебело 2 цм (успеа ивицата да ја оштети малку). Среќа што ивиците се заоблени и нема прави агли масичката инаку ќе се расечеше жив. Почна да расне џумка како пеќурка и му ставав лед така едно саат време. Се повлече и имаше многу мала модринка.....

    Кога и да падне (недај Боже) тие повеќе се уплашат него што ги боли (освен моменталната болка и ако не е нешто навистина сериозно), затоа што мислам дека реагираат рефлексно. Од тој страв, носам крстена вода :$ го мијам и терам да пине. Немора крстена, може и обична во која има малку шеќерче чисто онака да го смири.
    И да имаш 100 очи отворени ете понекогаш се случи тоа што се случи. Колку и да кажеш ,,немој ќе паднеш,, не те слуша се додека не направи беља и осети на своја кожичка.
    Таква битка водевме и со нож. Кажувај му ,,не, сече, тече крв, боли,,..... се додека еднаш сам не се беше боцнал малку и му потече крв и од тогаш не пипна нож. Еве и сега, има 5 год. ама нож никако во раце.
    Се се` тоа некои си фази до 3 год. кога ја испитуваат околината и распознаваат. До таа возраст се кали и она чувство за страв и опасност. Наше е да ги опоменуваме а тие да раснат :P .
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш викам дека Господ ги чува децата .Син ми спиеше ,а и сеуште спие многу немирно и до 1 година да не претерам ама еднаш неделно обавезно паѓаше од кревет на паркет и првите неколку пати се вадев од памет кога ќе го слушнев како плаче ,а подоцна изгледа се навикнав :) Ставив душек на местото каде паѓаше и многупати не се ни будеше кога ќе падне :D ама јас ќе приметев дека го нема и го враќав .Прв пат ми падна на некои 6 месеци и тоа од плакарчето за преповивање и тогаш дигнав невидена паника,па откако го прегледа педијатарот ,ме седна мене и ми одржа една лекција отприлика вака Нормално е децата да паднат ,има деца кои повеќе паѓаат ,а има и деца кои воопшто не паѓаат. Паниката во тој момент воопшто не е потребна.Најпрво треба да видиш дали веднаш или евентуално по 2-3 секунди ќе заплаче (ова имало врска со губење на здивот),потоа ќе го провериш дали од некаде тече крв ако нема продолжуваш понатаму и нежно му ги допираш рачињата и ноџињата за да видиш дали нешто е чудно кај нив (скршеница,исчашување) и полека му ги виткаш за да се проверат зглобовите.Ако нема ништо го пратиш во наредните неколку часа дали случајно ќе поврати и му го следиш погледот.Ако и тука се е во ред после 5-6 часа си седнуваш да си се исплачеш ,за да ти олесни ,а и да го исфрлиш стресот .Потоа стануваш и ја забораваш целава случка и продолжуваш понатаму ;)
    Инаку и ќеркичкава до сега има паднато еднаш од кребет во спиење,ама па јас поучена од бато уште од првиот ден си го ставив помошното душече :D
     
    На LadyC, DeMelo, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Сношти ми падна, спиевме заедно на спална затоа што имаше малку температура па да бидам до него (посугурна сум така) , и едно време слушнав трассс погледнав до мене го немаше па знаев дека е некаде покрај креветот . За чудо воопшто не се разбуди дури и слатко си спиеше. го кренав до мене и се почувствував многу неубаво незнам зошто, не ми паѓа прв пат , ама криво ми беше што го зедов до мене за да бидам будна и да му следам температурата, а јас дозволив дури и да ми падне, и да не сетам дека не мирно спие. :( :( :(
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случено да ми падне ќерка ми. Ова се некои од за мене потрагични паѓања.

    Кога имаше неполни 2 год. навечер многу течности пиеше и пелената и` прокиснуваше, па морав да станувам ноќе да ја пресоблекувам.
    Една вечер (рано утро, накај 3-4 ч.) ја извадив од креветче и ја ставив на спалната, ја соблеков и само потстанав да земам пелена и детево за секунда ми падна доле од кревет :o Ни сама не знам како успеа да ми падне кога бев на еден чекор од неа :?: заплака , ја кренав, запалив светло и почнав да ја прегледувам дали има некаква џумка, ја пипкав дали некаде ја боли, потоа си заспа и утредента немаше ништо на главчето ниту на телцето, очигледно не се удрила силно.
    Битно јас и мм се преплашивме и од тогаш многу повеќе внимавав пак да не ми падне при пресоблекување.

    Кога имаше три годинки, седеше на пластично столче, тоа и` се лизна некако и со устата т.е. со забите се лупна од ивицата на масичката, и` течеше крв, запчето го поткрши и остана лузна на масата (дрвена е). Тогаш ми застана здивот и мислев дека детево остана сакато, боже прости ми. :x Среќа заздраве усната и сега ништо нема, и` се сменија млечните запчиња.

