И ние имавме слична случка. Наместо да седне на еден стол тој падна меѓу двата стола. Главата си ја тресна од маса, и јас како тебе мислев летнаа забите ама помина само со модринка на образот. Ставивме мраз, сега спие. Од вакви работи животот ми се скратува за 10 години. Деца се, нормално е, ама мајка пуста душа боли. Со помин нека е!
Незнам дали станува збор за исто, на вратот, некаде во насока каде што завршува увото...такво јас приметив кај ќерка ми уште кога беше 2,5 месеци и многу се исплашив, меѓутоа докторката рече дека тоа е нормално, станува збор за жлезди, бидејќи кожата им е сеуште многу тенка и се осеќа, кај некои повеќе, кај некои помалку..Со тек на време, како што ќе растат, ќе се дебелеат, се помалку ќе се осека тоа.. Загрижувачки е ако тоа расте, инаку вака, демек е нормално.. Сепак, прашај си и доктор, нека го види..
Сега го заспивав син ми и на допир осетив мало поткожно топче кое како да бега на допир на задниот дел од вратот десно под тилот, се плашам да не е последица од падот утре го носам на лекар ама во меѓувреме ако некој има искуство да сподели дали може да е ова во прашање Утре ќе го однесам ако треба и главчето нека му го снимаат немам мир само го допирам по главата се ми се гледа како отечено набабрено ке полудам
И ќерка ми има такво поодмна, 1,5г.е сега. Мајка ми вика жлезда е така да не се секирам, мислам не би требало ни ти...
Ете и јас да се пријавам во темава, малиот (7 месеци) ми падна од спална, животот ми се скрати, успеа да го помести креветчето и измеѓу падна -а спалната ни е од оние душек над душек, плачеше едно 5-10 мин. Го однесов на педијатар рече не е страшно-сите деца паѓаат. Ама сега дома триста дијагнози му дадоа, зашо не го снимале на ренген може има скршеница, може е набиен па така ќе му зарасне па ќе кривел цел живот, дури и тумур на постари години можел да добие. Значи ќе скренам, как жива ќе се изедам па и нивниве дијагнози да ги слушам. Беба си е најнормална сега, се смее, гуга, игра, не повраќа, нема ни џимка ни модрица.. ама мене совеста не ми е мирна
Обично кога паѓа мојава,по неколку часа ја проверувам по нозе и раце Ја масирам или некои вежби за да видам да не заплаче и слично Ако не реагира нема ништо На луѓето околу тебе не им има паднато никогаш дете па морало да се коментира Не се замарај,чим си е дете весело,не повраќа,не е поспано нема место за паника
И јас истото го правам, го масирам да видаж дали ќе плаче, нема реакција... Свекрва ми е совршена, и немаат паднато децата, така вели. Како и да е стресот е голем, фала многу
Прв пат слушам дека некому не паднало дете Нема везе,ти си мајка и ке видиш како ке се понаша дете Чим нема никаква реакција опушти се и не замарај се со кој што рекол
Мамички денес ми се случи несреќа.Мојава душичка која има три месеци ми падна од креветот.Ја оставив да си прета со нозете и ја ставив на сред кревет отидов до вц и наеднаш писна силно кога истрчав ја видов на земја, досега се немаше свртувано леле не ми се верува како падна.Плачеше кога ја зедов се смири.Ја гушнав и потоа ја прегледав да не има црвенило или повреда.Ми беше поклопена на земјата кога ја најдов.Креветот не е висок а падната е на тепих.Е сега си гугаше отпосле се смееше си ги мрда и рацете и нозете ја бањав си се радуваше, си цица нормално и си спиеше но јас неможам да се смирам многу сум потресена зошто падна, се олашам да не е повредена нешто...охх толку ми е мака мајки.што мислите да ја носам ли на лекар дали ќе има некои последици од ова
Ако бебето не повраќа, не е поспано, не реагира на некои допири со плачење, не се грижи. Не би требало да има проблеми, бебињата се поиздржливи и поеластични отколку што мислиме ние. На сите ни се случило ова, сите сме паничеле, и нормално е. Мислам дека нема потреба да ја носиш на лекар. Смири се, оти нервозата и бебето ја осеќа, ако имаш потреба, напиј се барем бедоксин (појако не можам да ти препорачам, бидејќи доиш).
Нема да има последици и нема да е ни последен пат, не се секирај мамичка ехеее колку ке паѓаат, само да не е страшно Чим била весела, радосна, нема гајле. Само чим почнала да се врти, околу перници ставај и нема да се секираш многу...
