Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Вчера ја читав темава и за последниот коментар си реков нема врска, ако внимаваш нема да ти падне. И денес сакам да седнам во ќош и да плачам најсилно. Сакам некој да ме утепа од ќотек. Не знам што ќе правам со оваа грижа на совест.
    Спиевме со синко и он се разбудил, од едната страна бев јас од другата креветчето. Ама креветчето не е скроз до ѕидот може да се мрда. Ногарките се фиксирани ама пак може да се мрда, има простор. И мм ми рече пред некој ден дека бебо е веќе силен и дека ќе може сам да го мрдне, му реков нема шанси.
    И така дечкото се разбудил, го бутнал некако креветчето и падна меѓу нашиот кревет и креветчето.
    Падна на раце и нозе, плачеше 5секунди и се смири одма.
    Аххх не ми се верува, како можеше да дозволам вакво нешто. Како не се разбудив кога се разбудил и он? ;(;(;(;(;(;(;(
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Мајка не се обвинувај, се случува, допрва ќе паѓаат па кај ни е крајот ако во ќош плачиме цел ден, психички ќе попуштиме.
    Сите сни доживеале некоја незгода само бог да ги чува и да е без последици
     
    На Snowflake97, MinnieM, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Вака се чувствував првпат кога ми падна. Немаше ни 40 дена. Првпат мајка, сами живееме и ептен бев расеана. Срамота е може ама така беше. Од тогаш е цело време на под.
    Не се обвинувај, јас кога се јавив на матичната ми се изнасмеа, уосталом добро е што веднаш заплакал. Така раснат.
     
    На Snowflake97, MinnieM, eta и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Многу ја избегнував оваа тема, кога и да видам дека е активна нешто ми се превртува во стомак.
    Дојде и мојот ред да пишам ;(
    Неспиена со денови од забите, исто и оваа вечер не беше поразлична, малиот цицаше и ајде викам да поминам од другата страна зашто се укочив цело време на една страна. Фактички јас дојдов од кај заштитената, а тој од мојата. Цицаше и затворив очи само за момент зашто преуморна бев. И само слушнав туп. Уффф, во моментот си помислив сакам да умрам. Тој врисок уште ми е во глава, на repeat. Едвај го смирив, цицаше и заспа, па почнав да размислувам да не треба да го разбудам буден да седи. Триста мисли во глава и на секое мое заспивање скокав од страв да не падне пак. Цела ноќ будна останав, не можам да се сопрам од плачење од ноќеска. Не знам како да се изборам со ова, никогаш нема да си простам.
     
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Еден б6 напиј се и смири се допрва не да ќе паѓа знам по внук ми ехеее модар цел и паѓал на сестра ми се дешавало деца... јаки се. Колку се трудиш по темиве за него да му направиш се да биде како што треба таман работа да не си простиш. Се случува на секој твоето е големко веќе тек сега расте ќе се удира ќе паѓа.
    Смири се гушкај се и толку било поминало не се оптеретувај важно е сега добар
    :hug:
     
    На buba4e89, dunika, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    11.078
    Пол:
    Женски
    Смирено Јана. Ќе ти потрае грдото чувство неколку дена и ќе заборавиш. :D
    Знам она звукон како се враќа во главата туп туп туп ко јапонска техника за малтретирање. Аууу :doh::doh: уште ќе се удираат и паѓаат само со лесно да поминува и кога поминува, нека немаш грижа на душата. Јас таква како тебе бев кога падна првпат на 6 месеци, се стресив во душава, побледов ама сега покрај толку интересни случки, заборавив на таа. Само напред и нека паѓаат само да стануваат! :*

    Ех колку е важен одморот, мајка, што велам цело време.
     
    На dunika, MinnieM, Kolache na mama и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    3.923
    Пол:
    Женски
    Те гушкам :hug::hug::hug:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.670
    Пол:
    Женски
    Кога моето беше бебче,генерциските мајки се тешевме, дека ангелите им ставаат пернички на бебињата за да не се повредат^_^ 99% сум сигурна дека ништо не му е, само се исплашени кога паднат.Ама следи да не повреќа , да не е поспан , ако е не Дај Боже , одма на др.
    Не се нерворај мајка уште колку ќе паѓа,затоа се деца за да паѓаат и да учат да станат:hug:
     
    На Leksikon, dunika, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите :hug: Уште не можам да си дојдам при себе, таква сум што да правам. Мајка ми одамна ми имаше кажано ќебе да ставам доле ама толку лесно спијам што бев сигурна дека мене не може да ми се случи. Уморот си го направи своето. Бар тепих да имаше, вака директно со тилот на паркет. Уф, лошо ми е во желудникот кога ќе ми текне.
     
