Сум била многу малечка незнам сега отприлика колку ама бебенце и со татко ми сум спиела и овој се завртел и јас бап на земја ама среќа имало доле јамболии па ништо сериозно не било
Ах бебушот наш падна со превтување на 5 и пол месеци од троседот во дневна на паркет,со грбчето газедто и главчето тоа беше еден од најголемите стресови за мене, толку многу се исплашив. Во секундата се стрчав накај него и веднаш го кренав го гледам и на цел глас викам по мажот ми (он во спална спие) мислам дека со брзина на светилната дојде, знаеше дека нешто се десило. Малиот од уплав плачеше некои 2 минути потоа се најнормално, но дури да помини тој саат мислам дека цела вечност беше за мене, знаејки дека ако има потрес ке покажи во наредните 60 минути. По саат време слеговме до паркчето пред зграда да го прошетаме кучето и малку душата ми ја олабавија комшикте кажувајки ми колку нивните деца пагале и да не се притресувам толку, така растеле децата. ИСто и на некои 4 месеци од релаксатор на теписон ми падна, јас уплашена се стрчав накај него го вртам во раце го гледам ми се смее. И денес во релакстор качен на тросед и се превртува, а јас го гледам од кујна му правев сокче и се стрчувам на кај него првото пагање бап на кревет и уште еднаш се првртува и таман да падне на паркет го стигам цела испружена на земја кај мене во раце. Абе цел филм бевме... Али поука уште од привот пат кога е во дневна на кревет масичката ја тргам и ја лепам до кревет, а во спална убаво ми е што креветчето е залепено до спална, а од другата страна си имам ставено ниски перничина на земја. Мамички прво осигурете се да е безбено за вашите бебина, но и да се деси да падни не се плашете не паничете, бебината имале многу добра аморизација, прегледајте ги и следете ги во наредниот сат да не повратат, ако да се знае право на педијатар.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци луѓе да ме нема поарно ке бесе сабајле ми се сврте свес го држев син ми ми се лизна од раце со главчето удри на коленото го задржав срека не ми падна на земја неможам да се смирма дали некому му се има случено ова и мирен е сеа го попипкам не ми реагира на повреден ама нз да ме нема мене за мајка не ме бидува цело сабајле си плакам
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Не се грижи, ако не ти личи дека е повреден тогаш не е. Бебињата се многу издржливи, само породувањето колкав притисок е над нив па го истрпуваат, ако е повреден или нешто го боли тој ќе плаче, ќе писка, нема да може да се смири. И тебе не ти паднал на земја туку на колена. Инаку сите ние мајките имаме чувство на вина понекогаш, дека не сме доволно добри или дека нешто правиме погрешно. И да ти кажам дека доволно е тоа што ги сакаме неизмерно и се грижиме за нив, а за грешење секој греши, а ти не си го направила тоа намерно. И јас го лулкав вчера син ми па за малку ќе ми се лизнеше и еднаш по скали малку ми се сврте, а го држев и за малку ќе падневме, а тоа не значи дека сум лоша мајка. Затоа не плачи, бебето чувствува ако си ти нервозна, земи гушни си го и ќе помине. И да запамтиш дека си супер мајка што си го сака синчето најмногу на свет
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци многу сум испласена немозам да се смирам се се лучи толку бргу што и нз како беше тој заплака ама дуро ко го свртев накај мене сеа спика го допирам секаде не реагира никако сеа ко ке си дојде мм он нека го провери мн исплашена само 3 месеци е бебушко едвај го износив не ми требаше овој стрес искрено
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Ако дете/бебе се удри по главчето прво следи дали му се повраќа или му се спие во невообичаено време, тоа се први симптоми на повреда. Од друга страна, бебињата добро ги амортизираат ударите, посебно што како што кажуваш, твоево не се удрило многу, не ти паднало на земја, туку ти паднало на колено (е сега ова не можам да сфатам малку што и како, ама не е важно, важно не бил силен ударот, како што сфаќам). Трета работа, ако си преморена избегнувај да стоиш со бебето, седни со него во раце, ама седи! Како што гледаш, не станува збор веќе само за тебе, туку и за бебенцето. Прва работа што ми кажа матичната лекарка на син ми кога ме виде исцрпена и преморена „На бебето ќе му биде добро ако на мајката и е добро. Ако се испоразболиш, нема да биде лошо само за тебе, туку и за бебето“. Иако јас се уште не научив да го применувам ова, еве барем некому да го пренесам тој совет.
