Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Леле ќе си пукнам;(;(;(;(
    Беше во дневна со мм. Спиеше во количка и стана, па мм да го земе ама количката некако назад му отишла и се сврте скроз до земја. Он колку можел задржал да не тресне бебе со глава.
    Кога истрчав он заплака одма ама мислам дека од страв зошто ја писнав како луда:(:(:(
    Плачеше 2минути,се смири и одма после тоа почна да се смее.
    Цицаше, и ми бљуцна на неколку пати. ( ова не знам дали да го сметам како некој симптом зошто често си бљуцка после цицање) дремеше после тоа,и сега легна да спие. Вака најнормално се понаша.Играше со тропалки, се смееше, гугаше.Не знам да го носам на дежурен? :worried:
    Срце ме боли;(;(;(;(;(
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Не би требало да му е нешто чим одма заплакало и после си се однесувало весело. Не носи дете да не закачите нешто. Повеќе се има уплашено отколку удрено мислам...
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Се исплашило. Прати ситуација до утре. Ако не повраќа или се однесува поинаку.

    Моето падна пред два месеци, значи на пет, од релаксатор. И заплака зашто јас испаничив.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    36.190
    Пол:
    Женски
    На сите ни се случило.
    Ти после колку време влезе во соба и писна?
    Нареден пат треба да знаеш дека не смееш да викаш или да се тресеш од страв. Остани смирена и гушни бебе. Ако викаш или се тресеш ќе му пренесеш и ќе плаче па ќе мислиш од падот дека е.
    Сигурно не му е ништо ама ќе се плашиш сега 2-3 дена, набљудувај 48 часа и само смирено.
    Па по неколку паѓања нема да приметуваш дека паднало.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Секунди беа во прашање. Јас бев во кујна и одма истрчав да го дигнам. Ама се тресев цела, и стварно се исплаши уште повеќе од мене.:(
    Фала ви на сите. :hug:
    Ми олесна малце.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Мојата ми падна од кревет на 2 месеци. Уште не се вртеше па си ја оставив така слободно да си гледа во играчките до неа и додека се свртев на друга страна она тресна на земја и до пола соба стигнала ни денес не знам како. Се одра од плачење и јас си плачев со неа, па отидовме во болница ама за среќа немаше ни џумка. Беше малку како уплашена и плачлива тој ден, утредента се си беше нормално. Ќе биде се во ред не паничете само следете ситуација.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Ми тресна синоќа од спална. И перница бутнал и се. Секунда беше во прашање. Не сум спиела цела ноќ од грижа.
    Весел беше не ни заплака. Генерално не го оставам ни секунда, и на мочкање си го земам. Морам да престанам да се обвинувам, јас знам дека сум крива ама го преживеав првото паѓање. Не испаничив пред него, ама се јадам во себе уште.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Ќе ти помине.
    Битно малото е ок.
    А ние ќе си простиме еден ден.
    Кога се поголеми, кога ја гледам сега колку се удира и што егзибиции прави, некогаш си викам дека падот од кревет ништо не бил.
    Не дека верувам во бабини муабети, ама старите викаат - Деца кога паѓаат ангелите перниче им ставаат.
    Не се обвинувај.
    Тоа ти е нешто како milestone. Мора да се пројде
     
    На fana, cresa-jagoda и drugarka им се допаѓа ова.
  9. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    луѓе ми падна бебето (5месеци има) од гарнитура,на секунда се свртев и го гледам доле на под ,беше на стомак,не знам дали ја удрил главата ,немаше никаде црвено ниту на главчето ниту по телото ,кога падна почна да пишти,една минута плачеше и го легнувам пак на гарнитура и он пак си се превртува цел,си се смееше ама не знам дали нешто повредил или недај боже да ја чукнал главата.
     