    На Butterfly1107, Ava.84 и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Не си единствена на која ѝ има паднато детето, нема зошто да се обвинуваш. Скоро на сите ни се има случено
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.578
    Пол:
    Женски
    Не се обвинувај Јана :) Тоа нека ти биде правило број 1! Ништо не е намерно.
    И мене ми се има случено истото. Се префрлив од другата страна, него го заградив со перници, тој како што се вртел, ги бутнал перниците и падна. Исто на паркет. Поплака малку и се смири. Да не ти кажувам дека креветот ни е повисок :) Повеќе ги плаши нашата реакција. Реагирај посмирено.
    Два три пати има паднато. А кога почна да оди ич да не ти зборам :)
    Така растат деца.
     
    На dunika, cresa-jagoda, Izzy_0504 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да си простам, желудникот ми се стега кога ке ми се врати сликата.
    Ама не сме единствени и за голема среќа секогаш се добро.
    Во 1 по полноќ ја носевме на болница, многу лошо падна, спалната ни е многу висока.
    Се испитаа среќа се беше добро.
    Еве сега е 14м прооде на 11м не можам да ти опишам колку пати има паднато.
    Среќа малиот ти е добар :inlove:
    Вака белее коса очигледно
     
    На dunika, cresa-jagoda и Jana06 им се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    17.012
    Пол:
    Женски
    Првото паѓање пиеш диазепами,а после се навикнуваш :)
     
    На strelkata, Snowflake97, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И моето за првпат ми падна на 20 месеци кога бевме на одмор на ист начин. Спиевме,и он се буди за цицање 3,4 пати. Секој пат цица на различна страна,па на таа страна и го оставам да спие. Дома страната од кај него ја заградувам со перници,ама тука немаше толку,а и мм спиеше до нас,па си викам ај нема да падне,а и јас лесно спијам,па ако почне да се врти ќе го осетам. Ниту осетив,ниту ништо,само слушнав баааааааам и почна да вришти. Лежајот беше висок,доле таркет подебел,бебе падна директ на главата позади. Плачеше многу и заспа. Ноќеска 3 или 4 беше,како да го оставам буден. Сабајлето ништо не му беше.
    Подруго е да падне будно,мислам дека очекува па ќе падне помалку незгодно,ама вака во спиење,не очекува и одеднаш трааас. Верувам дека го болеше многу,пробував и јас така да падна м,да видам колку го болело и припазував и пак ме болеше многу,а не изненадно да паднам (facepalm).
    Тоа е памет за другпат,веќе така оставање нема.
    Иако некогаш и на многу пазење и до нив да седиш пак ќе паднат. Игравме топка,до него бев,згазна трчајќи на топката и падна наназад на глава ;(. Само Господ нека ги чува.
     
    На buba4e89, Snowflake97, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    На ист начин и мене ми падна. Плачев два дена, не можев да се смирам.
    :whew:
     
    На eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека било будно. Вие сте спиеле и не сте осетиле кога се разбудило и почнало да мрда и на крај кога дошло до крајот паднало. Му било досадно па решило да прошета малку. Шала на страна, ама мислам дека свесно има паднато.
     
    На Brpbrp и Milkiway им се допаѓа ова.
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Не,он на секое будење почнува да плаче,никогаш се нема разбудено без да плаче. Прво се размрдува,па по неколку мин се буди и веднаш почнува да плаче ( секогаш било вака). Сигурно во спиење се има развртено,а бидејќи беше на крај на креветот,креветот од 160 цм тесен за тројца,лесно било за паѓање :| .

    Многу е подруго,барем од моја перспектива,оди се сопнува на нешто и паѓа( знае дека ќе падне,па инстиктивно пробува да се заштити,мислам на малку поголеми,не бебе од 6 месеци), а друго е кога не си свесен и наеднаш паѓаш. Додека се освести веќе треснал :sweat:.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    @Jana06 Океј е малиот, сè е во ред?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да да, се е во ред. Јас не бев :D Се трудам да заборавам.
     
    На strelkata, PurpleMind, Izzy_0504 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    И мене ме прогонуваше таа слика некое време, ама веќе има стаж во паѓање. Еве утрово се качуваше по една перница и ние дур изреагиравме се испреврте 3 пати по кревет и тумна доле. Поплака и после се смееше. Иако се е на под, еднаш ќе го оставиме на спална и ќе падне. Само да минуваат со лесно.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.