    Неколку пати има паднато и на улица, на прав пат, ќе трча, јас ќе викам- не трчај, ќе паднеш :!: , ама џабе, ќе се заринка така убаво, не само колената што ќе ги одере туку и носот и устата ги има раскрварено или изгребано. Ај што ќе падне и ќе се испоизгребе, ама не дава да ја пипнем и да ја измијам, ниту пак да ја намачкам со било што (кантарион, бивацин спреј, се` имаме по дома, бетер од аптека сме :lol: ).

    Деца, паѓаат и ќе паѓаат, очекувам уште падови да имаме и кога ќе почне да вози точак без помошни тркала, само Господ нека ги чува.

    Малиов сега за сега не ми паднал, се надевам дека нема да падне барем додека е бебе.
     
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Нашата паѓачка историја е сеуште пред нас но ќе кажам за досегашното искуство.
    Единственото салто паѓање ни беше пред месец дена и да е потрагично и јас и маж ми бевме со неа. Он да измиел раце, јас во ходник а бебето на гарнитура. Најверојатно и паднала некоја играчка и сакајќи да ја земе се струполи напред наглавачки. Плачеше минута две повеќе од што беше уплашена а ние двојно повеќе од неа. Ја проверив рачиња, нозе, глава се беше ок.
    А најнов хит и е кога седи да се удира во тоа што е позади неа. Ај кога е седната на гарнитура позади неа е меко и не е страшно но сепак ја карам да не прави така, но истото го прави и во столчето за ранење ама знае дека боли па понежно се удира. Ама затоа сабајле беше седната на кревет со перници позади грб но не доволно високи и со истата тактита се мавна во ѕид. Силно се удри мене срце ме заболе, среќа нема џумка на главата но не знам како да ја одвикнам од глупавава навика?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Не и` обрнувај внимание, и сама ќе престани. Претпоставувам дека на секое нејзино такво движење, ти и` викаш Не!, па и` е интересно :) И мојата така правеше, искрено ја оставив да се удри 2-3 пати (на нешто не многу јако) и не реагирав никако, исто ко да не направила ништо. Ако ја здоболеше малце повеќе, ќе ме гледаше во очи и ќе закемкаше, ама онака намерно :D и јас само и` велев: „Ако бе мама, ти сакаш така да си играш....ако не те боли - продолжи“ и одма се откажуваше :D

    Офтопик - оваа тактика ја користам и за се` друго - утврдив дека кај мојава нема резон да и` викам Не цело време, па само и` укажувам што може да и` се случи ако направи тоа што наумила и се тргам на страна. Кај ќерками има дааааааааааалеку поголем ефект отколку цело време да трчам по неа и да и` викам „Не!“ „Не тука, не таму!“....ќе падни неколку пати, не дека не (затоа сме ние возрасни и треба да пресметаме кога нема да се повреди), ама детето ми стана поодговорно за себе и своите постапки, пошто знае дека за секоја нејзина акција ќе сноси последица. Сега добро, има моменти кога ова не се применува (како брцање во штеќер, рингла), ама со ова расчистивме многу рано и баш беше послушна (за наша среќа) :)

    На темава: Има паѓано, не дека не, и плачела, и модрици и искачале, само ништо со пострашни последици ПУ ПУ. Еднаш на 9 месеци ми падна од креветче (кој знае како успеала да се префрли) и едно 5-6 дена ја влечкаше десната нога. Тогаш ја однесовме на ортопед, кој утврди дека не ја боли и нема никакви последици, туку и` е страв од падот (најверојатно на таа нога паднала) и дека само од себе ќе помине, што и навистина се случи.
    Обавезно дома да имате маргарин, и веднаш после падот да го намачкате местото. Никаква џумка ни модрица нема да се појави, ПРОВЕРЕНО. :nod:
     