  10. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Имам погоре пишано дека мојата ми падна на 2 месеци. Ништо не му е штом заплакало веднаш и сега си е весело. Мојата тој ден цел ден беше плачлива, ја носев и на педијатар, ми рече да ја следам дали има некои промени на пример дали повраќа и ако плаче многу да дадам парацетамол за болка. Не дадов ништо и за среќа немаше никакви промени и последици. Твоето штом си се смее веднаш немај гајле.
    Инаку мојава сега (8+) од кога почна да се исправа и да се држи за мебел и да прави обиди за чекорење скоро секој ден паѓа и си носи модрички и си плаче, па отрпнав веќе :)
     
  11. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.381
    Пол:
    Женски
    не беше плачлив после тоа ,само кога падна,еве го и денес одсабајле си се изнаигра ,значи добар е :D
     
    На lady.N му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.260
    Допаѓања:
    112.393
    Пол:
    Женски
    И јас имав пишано тука кога прв пат ми падна. Сакав да умрам, да. Сега е две години и по сто пати паѓа и ја удира главата :rofl:
     
    На TeddyGrey, Mantub и lady.N им се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Мајки еден совет. Мали падна од спална. Значи слушнав тресок и за неколку секунди долетав во спална. Он на сток и плаче ли плаче. Не верувам дека паднал назаечки зпшто просторот каде што паднал меѓу спалната и креветчето е тесен плус и ќебенцето беше над него што значи не се има превртено во тие неколку секунди додека стигнав. Си поплака се напи вода и само го прашав дали сака да си легне (зошто во сон се случи ова), побара да си легне и презаспа. Еве го мирно спие, а јас цел го напипав да не изреагира некаде да го боли, ама не реагира, а и не ми личи дека има џумка некаде колку што успеав да го погледнам.
    Сега незнам дали да го будам или да го оставам да спие? 99 % не паднал на тил, ама ме јаде јанза.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ништо не му е, нека спие нема потреба да го будиш.
    Ако недај боже е скршена некоја коска ќе има плачење до бесвест и голем оток/џумка, ако се филмаш на ,,потрес на мозок,, почнуваат да повраќаат.
    Ништо не му е, верувај.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.025
    Допаѓања:
    40.365
    Пол:
    Женски
    Скршеница сигурно нема. Еве го се врти превртува како што по обичај прави. Плус јас му ги кревав спуштав, раце, нозе, опипав се детално и ни малку не изреагира. Повеќе за потрес ми е, ама еве повеќе пола саат мирно спие. Ништо ќе го оставам за сега. Пак ќе го проверувам знам, ама бар се смирив малку за сега.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ко ми падна се осеќав ко најлоша личност на светот. Детето си се смешкаше. После само го зјапав во се што прави демек да не приметам некои симптоми :)
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    И мене ми падна денес во 7. Го оставив на дупли душек (40cm висина) во средината на перницата за доење, се свртев да земам пелена и за 1 секунда беше на земја на меше. Почна да плаче одма, штом го земав во раце се смири. Го бањавме нема никаде модрица, нормално цицаше и заспа сега. Дали мислите дека е добар? Потрес на мозок како се манифестира, дали да го будам? Нема да спијам од мака.
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Леле мајка не се сеќирај, на повеќњ се има случено да паднат. Гледај дали цица, како се понаша, дали повраќа. Размрдувај го така у сон да видиш како ќе реагира. Штом е на меше не верувам да е нешто страшно. Ајде со помин нека ви е , ти опушти се.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.938
    Допаѓања:
    26.234
    Цицаше нормално, го размрдував синоќа, нормално реагираше и од сабајле е расположен си игра. Мене ми се скрати животот.
    Фала мајка.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    пред отприлика 4 часа ми падна бебето од кревет на лице. Нема уште 40 дена. Веднаш се јавив кај педијатарката да го носам и таму малце ко да ми се насмеаа. Веднаш почна да плаче откако падна, педијатаркава ми рече да го следам 4-5 саати, нема никакви промени, си јадеше, си мрда, плаче, се смее. Тука читам дека подолго треба да се следи, а докторкава ми рече само 4-5 саати. Ептен сум исплашена, само го гледам. Вие што мислите, дали 5 саати се доволни да знам дека не му е ништо?