Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Majki da spodelam ako mozete snabdete si se so kremata solcoseryl se macka na otvoreni rani. A za periodi koga se rasecuvaat so zbacinjata e i te kako korisna brzo go zazdravuva mestoto. Pisam od iskustvo :)
     
    На Milaаа991, minneymouse82, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Искра 90Ј

    Искра 90Ј Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2018
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    168
    Мајки 6 месеци сме, за момент го оставив на гарнитура, се сврте на меше и се одрола на земја на глава. Плачеше премногу сега е смирен гледа цртани си седи се радува. Јас сум за хелекс. Што да правам да го следам?
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Следи го. Чим плачел добро е.
    Чим не повраќа треба да е ок.
    Надворешно има ли нешто?
    Ти смири се. Допрва ќе паѓаат ехее.
     
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Ако одма заплакал не е страшно. Ке паѓаат, паѓаат... Мојава вчера батко и од гарнитура ја бутна, падна директ на главата.... (16м е,), толку тропна што до доле се слушнало и свекрва ми со трчање дојде, плачеше ептен ама се смири, не поврати, немаше некоја голема тумба/жмучка. Баш сум пишала во темава и мојата сефте на точно 6м падна прв пат... а од тогаш до сега, мн пати падна (facepalm)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Се скина џамперот на врата сосе малиот во него (лудило се скина како со нож некој да пресекол), го кренав, плачеше минутка, гледам го лупнал главчето кај челото, гребнато и потечено малку па смрзнат грашок во крпче држев ама само некоја минута издржа малиов без да се буни. Еве после 3 саати, ок е, и дремна и јадеше ужинка, сега си патка низ дворче со баба, ама модрица има на тиквата, да ја третирам некако? Хепатромбин смее на дете? Или да оставам.

    Уше ова му фалеше, како што беше шашав или од заби што нејќат да пробијат или од ММР реакција.
     
  6. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    Не би требало да е страшно, ако шета, јаде, гестикулира. Ако поврати, трк на лекар. ;)
    Јас баПски третирам: кога ќе се лупне, веднаш ставам путер или маргарин на местото - за да не излезело модрица. Понекогаш излегува де, ама брзо поминува. :) ваљда нема врска, ама психата моја е подмирена. :tmi:
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    112.853
    Пол:
    Женски
    И јас ставам маргарин :$
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Добар си е сега за сега, туку сега обележан со модрица ќе шета некое време.
    Јас пак немав појма за ова со маргарин. :D За друг пат да си знам. Свекрва ми сакаше лепче со ц.вино и викам ај да те видам колку ќе седи мирен така да му држиш, паааа...некои 30секунди беа. :rofl:
     
    На Coco31 и Leo_29 им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    36.295
    Пол:
    Женски
    Леле како се скина? Се скина или се откачи? Има гаранција? Каков е тој џампер што се скинал?

    Ќе биде ок. Ако му е прво паѓање на здравје да му е. Јас на првото го кренав од доле и низ врата на педијатар. Се бањав и страшна бев за гледање ама многу испаничив.
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Не му е прво, затоа не се испаничив, на првото паѓање бев хаос.
    А ова се скина апла каишката, па баш како исечено мислиш, линија. Користен е од друго бепче претходно, розево хаха, ама не е ни 2 години стар, у супер состојба беше, еве ист ваков:
    10782v.jpg
    Ептен си го сакаше, повеќе за љуљање му беше сега периодов, баш викав доста е да го пакувам, ете во ѓубре го спакував.

    Битно малиов ок е досега.
     
    На Coco31, Leo_29 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    На Благој Ѓорев во коцка или обичен?
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    112.853
    Пол:
    Женски
    Дијамант ;)
     
    На DuchessAnn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас знам за модрици бабин лек - џвакано лепче.
    Ама немам искуство.
    И нешто со кромид имаше.
     
  14. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Od Kade ja kupi? Ja ima vo Makedonija? Edno vreme ja nemase
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    112.853
    Пол:
    Женски
    Ја нема во Македонија.
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Seuste ja nema ja naracav na internet vo avstrija
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    А маста е многу ефикасна, штета што веќе ја нема кај нас, не знам зошто веќе алкалоид не ја произведува
     
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Сте имале искуство со потрес на мозок кај дете?
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Многу се исплашив. Не беше паѓање ама мислам темава е најсоодветна да прашам. Го држев во раце потпрен на мене со лицето на градите мои легнат. И наеднаш почна да мрда и во секунда ми летна на назад со грбчето и главата. Успеав да го фатам ама така ми отиде на назад до некои 40 степени. Почна да плака, се исплаши многу и со гушкање се смири бргу и толку. Ама мене сега многу ми е страв дали има шанси да го повредивме вратчето. Сега се врти на сите страни, не покажува знаци на болка. Има 5 месеци и самстојо го држи вратот.
    Ама јас ко мајка не можам да си простам како успеа вака да ми се “лизне”, а во раце ми беше :( и се плашам да не му биде нешто подоцна
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Истото ми се има случено и имав пишувано по темиве тогаш... го држев во раце и се качував по скали, нешто ја пуштив едната рака која му го држеше грбот и цел се прекрши наназад, дури и му крцна грбчето (facepalm) Тоа беше пред 3ипол год, после многу пазев... не би требало да му е ништо, чим е ок и сега, ама пази.. опасни се маливе...
     
    На gjoker4e, TeddyGrey и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.