Ајде, тој е важно лесно да поминува Ти претпоставувам нема да заборавиш, како ни мајките овде што пишуваат дека паднало, до детаљ се сеќаваат како било. Важно тој е добро
Сите три ми имаат паднато како малечки . Синко во кадичката при бањање , ќере од кревет ( лазеше ) ја оставив да спие , она се разбудила додека бев во тоалет и се обидела да слезе па се превртела , а другово ќере некни од фотељата на која спие преслекувајќи ја , ми се извлече ( многу активно бебе е , има неполни 3 , а како да има 6 месеци е ) и ми падна . Абе жива се јадев секој пат кога ми паднале . Среќа , во несреќа , без последици и повреди поминаа . Се трудам најмногу што можам да внимавам на сите три , ама некогаш се случува ете и пред очи ми се и пак ќе паднат . Само да ги чува Бог , да минуваат без повреди .
Прв пат ја отворам темава, грутка ми се прави само кога ќе прочитам насловот. Денес ми падна од тросед на земја. Утрово стана рано па нешто нервозна, кога заспа ја држев во раце за да уцврсти. Ми спиеше во раце 20 мин. па ја оставив на тросед да спремам доручек за дада и. За 2 минути се струполи на земја. Не се ни сеќавам во која положба лежеше како удрила. Знам дека веднаш заплача. Брзо се смири, па и се смееше на дада и, и таа исто се исплаши па ја забавуваше . После лежеше на земја си се врти фаќа играчки, цицаше... 3 часа поминаа. Ако повраќаат тоа доаѓа веднаш или до 24 ч може да се случи. Читав некои плачат, да можев да си се исплачам барем, јас се осеќам некако фатена во цело тело, ни ручек денес ништо од мене.
Леле по цел ден по сите викам да ја пазат ,на крај мене ми падна. Значи на секунда отидов во кујна ,сосем во кош на гарнитура беше. Не ми е јасно како успеа. Ни дали се удри баш на глава.... Само слушнав туп и што да видам бебе странично лежи на земја и плаче заоѓа. Кратко плачеше ,ја држев будна околу 1.5 час. Повеќе не можев и се цицаше и цицајки заспа,се разбуди по 20 мин ,весела е се смее. Таа не повраќа ,јас повраќам . Како можеев. Многу се плашам.
Не се плаши, ништо не и е. Еве прочитај нагоре, прочитај ме и мене. Назачки ми падна директно на тилот на паркет и се беше во ред. За тоа како се чувствуваш скроз те разбирам, јас уште не можам да се помирам како можев ама полесно е со тек на време
Не знам како падна не можам ни да се сетам ни како ја кренав. Ламинат ни е долу и има тепих. Мм беше во другата соба ,не ни претпоставувал дека падна ,мислел јас лупнав со нешто па се исплашила. Раце ми се тресат уште. Фала ти
И мене ми падна од гарнитура сосе тешка перница ја избутал се извртел за минута и слушнав туп туп само со рацете беше доле т.е. на меше главата немаше нигде црвено предпоставувам дека на раце паднал баш дента се погодивме и на ортопед и рече само бебињата се многу пожилави одколку што ние мислиме треба од ептен високо да падне па да се случи нешто. Повеќе јас го извадив од памет кога го кренав во раце почна да плаче да пристапев по смирено немаше ни да плаче зошто кога лежеше не плачеше, нормално страв во коски што и како му е али сепак добро пројдовме
И беба нема црвено нигде ,ама има многу коса на главата не можам да видам. Јас смирено и пристапив,после ме фати паничен напад. Она првин зајде па си дојде на себе . Ја следам цело време нема ништо фала богу.
Ништо страшно. И мене ми има паднато до сега 3 пати. Се потресував, ама кога ќе се осигурав дека нема ништо се смирував.
Не ми се верува дека дојде редот и на мене тука да пишам. Ми падна од едно 50 см висина мека табуретка на ламинат. Се случи за минутка. Останав смирена за некое чудо го кренав поплака и толку. Не гледам некоја џумка. Само страната на која беше застанал кога ќе му го бацнам главчето до пред малку негодуваше сега и тоа не му смета. Како да правам? Да го држам буден ли и колку? Уф знам дека на сите се случува ама срце ме боли.
