Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Синчето ми падна од кауч пред 2 дена. Бев во другата соба, ќерката го чуваше, ама додека била да земе тропка, се десило. Не испаничив многу, затоа што не ни плачеше нешто посебно, и испадна дека не паднал туку се лизнал само надолу оти со нозете дошол на крајот... Супер е. Ама дефинитивно е време за душек на земја и оставање на бебе на земја со играчки.
     
    На ♡JLo♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    26.361
    мислам дека најстресно до сега во овие 5 месеци ми беше моментот кога ми падна.. Цела вечер на 30мин го проверував дали дише.. Знам дека тек ќе паѓа, па се надевам со тек на време ќе отрпнеме..
     
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    На претходните страници имам пишувано кога ми падна ќерката. Знам дека е стресно. Ама таа ми падна на цицање од кревет. И тоа баш шлапна. Со оглед на тоа што синот само се слизнал надолу со нозете најпрво, претпоставувам дека не било многу трагично.

    Допрва се паѓањата... Пред некое време ќерка ми сама падна од кауч. На скоро 5 години. Седна со газот на крајот а не знаеше дека е на крај, и да оди поназад малце се преврте и директ на глава. Животот ми се скрати. Си реков и вратот можеше да го скрши. Ретко паѓа, мирно дете е, ама од невнимание се случи.
    Од вакви работи побелува коса.
     
    На Yowannty, cresa-jagoda и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Ми беше во раце, седната бев за секунда нанапред ми отиде и додека го држев со главата удри на стаклото од масата.
    Одма почна да плаче и за секунда модар и отечен беше.
    Матичната рече да ставам ладни облоги и да следам дали ќе повраќа и ќе биде млитав.
    Еве како изгледа.
    Ми иде да се убијам. ;(
    Сега помина скоро пола саат он е весел и почна да игра со игрчки.
    Кога може да го легнам да спие зошто веќе време му е за дремка. Или да го чувам буден уште?
     

    Прикачени фајлови:

  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.515
    Чувај го уште малку.
    Со помин ,душиче
     
    На crazylady и Мариаа. им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.428
    Пол:
    Женски
    И мојот се имаше вака удрено во маса ко беше помал. Дури и вдлабнатина му се направи кратко. Почекај 2 часа без преспивање. Кај нас беше се во ред, од тогаш не знам колку пати ја удрил главата. Со помин да е.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.199
    Допаѓања:
    148.354
    Пол:
    Женски
    Константин мој се ака од 6 м. Мн пргаво дете е. Тука некаде во градинка се удри ама чело со носе му се споија. Исто весел беше, плачеше ( тоа плачот е добар знак и Поп Христова ми има кажано само да не ќути да не е збунет, конфузен, обично тоа е знак за потрес ако не плаче) .
    Ќе помине без грижа.
    После ми дупна глава некаде на година ипол. Хаос. (facepalm)
    Само да е со помин. Ќе биде се во ред.
     
    На hello-kitty.90 и Мариаа. им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Се разбира дека паднала.
    Не познавам човек кој нема паднато како дете/бебе.

    И во мое присуство и кога не сум била во нејзина близина.
     
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Леле пуканката :doh:
    Држи го барем уште 1ч, и следи го и додека спие. Ако масата ти е само стакло добро ќе биде додека проодува да ја трнете.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.981
    Пол:
    Женски
    Лелееее да го бацнеш убавецот од мене еднаш на модричето. :hug: :l:
    Како сте сега?

    Баш и јас во друга тема пишав сабајле, и мене ми падна Ирис пред неколку дена. Цела ноќ се будеше и сабајлето кога стана маж ја земав до мене. По цела ноќ секоја вечер станувам мал милион пати да ја ѕирнам дур спие во креветче, ја осеќам како диши додека спијам и се будам одма, а тогаш гушната во мене не сум сетила како ми прошла преку рака. :( Таа збунета оти во сон претајќи падна, јас изрипав и почнав да врескам па ја исплашив и неа. (facepalm) Ја земав во раце и почнав да трчам низ соби ко лудача, маж по мене изваден од памет не знаеше што се дешава. (facepalm)
    Педијатарката ми рече очекувано е да паѓа и да се удира, не сакаме да повраќа и рече обично сите се фокусираат на главата и на потрес, а во вакви случаи треба да се проверат и раце и нозе и цело телце потоа, и да се следи 24 часа. Ја додуша ја проверив секако цела. Нејзи фала богу ништо не и беше, а и креветот ни е низок. Ама и ја се изедов жива како можев толку цврсто да задремам. И еве одтогаш имам кошмари секоја вечер дека ми паѓа од раце. :worried:
    Веќе нема шанси црвчево до мене да нана, креветчето и е големо и цело го ора спиејќи и само се треска, па на кревет ич не е безбедно. :|
     