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци јас колку се секавам го прифатив со нозесте па со раце и нз баш како точнои беше еве сеа го пипкамм ама неможам да се смирам не сум преморена ниш не ми е наеднаш ми се сврте од пто нз
Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци Неџла, не паничи. Види дали малото со очињата го следи твојот прст, дали има нормална температура и тоа е тоа. Камо јас да бев волку смирена ... кога ми се случи нешто слично Ја ставив малата во лулашка (имаше 5 месеци) и само што бевме почнале да јадеме овошни кашички. Кашичката ми стоеше на мало масиче покрај лулашката, а јас седев покрај истата. Во еден момент кога се свртев да ја оставам кашичката, значи секунда, слушнав буууп. Што да ви кажам ... детево, нозете во вис, главата на под и врзано на половината. Ужас. Прв момент - нема крв, добро е. Втор момент - му се јавувам на мм - алоо доаѓај одмааа дома (хистерично и со плачење). Незнам како стигна за 5 мин, ама мене така он да ми се јавеше ќе го убиев. Трето - одиме на доктор... и докторов ја гледа (со прстот и мрдаше пред очи и и измери температура) и пустиов за да ме опушти мене ми вика - како падна? - па од лулашка, ахааа ама каде? - па дома, а на што? - па на под, а имаше тепих?-не!!!, а каков е подот - дрвен , аааа и зима докторов рецептите и пишува нешто , мене срце во петици, си викам ете го утепав детето, а он ми ги дава и вика земи се хелекс да се смириш Се сеќавам на денов како вчера да беше, а беше на Благоец 07.04.2002 год
И мене ми падна денеска И менував памперс и само што се завртев да го спуштам на земја таа се преврти и право на грб и на глава.Ја следам денеска цел ден ама нема никакви симптоми на потрес или било што друго.Ја проверив убаво по цело тело нема ништо.Бебушка е ок ама јас сум цел ден како одсутна и цело време ми се врти случката в глава како можеше да се деси.Сега ја приметив како уплашена да е малку на секој глас се штрека ама ке пројде,добро е што нема ништо друго посериозно
Готова сум немам крв во мене малиот го оставив на гарнитура имаме во ге ,го ставив на тој делот од ге-то и пред него имаше перници од тие големите за потпирање што се му ставив напред ,за да го земам млекото од кујна секунда само ,тој преку перница се одбацил и слушнав бам,на паркет со глава целиот спружен,врискаше пет минути сега се смири но јас неможам ,сама сум дома ми е страв на мм да му кажам. Цел ден вришти пишти од забите сега капак и ова му се спие ,незнам што да правам дали да го оставам да заспие ,или да видам како ќе реагира еден саат. Што да правам хелп мајки.
не се секирај леонтина моментелно ако не осетиш некоја промена нема ништо. син ми 4-5 пати на глава има салам многу паднато па нема ништо, еднаш во ќош од ѕид имаше паднато, една недела џумка на челото имаше
Ееее и ние го поминавме овој дел и тоа два пати за 3дена. Еднаш ми падна од троседот(беше пуштен за да се тркала, и се стркала, а еднаш од спална. Првиот пат кога падна ја најдов во седечка положба, одам да ја фатам она ми се смее, вториот пат од сред спална како успеа да падне и да се довлечка до вратата за само минутка(колку што не бев во соба) не ми е јасно, но не писна , а кога влегов во соба легната на стомаче и чека како кученце некое, насмеано. Среќа што не плаче инаку како што се вадам од памет, мислам дека ќе се мрднам.
