Иста случка имавме кога беше околу 9 месеци . Мини срцев удар доживеав . Не им е ништо , нема бебе што не паднало . Следи само да не поврати . Одкако почна да оди имаше далеку пострашни паѓања ама деца се мора да паѓаат
Епа нема ништо. И јас си мислев дека никогаш нема да дозволам бебето да ми падни, ама ете падна. И после за да е уште полошо 2 недели ја гледавме со огромен оток на главчето. ама помина
Охх син ми колку има паѓано од спална.. Еднаш кога сум заспала он се разбудил и оп паднал. Втор пат пред маж ми па во Истанбул ми падна.. Фала му на Господ ништо не му е Од кога почна да се влече и сам да станува секојдневно паѓа на газНимогаш ниту ми повратил ниту необично се понашал цело време го следев. Премногу живо дете е
Бебе од ко почна да лази незнам ни ја колку пати има паднато од кревет. Среќа креветот не е мн висок и не е паднал лошо до сега ама едно активно шо е нема запирање. Е сега веќе се научи од каде се паѓа и дојдр до крајот па ќе се врати назад. Само едино шо не науи до сега е колку и да ја удира главата од ѕид не се поместува ѕидот. Па уште си вежба он ќе тропне и ќе почне да се смее
Дојдов во клубот. Како дозволив да ми падне!? Жива се јадам. За 2 секунди. Си игравме се смеевме и ми поврати во лет, јас домаќинката да избришам подот, махинално ја стаив на кревет за да соберам. За 2 секунди се најде доле. Не можам да најдам кај се удрила, плачеше она, плачев ја. Она престана, јас уште плачев и ја бацував, одма почна да се смее и да гуга. Брзо престана да плаче. Си игра со играчките, ги прати, се врти, се превртува. Не знам дали да ја посматрам и дали да и дадам да спие, сега и е време за спиење?
Нема крв, не повраќа тоа е добро. Нас докторката ји кажа кога ќе падне, се по ред да си правиме, освен нели ако има крв и повраќа, да спие ама да и ја проверуваш. Пример пипни ни ја дали ќе изреагира. Не е страшно мајка. Колку време помина, 2 часа обично треба следење.
Па главчето не и беше на земја. И беше како потпрено. Падна во аголот од аголна гарнитура. Нема ни црвенило, а се вцрвенува обично и од играчка ко ќе се удри. Плачеше и се смири и си играше, Ја успав сега. Пројде 1ч. Реагира на звуци, се подмрднува.
Опушти се... ќе биде добро. Сара ми падна прв пат(од кревет) на 15 месеци. Ама ич не се потресов. Колку ќе паѓаат тек.
Ја носев на една рака и на излегување од собата ја удрив во вратата со главчето малку. Гледам како малку зацрвенета да и е кожичката, ама не сум сигурна дела е од тоа, само малку ми закинка, не плачеше, се исплаши дека беше заспала во мене. Еве ја сега весела, се смешка...Дали од таков удар може нешто да се случи? Не беше силен, но се слушна...Преплашена сум
Да ви се приклучам и јас. Грозна мајка сум ќерка ми на 6+ месеци денес прв пат ми падна од спална за секунда додека барав во шкафот капче за да ја спремам за излегување таа долу се најде но не плачеше. Јас од паника вреснав кога ја видов долу и го исплашив детето,се расплака слушајќи ме а по неа и јас. Хаос беше. Среќа мајка ми беше на гости па не смируваше двете. По падот си беше весела,гугаше,се смееше и по три часа заспа. Ве читам пишувате дека не било добро ако не плаче,мојава не заплака по падот туку откако ми го слушна гласот. Има и рогче. Ме гризе совеста како не успеав да ја спречам,како сум дозволила да падне. Никогаш повеќе нема да и го свртам грбот ниту пак да врескам пред неа,ја исплашив . Незнам како ќе заспијам вечер
@Mama993 не си грозна мајка, на сите ни се случило. И мене на таа возраст ми падна од кревет прв пат. Нема врска што не заплачила веднаш, може се исплаши или се изненади од падот. Ако е се нормално, не поврати, нормално се однесува, не се грижи. Најчесто нема ништо, само прати до утре и се ќе е во ред.
Majka ne se trevozi kolku ima da dopaga tek koga ke proodi pa ke pocne da izveduva eheee. Moevo sekoj den ne preteruvam ama ima po edna nova modrinka so bese toa nesto da ne se zastanuvalo edino dobro vo seto toa e sto ne place kaj i da se cukne se isprava i se kara a cat pat znae i da go natepa. Taka da ne mu se sekiraj doprva sleduva zabavata
Ја однесов утрово рано рано на преглед кај педијатар ми беше срам да кажам што се случило ја прегледа и супер си е нема ништо Среќа што постои форумов,барем знам дека не сум единствена, се случува ете
Да знаеш мојата какви паѓања имала на глава...Од метар висина директно на тил,пукната аркада од ивица,распукана уста исто од ивица,паѓање на мермер директно со заден дел ,изместување на раката 3 пати...ехеееее ...па еве ја 4 и пол годинки има,здрава права е. И тоа сите паѓања и биле кога сум ја пазела максимално.Ама ете жив човек се дешава де
Тројца возрасни дома и дете пред нос ни паѓа. Последно си раскрвари устата, се акна директно на ивица од маса. Дур се свестив крвта престана. Ехеее колку тек ќе паѓаат. Мојава дур не прооде не падна. Ама сега наплаќа и те како. Ич не паничам за паѓање... И лицето си го има одрано надвор, колениците на не зборам. Ама сите така растат.
Ако кажам колку пати има паднато за овие 13 месеци, најнемајка ќе ме направите. Прво паѓање и беше на неполни 4 месеци, ама за тоа виновен е татко и. Си спиеше на тоа уво дека детето не знае уште да се врти, ама го изненадила и се свртела на меше и тресна од гарнитура на земја. Јас се бањав во тој момент, па излегов гола со сапуница, ме свика, и си плачевме и двајцата со неа и цела ноќ потоа не спиевме Понатака веќе се' e историја, се навикнавме . Последново паѓање додуша, од пред некој ден, ми беше ептен трауматично, уште се собирам од случката. Падна при скокање врз мене, ги удри предните запчиња, имаше и крв поприлично Реков готово, искрши заб, а од крвта не можев да видам дали и се на место. Многу се потресов, животов ми се скрати, па и како вриштеше Фала Богу се' е ок. Инаку, кога ќе падне или ќе ја удри главата веќе не ни реагирам, а ни она не плаче веќе . Не мирува мојава, ровари по цел ден и неизбежно е, мада после ова со забиве сум многу попретпазлива.
Леле Господ да ни ги чува децава,го пијам веќе четвртото кафе од сабајле цела вечер не спиев како пијана сум . Еве и за вас кафенце