Ми падна од гарнитура беба моја. Како ни јас не знам. Буквално стоев до неа. Најчесто е доле, ама за пресоблакање и за галење ја качувам. Само слушнав тапо туп и гледам бебе доле. Колена ми се пресекоа, којзнае како сум изгледала, бидејќи кога ја кренав почна да плаче. Не плачеше многу, можеби една минута. Ја прегледав цела, ништо не ја боли. Излеговме на шетање после тоа, добра беше, не беше поспана, си ги гледаше дрвцата. Ја избањавме, цицна и одма заспа. Дури и пребрзо за овој период на плачки. Ќе си пукам во колено жими се. Има шанси нешто да биде? Јас мислам не, ама да си прашам искуства.
Нас прв пат ни падна на 6м. Леле ... колку беше само страшно. 2 недели имаше огромен хематом на главчето. Еве сега сме 1г и 4м ретко паѓаме, ама еве денес циркузант беше па падна САЛАМ од коњчето. Шо сакав да кажам.. научив финта за да нема големи модринки и големи отоци па ај си велам да споделам. Кога ќе падне одма земате лажица супена и на местото каде се удрило благо без стегање ќе потриете.
Таман полека се учиме да одиме, денес утоп ракава на детево од што брза и во милисекунда ме испушти од рака и со глава на земја, поточно нанапред со фацата. Ја крв снемав. Еве веќе саат и нешо си плачам. Вака е добар, има некоја мала модрица скоро незабележителна но одма ставив и лепче џвакано. А плачката му се спои плус што му се јаде и што му е време за спиење. Знам дека мин. 2 саати треба да го држам, но некако успеавме и саат и некои 20мин, пола саат. Он си се смее, се врти, нејќе да нана, мене од очиве реки течат. Инаку 1год е веќе. Освен лепче нешто друго да ставам? Ноќеска да дежурам ли? А што ако не почекав 2 саати што може да се деси?
Ништо нема да му се деси, не му се секирај. Ако има нешто озбилно ќе почне да повраќа. За да не се појави џумка веднаш се става коцка мраз - лед но и лепче е ок.
И јас да се пријавам на темава.Набрзина ми истча позади љуљашката и го удрија,секунда беше немав толку време да истчам,а блиску бев Му се појави џумка и сега му е потечено и модро,со што да мачкам и дали е опасно,страв ме фаќа вака кога гледам.дека падна и назад во однесување нема никакви промени.Сабајле ќе го однесам да го види матичната ама ќе пукам до тогаш
Како е малото? Мразче во крпче во моментот за да не е голем отокот, а друго нема што да се прави... и кога е удар во глава само се следи однесувањето на детенцето и дали ке поврати..
Здраво, едвај пишувам од страв овие два дена ни се хорор незнам како друго да ги опишам. Бебе 15 месеци вчера падна на тилот од кревет кратко плачеше потоа си беше весел. Денес го оставив со баба му на кратко, таа додека зимала памперс го оставила на кревет тој се извикал страшно заплакал, и кога дошла до него тој бил во стоечка положба потпрен до креветот, го однесовме на дежурно таму ме упатија со зборовите “ајде мајка носи дете дома ништо не му е “ еве сега пред спиење лазејки си го удри носето и му потече малку крв. Значи ПРЕПЛАШЕНА суѓ. Утре уште рано го носам кај матичната зошто оваа наше здравство е многу јако...
Мајки вчера детето ми падна од креветче. 21 месец е, малку заплача и цел ден си беше весел, јадеше, играше и спиеше без проблем. Денес од сабајле ми поврати, дали е од паѓањето и што би ме советувале, матичната не крева, недела е
Кога матичните не ви креваат, а сте исплашени мајки, за најбрз и поточен совет јавете се на Ало Докторе 15123, во секое време има дежурни доктори. За што и да ви треба, секој може да се јави, за било каков совет.
Да се пријавам на темава, прв пат ми падна сега пред 10 мин, денес прави 10 месеци, баш за да памтам ме почасти синко. Падна од кревет кој не е многу висок, на подот на кој има подлога за играње, и тоа имав ставено на ќошот од гарнитурата една табуретка за да е пошироко, само што влегов в кујна и за 10 секунди се вратив беше на подот легнат на мев, не тропна, не заплака, мислам дека има со нозете прво допрено и потоа се има пуштено долу, бидејќи сега станува на нозе, многу е активен. Заспа но му беше време за спиење, си велам нема место за паника.