Мене до сега 2 пати ми има паднато, еднаш кога почна да се врти , да се тркала , навистина беше неочекувано ја оставив на крај од креветот(пуштен беше) отидов да ја фрлам пелената и кога се вратив доле ја најдов , плачеше и тоа премногу. Ама среќа ништо не и беше а и ниско беше. А вториот пат бевме во родниот град на мм, перев тепих надвор а мм спиеше со нејзе на троседот исто пуштен беше а она беше на крај, сакав да го ставам на тераса и го викнав мм да ми ја отвори вратата зошто бев со тепихот во раце , кога се вратил мм ја нашол доле , исто пак плачеше многу ама ништо не и беше. Како успеа да се стркала во спиење не знам. Ама од тогаш никако не ја оставам сама зошто сега и лази , ако не можам да ја земам во раце ја оставам на земја
веке каснам многу со одговорот но за другите мајки после падот не му давајте на детето 2 часа најмалку да спие затоа што ако недај боже има повреда на главата односно мозокот и се успие можед а падне во длабока кома значи после паѓање 2 часа спиење никако ке ги пратите дали ке му се спие дали ке биде поспано детето дали ке му се прошират зениците играјте го заминавајте го и спиење никако и уште нешто секогас е опасен падот назад на главата не дека и напред не е страшно но поопасно е назад на темето на главата е
Малиот е добар фала богу ,вчера пред да падне он и така беше готов за спиење мислам дека ако не заспиеше уште повеќе ќе врискаше ,си го земав и спиевме заедно на спална ,спиеше мирно за среќа денес го гледам пак стара песна вреска по дома од сабајле. Ама јас сум заникаде на помисла само ме лазат морници по тело,јасно ми е дека не е прв ни последен пат што ке падне,само со помин да им е и господ да ги чува ,и од денес само во игротека ќе седи нема веќе гарнитура за него
Децата се прилично жилави, верувај. Првиот пат кога падна син ми, ме инспирираше за темава. Си плачев јас тој ден, од мака што дозволив да падне. А нему ништо не му беше. Штом малиот плачел, добро е. Важно е да не повраќа и да не е поспан. И обично велат минимум два часа после падот да не заспива, ама ако ништо не му е, не е страшно. Ќе се челичиме така... родители!
Ќерка ми се удри во ѕидво неделата и тоа во ивица со главата. Трчаше на балкон и сега нешто изводи цело време трча со затврени очи и оп се акна убаво со главата и од ударот падна на земја. Плачеше многу,срцево ме заболе се удри во делот над окото и се појави модра линија од ивицата и потоа и се спиеше и заспа сама ми беше многу страв но за среќа помина, веке не се ни познава
Мојот не да паѓа па нозите му се издрпани,сини коо у војна да сум го пратила,па не седнува две секунди на газ како нема да е таков,додека му поминат раничките си седнува сам си ги чачка јас пискам си се слушам и он си пушта крв од нив и си продолжува да си трчка и паѓе и си ги прави нозете партал исто и рацете,баш преги се чукна на главата па ќе видам утре дали ќе имаме џумка
Моево мало кога беше ми немаше паднато , а сега кога подпорасна пага секаде Кога ја земав кај мене да спие утрињата јас поспана она се врти и ке тресне од кревет срека ништо сериозно Ми има пагано и од софа , ке трЧа низ неа ке тресне на глава Последно што се удри беше од ивицата на кадата , и тоа потоЧно кај окото се удри и помодре местото треба многу многу пазење ама па поеластиЧни се додека се мали
Господ нека ги пази, ние нема да можиме да ги допазиме така растат децата само да нема поголема последица.