Мајки во саботата малата ми падна во туш кабината, се лизна и падна на грб и ја удри главата поплачи малце и поврати еднаш, уф животов ми се скрати. после тоа одмаа си беше весела си јадеше си играше најнормално, нема место за паника или ? еве два три дена поминаја нема ништо.
Ако повратила требало одма на лекар да ја однесеш да ја снимат главата или барем општ преглед лекар да направи Повраќање е еден од првите симптоми при потрес на мозок
И ние да се пријавиме, денес наеднаш многу поврати после јадење и одеднаш се слизнавме врз повратеното, мислам дека досега нема повратено толку количински. Бидејќи ми беше во раце мислам дека го ублажив падот ама во тие 2-3 секунди не се ни секавам како беше само знам дека паднавме со главата долу таа се удри од едната страна на челото на лајсната на ламинатот. Мислам дека не удри попатно и во ѕидот иако неможам да сум 100% сигурна зошто како што кажав наеднаш се случи. Таа почна да плаче по неколку секунди и во наредниот пола час па и повеќе да биде плачлива и вознемирена ама се смируваше. Освен како гребнатинка на челото други видливи знаци за пагањето нема. Не беше спиена скоро цел ден т.е во последните 5 часа што за неа која има 8 месеци е премногу од вообичаено. Тоа отежнува да знаеме дали е поспана за сон или е невообичаено поспана бидејќи претходно и се спиеше ама не се успа. После падот цицаше два пати по малку и беше како поспана па ја расонивме за да видиме како ќе реагира зошто нели тоа треба да се следи и освен што беше малку малаксана се однесуваше нормално, преташе со нозете и рацете си играше и слични работи што ги прави вообичаено. Прашањето е дали мислите дека не и е ништо со оглед на тоа што се однесува нормално и зошто е малку омалаксана дали дека поврати многу претходно значи поврати пред падот после тоа нема повратено.И малку невообичаено е што многу и се спиеше ама тоа може да е и од што е уморна дека не спиеше долго време. Ама да напоменам дека откако ја расонивме после па тешко се успа што ми даде надеж дека не и е ништо.(ама сепак неможам да бидам мирна) Многу се исплашив докторката рече дека и изгледа како да е ок и да се буди на неколку часа за секој случај ама ве молам некој со слично искуство ако има или некој поупатен во тие работи да ми каже мислење колку што можев подетално објаснив.
@LejdiD прати до утре како ќе биде, макар што мислам се ќе е во ред. Не паднала од високо, и си го ублажила ти падот како што разбрав. Треба да внимаваш да не повраќа како што кажа, да не ти е нешто невообичаено, нормално да се однесува. Моето имаше силен удар во челото исто, се лизна и дирекно во стаклото од маса, дури првите секунди имаше вдлабнатина и за среќа немаше ништо.
Еве денес цел ден беше во ред нормално се однесуваше само еднаш кога и сменив облога малку заплака ко да ја здоболе и ставам онакви облоги за разладување како лепенки што се местото и е црвено ама мислам дека нема да и биде ништо само незнам до кога ке и биде црвено инаку поврати два пати по многу малку што често и се случува некое време после јадење мислам дека нема врска тоа и весела си е и се. А твоето колкаво било кога паднало така? И дали некој знае за црвенилото за колку време поминува и дали треба нешто друго да и ставам или не мора да се става ништо?
@LejdiD поголем беше мојот ко се удри, година и пол, ама не му беше прв пат. Многу пати на главче се удира. Извади ги лепенките и тие знаат да иритираат, јас на бутче еднаш му ставив и црвенило имаше неколку дена. Моето имаше модрица на чело неколку дена.
Мојот е 10 месеци и во 10 паднал у најмала рака 10 пати главеечки од кревет, и на под у обид за станување секој ден знае да се потчукне. Не можам да го следам ако веруваш колку е брз и непредвидлив. Мојот ортопед ми кажа да не се секирам и дека е нормално да паѓа дете, ми објасни за некоја обвивка околу мозокот која децата ја имаат и дека штити од повреди истата . Секое негово паѓање ми се сечат нозете и се тресам, но фала богу досега не било нешто сериозно а задњи пат тресна пред околу 2 недели и со жмучка се шеташе на челцето. Толку мн плачеше што јас со него плачев, ама се е секунда... Не се секирај, не е страшно чим си функционира нормално.
На местото стави маргарин или лабело, ова по совет на матичната..рече не ме прашувај зошто, незнам, но помага.. Имам и од други слушано за маргаринот..