Треба да се следи во рок од 24-48 часа дали има некое несвојствено однесување, да не повраќа во млазови, да не се успива предолго, односно кога ќе спие да реагира на будење. Исто така зениците да му се проверат дали исто се шират кога му се доближува и оддалечува некој објект... допирај го по тело и главче да видиш дали реагира ако го боли нешто За да бидеш мирна јави се на доктор, не знам колкаво е бепчето
3.5 месеци е. Главчето цело неколку пати му го поминав. Не реагира нема зацрвенето. Цицаше и сега ми заспа. Реагира на будење лесно само негодува баш време за дремка му е. Да го будам или да го оставам да одмори неколку минути?
Ништо не му е штом реагира нормално, остави го нека си спие. Кога ќе дојде време за јадење, разбуди го.
Еве ме и мене тука Малата падна од гарнитура, маж ми беше до неа, станал да го земе далинското,јас бев во спална само слушнац туп. Била легната со грб кога се свртел. Плачеше, се смири, после се смееше. После пола саат заспа. Немам мир. Да ја следам следните 24ч, дали да ја будам на 2-3 ч? Уффф ќе си пукнам од мака
Епа да си направам и јас добредојде на темава. Ете се случи и тоа додека јас бев до него, проклето нека е, никогаш не претпоставував дека мене може да ми се случи бидејќи постојано сум до него и никогаш не го оставам сам, или кога морам го оставам во креветче. Му постилав да го ставам на земја да си игра во меѓувреме него го оставив на гарнитурата да лежи, и додека бев наведната наеднаш направи туп и детето се најде до мене, падна на стомак, со мешето и главата падна врз тоа што му беше послано мекото, а со нозете на ламинатот, не почна да плаче ама јас наеднаш викнав изгледа од тоа се потресе го кренав во раце и почна да плаче, се се случи во една секунда буквално и сеуште ми е како низ блиц колку брзо се случи. Плачеше една минута, после се смири, си играше, се смееше, јадеше и сега заспа, јас се изнаплакав од мака и тоа каква мајка сум, како можев да не бидам внимателна. Му кажав на маж ми кога дојде и ме смири малце, рече ништо не му е. Го соблеков цел го проверив и на главата нема ништо, ама уште сум испаничена. Вака што ве прочитав и вас сега малце ми олесна дека не сум единствена, ете можело и додека си до него во дел од секундата да се деси.
Еее Феминки, и мене ми дојде ред на темава да пишувам... Денес Војдан беше во транспортер и транспортерот пред телевизорот доле на земја и гледаше цртани, а јас во кујна правев ручек...И во еден момент слушнав необично плачење...Дотрчав и кога видов - излегов од контрола од стрес и не знаев кај сум - Војдан паднат на ламинатот, лежеше на стомак и лицето залепено на ламинат... Во моментот кога го кревав ми проструи слика низ глава дека ќе го видам целиот во крв искршен во лицето...За среќа на лицето немаше ништо...Го земав во рака и отидов на прозор да викам по маж ми (он беше во двор)... Плачеше неколку минути и престана... После си беше најнормален како секогаш, весел и си играше ... Душа ме боли за ова... Не го однесовме на лекар, а можеби требаше...4 ипол месеци бебе да излезе од транспортер и да се преврти на земја... Пола саат сум плачела прееска...
Врзувај го. Сега почнуваат да се исправат и така има паднато. Душичка сигурно не му е ништо. Мекички се уште. Јас лично многу се притресувам при пад кај дете бебе небитно. А нема бебе или дете кое не паднало или нема да падне. Но душа ме боли
Можеби посегнало по далинското да смени цртан. На транспортерот мислам дека пишува да не се остава без родител. Обавезно врзано и со тебе во кујна. Ама на сите ни се случило и дел од секунда е. Мене прв пат кога ми падна јас до него седев, а бев мајка што и кога кивав го држев едното око отворено за да го гледам. После трет пат веќе не се ни забележува дали паднало.