Уште не сме се дочекале со бебуш мој да се запознаеме ама од лично искуство ќе пишам дека многу на глава сум паѓала. Имав и три потреси на мозок во детството. Тогаш сигурно и било ужасно на мајка ми ама сега се смее и вика дека пред се гравитација повеќе ми го влечела главчето отколку гзот. На 5 години и сум шиена на чело. Дека сме издржливи како бебиња и без последици посериозни сум ви жив доказ. Ништо не ми е и покрај се.
Да ти се придружам со паѓање на глава... Имам паднато дирек на глава од втори спрат од скали на скалите за во визба дирек на мермер значи два цели спрата и станав и од страв да не ме караат ( оти ми беше речено да не се пендерам) не ни заплакав А толку ме болеше шо и сега ми се плачи
@Presrekna добра е , плус се исплаши повеќе мислам, не дека нешто се удри многу..Раце , нозе мрда, си лазеше се креваше најнормално, еве сега по втор пат си заспа. Само најкриво ми е што се закарав со мајка ми , ама и се извинив , знам колку се потресе и она мислам ќе заплачеше.
Исто, иако е скоро 5 години малиот. Секое пострашно паѓање го памтам. А да не спомнувам за сега па какви има, пред недела ја скрши клучната коска. Да не паднеше на рамено, директно на глава ќе беше. Само со лесно да поминуваат, тие ќе растат, нас косите ќе ни побелат и така.
Женски ќерка ми си ја удри главата (задниот дел) од ѕид. Заплака веднаш, ама плачеше и зборуваше како со прекини, липаше, веројатно затоа што се исплаши, а плус и се спиеше. Веднаш после 10 мин заспа. И сега ми е страв да не добила потрес на мозок зошто одма заспа. Ја чепнав на местото кај што се удри има мала џумка како топче. Друго ништо. Животот ми се скрати. Досега два пати пробав да ја разбудам, не ги отвара очите ама ја прашувам дали ја боли нешто и ми одговара.
Што направивте? На внук ми истово му се случи само што падна на глава директно на задниот дел и одма џумка му излезе. Ние одма со сестра ми на лекар отидовме памтам рекоа течности и никако да не го оставаме да спие. Туку да гледаме како ќе биде неколку саати. Па после сабајлето пак уште еднаш го носеа...
Добра е. Дури и пократко од вообичаено спиеше. Расположена е, зборлива, си игра... Ја прашувам дали ја боли вика не. Ќе ја пратам и вечерва и утре.
Вчера од кревет. Ко палачинка се плесна наназад. Коса ми се крена. Ама тоа е. Арен е, ништо нема. Ни џумка. Среќа.
А што да кажам што паднав јас сосе детето во рака . Еве сега пред 10тина мин на пат кон градинка, баш пред влезот градат куќа и се е ископано и со прашина, на ниски кондури, ми се свитка ногата и сосе Неда во раце паднав на страна. Она си ја удри главата. Ја оставив во градинка, им кажав што се случи и им оставив број од мајка ми, ако има нешто да се јават да ја земе. Еве сега накај работа одам и ми се плаче ми се рика. Е.ате мајката, е.ате работата
Ајде гајрет. Сенкир пак ние не паѓавме. Те на глава, те на уши. Деца се, ќе паѓаат, ќе се удираат. Која нема лузни од дете, нека крени два прсти!
Ми падна еднаш. И тоа бев јас до него. Будала ми се преврти. На двосед беше и се слизна само. Не се удри. Ама јас почнав да урлам и го исплашив, затоа и тој почна да пишти хистерично. Мајката треба да е смирена во такви моменти, зошто бебето осеќа и може дополнително да се извадат од памет двајцата.
Падна прееска од креветот во дневна. Го поставив во ќошот од креветот, околу него перници, САМО на едно место имаше малку простор. Отидов по пелена и влажни марамчиња, ги мијам со вода, дури почнав да ги плакнам, слушнав едно ТРАС и потоа веднаш плач. Кога успеа во 10 секунди да се заврти на меше, да дојде до крајот и да се преврти. Истрчав од вц, го наоѓам долу на делчето паркет, почнав и јас да викам од страв, а тој плачеше ама не зајде. Имаше мало црвенило на челото, значи дека на него е удре? Зашто јас го најдов на грб легнат, а назад на главчето немаше ништо. Кога се заврте во паѓањето, пак?? Во тој момент мешавина од емоции, страв, самопрекор, каење, мало чувство на тн. немајка, пребледев. И цел ден ми се враќа звукот на тресокот кој упорно се убедувам да го заборавам и да го потиснам со гласната смеа и весели очиња кај братучедите. Сончко мој, извини! Знам дека допрва ќе паѓа, нема како понекогаш да се спречи. Како се осеќате вие кога паѓаат вашите дечки? Се надевам дека со главчето/мозочето нема проблем некој да настане...
Прв пат падна на 8 месеци. Беше во некоја регресија не спиеше ноќе, па ни јас, жива умрена бев. Утрото маж ми стана за на работа а јас ја земав до мене. Сум заспала 1 минута толку цврсто што успеа да ми премине преку рака без да сетам и да падне. Жива се изедов. Толку многу чувствував грижа на совест што следните 3 месеци имав кошмари дека цело време ми паѓа. Некои ноќи и до 3 пати знаев да скокнам од кревет со тахикардија и да ја барам на под. На 11 месеци почна сама да се исправа и да оди држејќи се по мебел. Тогаш почна и да паѓа 100 пати на ден. Не можеш да довардиш, за момент се лизнала. Тогаш и кошмарите ми престанаа. Пред 10тина дена прооде. Стана, почна да оди, ја промаши табуретката и си направи толкава модрица на образ. Точно знам како се осеќаш. Ама поцврсти и пожилави се отколку што изгледаат. Живи и здрави само нека се. Допрва ќе ни белее косата.
мајки ако ве има будни ве молам кажете ми , незнам дали е баш за во темава ,ама синко мој 12+ стана во спиење пред малце на креветчето и падна на дрвото баш кај што нема ограда , се удри од страна на главата беше свесен но од болка снема здив , му дувнав почна да плаче , му дадов водичка го гушнав и се смири па продолжи со спиење. Но приметив дека има џумка на тоа место , до сега не ми се десило , незнам што да ставам ?
Леле леле ми се скрати животот Го оставив да спие на спална со перници околе него и додека да го вклучам бебефонот тој почна толку силно да плаче, паднал меѓу спална и креветчето а толку малку простор има измеѓу. Беше на раце и главата му беше дигната, се надевам не паднал на глава бидејќи таму и нема каде да се обрне. Поминаа 2 часа се е во ред до сега се понаша нормално, али веќе никогаш нема да спие на спална.