    На Sweetheart87 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  10. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Моево има скоро 5 години и нема ден а да не падне. Секојдневие ми стана и почнав дури и да не обраќам внимание ако не е нешто посериозно. Таков е незнае да оди само трча, ама и не очекувам ништо друго кога и јас и татко му сме биле такви кога сме биле мали. Првото посериозно паѓање ни беше кога имаше десет месеци. Бевме кај моите на гости, мајка ми ја отвори вратата само да заме нешто овој искористи секунда и со дубакот се спушти по скали. Дома бевме четворица и сите го гледавме него ама секунда е во прашање воопшто не ни приметивме кога излезе. После тоа плачење, вриштење лицето цело му беше изгребано и крваво тоа беше хорор. За белјата да е поголема беше неработен ден па моравме да одиме на брза помош да ни дадат упат за на хирургија да му го исчистат лицето и да го прегледаат. Сега нема ни лузна ни ништо фала му на Господ се добро се заврши.
    Второто лошо паѓање го имавме пролетва кога падна дирекно се главата на ивичњак од тротоар. Во моментот му порасна џумка и неможевме да го смириме не оставаше со ништо да го намачкаме. Стававме фластери “за помалку да го боли“. И пак памет не му доаѓа и за рака да го држиш пак ке падне и ке се удри.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.882
    Допаѓања:
    102.916
    Пол:
    Женски
    Мене ќерка ми ми има паднато 2 пати посериозно , од кревет и тоа скокајки се занесе и падна а јас не бев близу а вториот пат кога спиевме значи сабајле беше 4 часот , она спиеше до мене се вртела во сон , а јас по обичај ставам перници до неа ама овој пат си реков ајде до неа сум и баш тогаш ми падна ;( и тоа кај нас се е плочка на глава падна се слушна трасс и почна многу да плаче се извадив од памет , цела нок потоа ја контролирав фала Богу немаше никакви проблеми , тоа е со мали деца така растат само да не е нешто сериозно нели.. ;)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Овој мојов денес се плеснал на бетон во школски двор... и тоа клечел, играле некоја игра и сите биле клекнати, а како паднал ни него не му е јасно а ни мене! Цело лице му е одрано, од чело до уста, од едната страна!

    Што да ставам да не му остане лузна? Само кантарион? Мислев ден-два герамицин, па после кантарион. Не е многу длабока повредата, ама него му оставуваат лузни, веќе има 2-3 на лицето, а оваа е стварно голерма, преку цело лице.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.178
    Допаѓања:
    235.059
    Ариел кога ќе зарасне раната, ставај му контратубекс.
    Ја има низ аптеките околу 400 денари е, ама помага за лузни.
    Но битно е да се користи веднаш откако раната ќе се излупи за да има подобри резултати.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Кантарионот помага побрзо да зарасне раната ама и побрзо се лупи и се прави лузна. Јас користев домашен мелем со восок и така нема лузна. Можеш да го мачкаш со бетадин па откога ке се излупи со контратубекс, ама кантарион не би ти препорачала. Или најсигурно оди во аптека и види што ке ти понудат тие сигурно знаат повеќе од нас.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски

    Кантарионот мислам дека не се става на отворена рана, одкога ке се излупи може. :)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Во аптека ми препорачаа кантарионово масло, а знам дека и порано се користело тоа, макар што јас никогаш не сум го користела.
    До денес го мачкав со гентамицин, да не му загнои, ама од денес сакав да почнам со друго. Мислев да го мачкам со кантарион додека се уште не му е излупена лузната, па окткако ќе му се излупи да продолжам со контратубекс, ама сега маклу се колебам поради ова што ми го кажувате за кантарионот. Ќе прогуглам, а може и ќе и се јавам на матичната лекарка, па ако разберам нешто, ќе ви пишам.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    Па ако се препорачува кантарион при изгореници да не остане лузна, веројатно може и за рани, што знам?

    Мене уште ме држи стравот од паѓањето на малиот некни... имаше мала џумка, под косата (се удри во делот на предната фонтанела - затворена му е веќе), ја опипав подоцна, сега е веќе повлечена. Детево нормално се однесува, ама јас уште го мислам. Психа сум некогаш, знам :$
    Вчера ми се заглави во столчето за хранење. Е па кога не седи мирен, пластиките на каишите за врзување се скршени, тргнав очите да видам колку е саат, и тој бап, отиде надолу во дупката што е меѓу потпирачот за нозе и седиштето :tmi: а бе секунда! Среќа, одма го извадив, јас си знам како, ама не престанав да се тресам уште добар пола час.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ја како мала колку многу имам паѓано , бог да чува моиве.Еднаш на 7 месеци со мајка ми на едни скали ама ме задржила у вис, ама нај-трагично било кога тетка ми паднала врз мене. Ме носеле на контрола и на мене паднала а јас малецка околу 8-9 месеци, среќа после ме виделе на лекар и ништо не ми било :D :whew: :whew: :whew:
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Сега ми е смешно ама и јас бев таква како тебе. Кога прв пат го ставив во дубак. Целата јас хепи леле детето трча и едно бааап на фиока од кујна :tmi: . Го зедов го смирив и ништо. Утредента пак го ставам, го обрна целиот дубак наопаку. Ја пак жива потресена :) . Трет ден :!: упорна јас, пак го ставам, при превртување успеав да го задржам и од тогаш фрлив дубак на поткровје и веќе не го ставив.
    А со столчето, се додека на два пати не ми собра чинии од маса да ги скрши, и тоа успешно качив на поткровје и веќе не го седнав. А толку сакав да седи за да ме остави на мира јас да јадам. Одев на техника прво тој јадење, па на под намести му и седи си на раат.
    Такви се некои деца, радознали и темпераментни.
     
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Баба ми со мене во раце по скали паднала, ама среќа ништо не ми било, и мајка ми исто дури била трудна во 9ти месец паднала по скали. Не знам зошто ми била таква среќата :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.