Mene ne mi padna lele deteto ima 9 dena jas go doev so telefon vo raka i telefonot mi padna na glavceto uzas vaka ne placese i kako sto ja gledan dobra e.. nz da ne moze nesto da i bide?
И мм го беше треснал син ми со телефон кога имаше 3 или 4 месеци. Освен што плачеше и му беше модро местото,друго немаше. Сигурно го болело,пробавме иние да се удриме така и боли баш . Штом не плачело вашето можеби и не го здоболело.
На моја другарка така и падна исто плачеше 30 секунди потоа се смири. Го однесе и на доктор ништо не му беше само и рекоа да го следи однесувањето 48 часа. Имаше во почеток малку црвенило ама не му помодре.
Мене ми падна кога имаше 46 дена од транспортер да го однесам до колата толку е била стабилна рачката а не беше врзан падна на паркетот ама среќа тежок ми беше трансп па го носев ептен ниско веднаш заплака поплака како 10 тина мин и после ништо гп носев на лекар немаше страшно еве го сегс 6м здраво бебе.. Ама од тогаш одврзан никако и пазам премногу
Немма сила да пишам. Само на кратко... Спиеше на гарнитурата Војдан и бев надвор неколку алишта да пружам и го гледав од прозор цело време спиеше. Таман да влезам во соба слушнав тап удар и силен плач. Со два чекори влегов во дневна и го најдов доле на ламинат легнат на грб и силно плачеше... Пред саат време беше ова. Не му е ништо сега. Нема никаков траг. И пишав на педијатарката дали д аго носиме во болница, не можам д аја добијам...Телово не си го осееќам , пиев таблети за смирување.
Искрена да бидам би го однела да сум мирна. Сепак викенд доаѓа. И плус паднал на грбче сигурно со главчето удрил на под. Ја сум паничар за вакви работи да ми се случело би го однела сигурно
Поминаа 24 часа, не му е ништо. Нормално се однесува како секогаш што си беше и нема ништо ниту на главата ниту по телото. Педијатарката ми рече одлично штом нема никакви реакции и не го однесовме на лекар... Уште сум загрижена ама апсолутно никаква реакција нема детево... Беше и кебенцето паднато заедно со него, а можеби и тоа го амортизирало ударот... Понекогаш си мислам дека некоја натприродна сила го штити моево дете бидејќи уште во стомак кај мене му беше ризично и неизвесно...
Од кога ми падна првиот пат реков дека веќе никогаш нема да го оставам сам, ама вчера пак се случи да ми падне. Бевме се шетавме и ми заспа во количка, кога стасавме дома го легнав на спална него го заградив со перници и реков ајде на брзина да ја качам количката да не стој надвор, само што ја качив кога слушнав еден силен удар ми се пресокоа и раце и нозе и наеднаш почна да вришти, одма влегов го дигнав во раце смирено и пробав да не паничам, ама многу силно тресна детето, он се смири по 10 минути, а јас уште не можам да се смирам цела вечер не спиев еве го денес пак го следам и добар е фала Богу, цел ден си игра и се смее, се обвинувам за тоа колку несвесна мајка сум и се прашувам како и со што јас заслужувам да сум му мајка на ова дете кога не успевам да го пазам?
Бебињата се доста жилави па за да се случи нешто непосакувано шансите се мали треба ептен да падне од високо за нешто да му се случи. Али сепак подобро во креветче или сврти уште некој круг додека спие одколку на спална или веќе ако го оставаш на спална има такви огради па земи две ќе ти завршат работа.
Он преку ден цело време си е на земја или во релаксатор врзан, ама вчера дека спиеше и затоа го легнав на спална, а размислив два пати еднаш да го ставам во креветчето ама реков ајде спие нема шанси да стане и да ги избутка перниците, а и брзо ќе се вратам. И баш како да ме тераше нешто да го легнам таму, се случи веќе.... Господ нека го чува само, колку и да пазиш некогаш и очи на тилот да имаш може да се случи нешто непосакувано.
Мојов е во фаза на проодување, неколку пати падна деновиве .Се држи за табуретка,за клуб маса , се смее,скока и во секунда губи рамнотежа и паѓа на паркет доле и плаче. Колку и да го пазам, секунди се во прашање. Дури и во креветче кога е,скока ,се исправа и иако имам оградица ја бутка и пак се удира и во креветчето. Прво бебе ми е,и првиот пат мислам срце ми застана кога падна ,ама зборев со другарки кои имаат деца и сите ми рекоа нормално е да паѓа додека учи да оди, па малку се смирив иако не ми е сеедно и уште се потресувам на секој пад. Но, како да спречиме пад? Не може. Сум отишла до тоалет, на под сум го оставила да игра, се враќам за минута тој станал и се држи за клуб масата и додека идам према него паѓа...да се живи,здрави, ваљда Господ ги чува при вакви падови, викаат така деца растат..
Sakam da spodelam iskustvo denela mi bese najlosiot den od koa se iam poroden.Vaka da mi.kazete mislenje detetomoe pocna da gi trie nozinjata posledniot period i napati mi place mn pred spienje. No deneska mojata ucena svekrva me ubedi da go odeseme na trijacka .Koa ispadna rabotava deka ramenceto mu e izmesteno i koa pocna da go tegne so ednoto race so drugoto i ednoto ramence mu krcna. Deteto placese no ne mn.ama gletkata bese strasna, ama bev nervozna so toa so gi potcenuvaat doktorite demek bajacite i trijacite se so fakultet.Molev boga na deteto da ne mu bese nisto oti sum mn gnevna duri se ispokarav nemozev da izdrzam vise.
Не разбирам што е тријачка? Нешто како бајач? И го тегнел за рамо? Извини ама јас ептен тешко успевам постот да ти го разберам
Носи си дете на ортопед не знам зошто си играте вака. Нека го проверат да не го исчашил уште повеќе што го тегнел. Бог да чува што да кажам. На нас жените памет не ни доаѓа
Мајка, не оставај да ти тегне дете никој друг освен доктор ако за нешто има потреба. Леле нездрава работа, му тегнела раче за да му крцнело рамото, изместено било Тријачка првпат слушам