Да знам дека не треба ама секунда беше знам дека таа повеќе ја имам исплашено со тоа што скокнав и извикав Фала ти
Прв пат на 4ри месеца.Ми се изврте од креветот и директно на пархет.Не очекував затоа што беше мала и ја оставив сама на 10 секунди да и земам пелена . Заплака веднаш но ннеможев да ја задржам будна зошто и беше дојдено време за спиење.Среќа немавме последици никакви .. Тој ден животот ми се скрати за 5 години со сигурност
Ја мразам темава и не ми се верува дека дојде ред и јас да пишам. Бев во када, слушнав силен тресок и вресна наеднаш. Спиеше во бејби нест на сред спална, се има разбудено, инаку мирно спие. Веднаш знаев што е. Му се изнавикав на мојон, не ни слушна... Малиот исплашен, липаше. Црвенило на лицето и на челото мала џумка. Се смири, сега е весел и си игра.
Majki ve molam za sovet i mislenje od iskustvo bebenceto mi e 6 nedeli utrovo mi se izlizga i padna od visina 30-40cm na pod zavitkano vo kebence ne go vidov kako padna svrtena bev nemase 30 sekundi no sigurno go udrilo glavceto zaplaka vednas okolu minuta dve i kako nisto da ne bilo pobara da cica i si zaspa kako voobicaeno, go izgubiv pametot od grizi i panika, pediatar mi kaza da ja sledam da ne pokaze nekoi simptomi zasega se odnesuva normalno si stanuva cica si zaspiva pak, mirno detence e i denes mi e mirna.
Ти ја разбирам паниката ама најверојатно ништо не и е. И добро штом си се консултирала со лекар. Да знаеш јас колку бев испаничена првпат кога пишав во темава, плачев со денови и скокав во сон зашто го преживував моментот секоја вечер. Сега малиот од што спие немирно ми паѓа од спална еднаш неделно. Пред два дена трчаше по гарнитура, не успеав да го стигнам и падна директно со главата на ивицата од масата. Страшно изгледа посебно за нас како мајки ама толку се жилави што најчесто поминува без никаков проблем. Ти секако пази ја колку што можеш за да не се повреди ама вакви ствари се случуваат особено понатака кога ќе проодат, не си ставај на срце
На сите ни се има случено. Следи го бебето. Јас бев помирна после неколку дена од пад инаку после 24 или 48 часа заборавив како беше ако нема ништо тогаш се е ок. Првите неколку часа се како најкритични. Остани смирена и следи го бебето, не се обвинувај, не си единствена. Друг пат оставај го во креветче.
Вчера ми се скрати животот Седевме во двор кај мајка ми и ќерка се лулаше на лулашка, од големите, метална, повеќе од 5 години ја користиме во дворот и за другите внучиња ама досега ова не се случило, се откачи ланецот и дете летна на бетон. Удрена е најмногу на колената, модри се ептен, ама и главата ја имаше добро закачено.. Се жалеше само на болка на ноџињата, добра си беше инаку се но утрово кога се разбуди кога застана на нозе почна да се дави и поврати. После тоа имаше течна столица па додека јадеше поврати пак. Ја прегледа свекрвата(доктор е) кажа дека е ок, ама некако неможам да се смирам, од таков пад неможе ништо да не е...
Ох душа мила со помин да е мама Чим свеки вика добра е значи не е ништо страшно нормално е да има болка ама со лесно да е само
И мене ми дојде ред да пишам на темава Синко не беше спиен, па за втората дремка го заспав и истовремено ни дојдоа гости. Седевме преку една соба, но го проверував на секои 3-4мин. Држев затворена врата за да не се разбуди. Има обичај да се разбуди на 45-60мин. па да го презаспијам. Никогаш не станал директно од сон, најпрвин се расонува. Арно ама овојпат тој станал од креветче (споено е со мојот кревет и од мојот кревет треснал долу-го најдов пред мојот кревет). Кога го затекнав липаше од што се исплашил и беше студен на лиценцето. Бев смирена, но ми се скрати животов. Веднаш го измив и му дадов да цица. Паднал на нос и на средина на челцето е удрен, има малку црвенило. Ставив ациди за да се намали евентуален оток. Засега нормално се однесува, оди држејќи се за мебел, си игра, ама ме загрижува што се прозеваше 5-6 пати. Не знам дали да го дефинирам како сонливост, затоа што фактички од сон станал и паднал, па можеби затоа и се прозеваше. Го следам и понатаму секако. Дали мислите дека има простор за алармантност? Да одам да го прегледаат/снимаат? И не знам ниту каде би го однела сега на снимање освен приватно...
Следи го 24 часа. Невообичаена сонливост, особено да пратиш дали ќе повраќа или ќе му се гади, тешкотија со рамнотежа, губење свест, и прати ги зениците дали се во големина различна една од друга или невообичаено проширени на силна светлина. Најчесто не е ништо сериозно, многу деца паѓаат на глава, дури и тие што имаат потрес на мозок се опоравуваат брзо без последици, ама мое лично мислење е, така јас би постапила, секогаш би се консултирала со доктор, секогаш. Не мислам дека ќе ви предложи снимање, ама јас секогаш би побарала доктор, ако треба барем преку телефон.
Ја однесов вчера вечерта на лекар, поврати пак, имаше пролив па качи температура. Снимката беше ок. Денес нема ништо освен намален апетит.
Ajde eve me i mene vo temava....bebe mi padna denes od spalna vo spienje. Spalnata soba mi e zid bracen krevetce i zid...taa legnata na sredina na bracen za dremka,se podrazbudi uplakana i dadov cice produzi i posle 20min za slusam pak place koa gledam taa dole sose jorganceto umotana. Uspeala nekako da se izvrti i da padne tamu kade sto zavrsuva nejzinoto krevetce. Ja zemav poplaka 2-3 min se smiri,jas cela potresena ja gleam mrda race noze glava ok vrtam kaj tatko i koa go slusna na spraker pocna da se smee da vika da mu prai muabet...si vikam ok e dobra e. Teoretski znaes deka bebe koga togas ke padne ama potresitelno e koa ke go vidiv dole na zemja spruzeno, sreka so jorganceto pa valjda se amortiziralo a i bracniot ne e neso mn visok. Isteravme 6.5mes bez paganje....leteci pekinezer moj