Мамички синчето мое е 7 ипол месеци денес за прв пат ми падна од седмосед на ламинат. Беше легнат во трудничка перница и се вртеше за заспивање ја за сек се иставив чај да му направм он го видов на меше свртен и за секунда кога го видов ја бутнал перницата и он на земја не падна силно некако се лизна вртејќи од паника више незнам ни како изгледаше паѓањево во тој миг само се стрчав да го фанам ама касно беше не се ни сеќавам како падна точно ама кога легна на земја малце главчето го испушти и му се појави тртка со малце модро тогаш почба да плаче целага испаночена незнаев што направив за брзо време се смири малце во дубак се провозе и заспа. Му ставив мраз на тртчетк на челото малце се повлече но цревено му е местото незнам мн мо е страв прв пат ми паѓа уште се тресам како не истрчав ушге кога гк видов на меше. Сака на доктор да го однесам ама заспа му беше време и за спиење и не плачеше многу се смири за брзо време жи е страв за главчето што има тртче и црвено
Падна од кревет на 7ипол месеца, на сред одмор. Генерално не сум паничар, заплака одма па си викам ајде ништо страшно. За 5 минути поврати, дури се спремам да излеземе поврати уште еднаш. Кошмар ми се стори одморот, па 1 саат додека најдеме такси, па на клиниката немаат педијатар, па пешки до приватен педијатар. Среќа ништо немаше, нормално јадеше и си играше, ама ко за првпат убаво ми ги стресе гаките. Сега пред некој ден падна дома од стоење право на лице, дури и крв малку и потече од нос, ама веќе сум отрпната изгледа. Ја подржав во раце, се смири и си продолжи да си игра со црвен нос.
Здраво мамички бебето ми е 7м, сега пред 20мин ми падна за прв пат.. Од гарнитура не многу висока но на ламинат.. Станав до куња на една секунда а таа лежеше на кревет на стомак незнам како се случи но наеднаш стропа на ламинат легната на грб.. Слушнав дека удри со главчето одма заплака, плачеше 2 3 мин и се смири сега е добра си игра, вика се смеј не гледам ништо на главчето а и нема промени во расположение.. Дали има место за паника и на што да внимавам. Сама сум па сум малце испаничена
Без паника. Чим нема никакви промени, ок е. На таа возраст само на кревет не го оставај бебето, за секунда се вртат.
Ти благодарам, и направив и кашичка си ја изеде без проблем се надевам дека е се во ред. Никогаш не ја оставам на кревет цело време е на земја ама ете сега така се случи, тогаш стана од преспивање и ајде станав да и турам водичка само 2 чекори направив незнам како стаса во секунда. Тоа е назад нема повеќе нема ни да ми текни да ја оставамм
На мене Надја денеска за прв пат ми падна. Од кревет не толку висок, на тепих, беше ставена на сред кревет, со перница Дормео до неа, станав до кујна, и само слушнав бум, појма немам како сум стигнала до соба. На стомак ја најдов, веројатно се излизгала, ама немам појма како можела да ја турне толку тешка перница. Само викна кога ја дигнав ми се насмеа, не заплача, ја пипкав на стомак, гради не покажа реакција како да ја боли нешто. Заборавив да напишам, околу 1 1ипол саат беше будна, си играше, се надевам ќе нема никакви проблеми. Она се насмеа, јас си поплачав и така
Јас отрпнав веќе Малиот има 9 и пол месеци, до сега неколку пати е паднат од гарнитура, а ќерка ми кога беше бебе 2-3 пати.
Алпинисткава моја, падна од макс 35 цм..се спружи асално, не видов дали ја удри главата, мајка ми ја удрила, секундарно заплака силно, ама стана сама, ја земав се гушнавме си поплака уште малце па стана да си игра, се смееше се ок. Краток беше периодот оа затоа не можам да оценам убаво. Си играше со еден украс што свири, несаќајќи го пушти и се извади од памет па пак му ја врисна. Се гушнавме се смири и по некое време заспа(не е спиена цел ден). Се разбуди за 2 часа прво вообичаено, со плач, како што е секоја ноќ, се гупнавме се смири.. Па отвори очи, па пак задрема, па поседе демек будна, си поднапраивме муабет, ама ко да спие со отворени очи, замижува, отвара... сега заспа... Не дека деновиве спие поразлично, ама ете да не промашам нешто, дека уморна, па може така ми делува дека ептен и се спие па не знае што прави. Не поврати, нема џумка... Ќе ја следам секако, само сакам совет. П.с. мислам дека е и исплашена нешто, зошто денес не ги сакаше баба ии дедо и плачеше од нив.