Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Многу се жилави бебињата повеќе од тоа што ние знаеме :) Прати го бебето како ќе биде ако повраќа носи на лекар ако нема ништо нема простор за паника. Уште колку ќе паѓаат додека да проодат и од кога ќе проодат ехеее на крај ќе викаш стани ништо не ти е :D
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    Јас на моето до неа и ставам перница , уште не може да ја прескокне и помага да не падне.Обавезно на бејби кам ја гледам откако 2 пати падна.
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    More vise od krevetce ne iskaca taa
     
    На Oneo, Ava.84 и Осе им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Моето не паметам до годината да ми паднало, ама затоа од кога е прооден за сето време од кога е роден има надохнадено :sweat:
     
    На Pacient srna, Осе и Brpbrp им се допаѓа ова.
  5. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Кој има слично искуство нека ми пише во лп. Бебе ми падна минатиот петок и првите 2-3 саати не поврати си беше супер. Ама од тогаш почна многу да ми го повраќа млекото. После секое јадење по 3-4 пати.
     
  6. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Еве ме повторно, со тешко срце. Сношти во спиење падна од кревет на плочки. Се расплачи ама одма се смири продолжи со спиење 3 саат беше, не можев да ја држам будна. Сабајле беше весела и насмеана, нема ништо на главче, ги известив во градинка, па после имаме термин за на педијатар. Значи душава ми се треси мислев дека сонувам
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Тоа е мајка не се потресувај, Господ нека ги чува само.
    На сите ни се има десено, ехее тек кога ќе порасне ќе почне да оди и да се качува сегде, тогаш колку ќе паѓа.
    Знам некогаш колку и да внимаваме се случува, деца се и ќе паѓаат, на крај па и така растат децата, а од стресот така побрзо старее мајката. :rofl: :angel:
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски

    Се исправа се удира ама никогаш од спална ми нема паднато, а тоа да така растат а и мајката старее на 23 години пола коса ми е бела(facepalm)
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simka212

    simka212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ох мајки душа немам,денес на мајка ми и падна ќерка ми од транспортер изгледа не го фатила убаво и се лизна среќа имаше подебело ќебе врз неа падна врз него и од ниско на бетон ама вика ја видела на обравче паднала не на глава и на образот има малку модричко заплака одма штом падна па се смири брзо ама кога спие сега ми се штрека изгледа се исплаши ептен има месец ипол ја пипкав по рачиња секаде не ми реагира на болка многу ми е страв живот ми се скрати не можам да се смирам сега и во сонче испушта звуци страв ми е да не ја боли нешто ќе полудам како не ја земав јас животот ми застана..
     
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.183
    Пол:
    Женски
    Ако си ептен потресена однеси ја на педијатар да ја прегледаат за секој случај и следи ја.
     
    На simka212 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.489
    Допаѓања:
    12.571
    Пол:
    Женски
    Нека не ја зема мајка ти во раце ако не може да ја држи, таа мисли дека може ама чим и паднало значи не може, срам не срам ќе и кажеш, вие ќе си трпите после ако му биде нешто, затоа со време кажи си..
     
    На Pacient srna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Ништо сега следи го детето, оно толку мали и без ова се штрекаат во сон, не мора да значи дека од падот се штрека сега.
    Следен пат врзувај ја во транспортерот, тие каиши се за тоа, да биде бебето безбедно.
     
    На Poppins, Ljubova, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. simka212

    simka212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Секогаш ја врзувам ама баш секогаш и сега дека на кратка релација викам ајде добро и ете што се случи ќе се утепам,фала му на бога се е добро ја виде педијатар малце ми се смири душава
     
    На Poppins и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  14. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.372
    Пол:
    Женски
    Нема кратка долга релација. Секогаш врзувај. Не се секирај мајка, следи ја смири се и гушкајте се сега.
     
    На Poppins, simka212, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    5.641
    Пол:
    Женски
    Како може вакви осуди од едно паѓање. Еве мене од кревет ќе ми падне и не ли сум способна да го гледам што ми паднал пред мои очи или ми се лизнал. На секој може да се случи , другпат нема така да се повтори неврзано да го носат во транспортер ќе пазат подобро и тоа е се. Сигурно и на мајка и не и сеедно , па и транспортерите не се лесни , и рака се здрвува и се.
     
    На koritsaki, IRBBB, Chanell* и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Бебе и падна на свеки пред три дена, од кревет на под.
    Има модринка мала на челото ама цел капак на окото е лилјаков, целата повреда на окото отишла.:(
    Жената плаче три денa, ама не можам да ја кривам, за секунда влегла до тоалет, и ова мое “умно” бебе ... ахх,само да прооди.
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    18.314
    Да прооди ќе има уште милион модринки:D
    Се нервирав на секоја една модринка по нозете,а таман ќе му поминеше му излегуваше нова.
    Кога имаше на лице го мачкав со крема од фризидерм за модринки. Не сум сигурна дали делуваше кремот или сами од себе си поминуваа.
    Деца се,така растат падни-стани.
    Моево е сега 2г,скоро се удри на лице и му стоеше 2 недели модринката. Он си поплаче во моментот и заборави,а јас го изжалив 14 дена со толкава флека на лице...
     
  18. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Уф знам, ја памтам поголемата ќерка кога прооде т.е она протрче а не прооде, како ја омодре устата.
    И уште колку пати паѓала ..
    Ова цел капак е модро, лилаво, отечено, окцето затворено 2 дена и беше.. не беше баш обична модринка ..
    Среќа отокот спадна и и се отвори окцето, модрото ќе помине..
     
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Мораше и ова да се случи. Буквално секунда беше. Му сменив памперс, му дадов мече да си игра и станав да раздигнувам. Не се ни фатив за работа, одма си викам поарно да го ставам во креветчето, не ми е сигурен на кревет и додека се свртев за да го преместам он буп на земја. (facepalm) Среќа за брзо се смири, не плачеше многу.
     
  20. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Мојава не да паѓа охоооо. Почна да се дига и беше оставена на кревет заградена од сите страни и јас во кујна и бидејќи се ја интересира се дигнала на ќебето да види што има доле на под и се преврте, па имаше една гребаница. Стандард додека се јаде мора да види и она и пак си се преврте. И затоа сега ја ставам на средина на пуштен кревет па може да прави што сака.