    На cresa-jagoda, eta, LadyC и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите.
    @Yowannty :hug:
    Добар е сега. Си јаде цел ден, спие нормално, играше, не повраќаше ама ќе го следам и ноќва.
    Жива се изедов и јас.
    Пораснаа црвчињава, па почнаа и да паѓаат.
    Јас бедоксини се изнапив, и така паничарка нумеро уно сум.
    Нека се живи и здрави само. :)
     
    На cresa-jagoda, eta, BabyT* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Леле зетко мој модрица направил;(
    Да го бакнеш од нас. И да му помине како на кутре :*
    И мене не ми се верува колку брзо ни пораснаа бебушиве. За бељи дојдоа, а над ни се чини дека сеуште се бебуши ептен малечки.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Septemvri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    6.321
    Пол:
    Женски
    Сега читам... Ме заболе и мене:(
    Помина малку модрицата? Бацка и од нас во чело:l:
     
    На crazylady, cresa-jagoda и Мариаа. им се допаѓа ова.
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Помина со лесно.
    :*
    Добар е сега. Има белег уште.
    Го сликав да гледа каков пргав немирко бил. :)
     
    На cresa-jagoda, The Unicorn и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    26.361
    И мене ми падна по 2 пат. И баш зборев со матичната, ми рече тоа што веќе го пишуваа тука, после пад да гледаме само да не е конфузно бебето и да не повраќа.
    Знам дека веќе е запрено ова, ама нека стои за некоја нова мама на која ќе и падне беба.
     
    На firequeenn, cresa-jagoda и Frosty! им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.978
    Допаѓања:
    26.361
    Зборено, не запрено. Глуп аутокорект :)
     
    На cresa-jagoda и elenaklasik им се допаѓа ова.
  17. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Мајки преска ми падна малата од креветото директно на земја. Почна да плаче, да вришти, ама за 5 мин се смири и се најнормално е. Проверивме рачиња, ножиња, главче се си е океј и никаде нема помодрено ама мене паника ме фаќа. Да не е случајно потрес на мозок? Иначе она веќе си е весела, си цица, си игра, си гука, ништо нема невообичаено.
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.620
    Допаѓања:
    106.573
    Пол:
    Женски
    Детево ми падна од кревет пред саат време, се струполи на глава, уф ми се скрати животот кога ја видов. Плачеше ептен, се испорасправавме со мајка ми кој е крив. :doh:
    Устата на едната страна при смеење ко да и е потечена малку, како да ја прегризала кога паднала.. што можам да и ставам или само ќе помине? ;(
     
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ништо ќе помине само од себе. Можеш со газа да држиш борова вода ама и немора.
     
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    12.915
    Пол:
    Женски
    Мене во петокот исто ми падна од кревет. Во 5 стана за цицање , сме заспале двете гушнати кога едно време слушам туп и плачење. Се смири цицајки, па заспа. Но поучена од тука ја разбудив, проверив никаде немаше ништо, само лево околу слепоочницата и образот- јаболчната коска беше црвено-лилава, до сина.
    Цел ден умрев од грижа и проверка.
    Дури на др се јавив ми рече да немам гајле ако заплакала наеднаш. Ме утеши со тоа што рече дека бебињата се многу еластични.
    Среќа што мојата има образи, го амортизирала ударот.
    Не се грижи( најде кој да ти каже) нема дете што не паднало. Грижа на совест до утре ќе имаш. И не се карај со мајка ти верувај нејзе потешко и е. Кај неа на гости. Нигде не сакаат но најмалку кај нив да се деси нешто лошо.
    Прати ја и не ја оставајоставај некое време да заспие. Ако јаде, весела е, не повраќа нема гајле
     
    На SkarletOHara, cresa-jagoda, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.