Јас незнам што ќе беше денов денес вчера прво си игравме со ќерка ми, потоа ја повлеков за раче за да стане и оддеднаш почна јако да плаче, потоа приметив десната рака не ја мрдаше , неможеше ништо со неа да фати, гледав да не е извадена раката но не беше. Навечер неможеше да спие , станавме и ја однесовме во градска. Таму па гужва невидена и отидовме во државна на ургентен. Таму ја видоа , и рекоа дека не е скршена раката, може да е изместена некоја жила. Отидовме дома ноќта цело време плачеше неможеше да лежи на десната страна...сабајлево отидовме на детско, таму ни рекоа бидејки она не е македонски држ. ќе мора се да плаќаме , а не морало бидејки не е скршена. Отидовме пак во градска, еден доктор ја виде ја фати за рачето и рече дека е изместен зглобот. И ја намести раката и по 10 мин. Почна да ја мрда. Немате појма колку тешко ми беше, ке умрев од грижи' потоа дојдовме дома па така убаво ја удри главата од циментот , и помодре челото но среќа и потпомина. Аман веќе само Господ нека ги чува уфффф...
Денес рпв пат се струполи бидејки спиеше на гости оградена со две перници и едно огромно мече . Вака не и е ништо еве веќе 3 ти саат тече како падна ама ништо симптоми си игра јадеше се најнормално . Бевме на лекар добивме упат за градска за секој случај дека викенд иде . Маката ми е што не знам како паднала иако беше дел на перниците дел на подот бидејќи нив прво ги избуткала , немаше 5 мин како ја ѕирнав претходно спиеше цврсто
ВЧера малово беше со татко и кај една кукиЧка за деца , таму си играле ... и несакајки малово незнам ни јас како паднала се превртела од прозорЧето и паднала на грб , главата си ја удрила ... а има пола метар висина животот ми се скрати Срека ништо посериозно После бевме исто на едни лулашки , па од таму едно детенце слуЧајно ја подбутна со лулашката па ова моево пагање на глава ... Пак а пазев идев по неа ,амаа ете ......
Од секогаш ми било страв да не има потреба да пишам во темава, и еве денес ќе морам Мојот бебуш денес прави 3месеци и мноху е мал за паѓање А и јас не бев свесна дека може да се превртува по 3 пати, од грб на стомак па пак на грб. Прееска го хранев и за секунда го оставив на тросед, ( имаше место за уште едно бебче до него значи) , станав да дополнам уште 30 мл дохрана во шишенцето, и кога слушнав траас и по две секунди вресканици. (Сакав да прашам каква врска има тоа што не заплака баш веднаш, читам нешто со губење на здивот ) Ќе се убиев, јас не знам баш да реагирам во такви ситуации почнав и јас да вриштам и плачам Среќа мајка ми беше тука па двајцата не смири... Сега сме добри, гледам да не го заспивам два часа ама не е ни поспан баш, си игра во релаксатор, кога му зборам ми се смее... Се надевам ќе помине без последици, инаку нема да си простам
HeidiDiWalt. како е малото сега? Инаку не се плаши што не заплакало одма, си заплакало за некоја секунда, и они после прво паѓање треба да се освестат што им се десило...Битно е да не падне баш на тил...Штом не бил поспан, не му се мател погледот, не повраќал...добар е. Па и си играл...Абе бебињава се доста жилави,иако ние ги гледаме како малечки,нежни. Не се за џабе направени такви р‘скавчиња како мали,да можат и да паднат некогаш,и да се свиткаат... И мене малата ми падна на 3 месеци, она па скокаше наназад и тресна некако доле,па јас плачев погласно од неа, ептен трагично го сфатив, и пак (недај боже) да се деси пак ќе ми биде трагично, ама ете жива здрава е. Не се секирај, добро си е малечкото.
Да, бебињата се жилави и нема страв дека ќе и биде нешто кога ќе паднат. И кај мене син ми на 3 или 4 месеци не се сеќавам баш, ми се преврте од креветот со перници потпрен, му правам млеко и го гледам плус, значи пред очи се преврте , ги избутка и перниците и трас доле на земја, на глава падна и плачеше едно 2,3 мин.и се смири после, си играше, се смееше, јас жива да не сум, се испаничив, цела пребледов и одма на мајка ми вртам, ми вели ништо страшно, штом се смее и си игра нема место за паника
ете и јас пишав дека ми падна на 5 месеци па јас цела испаничена оти мало ми падна и тоа мое невнимание сама си сум крива признавам, повеке трагично е што моето бебувче спиеше значи цело се изуплаши и мм го смири него за да можам и јас да се смирам и двајцата си плачевме нормално, само ништо да не им биде они ке си паѓаат допрва Јас од цела паники дури наболница сакав да го носам а бебушко ме гледаше и ми се смееше од ко се смири тој, а јас никако
Ех мајки ке пагаат допрва ... Моево веке е големо , има повеке пати паднато те од кревет, од секаде Последно така што ме извади од памет е кога падна од оние кукиЧки со лизгалка , од прозорЧето има некаде пола метар , се преврте и директно на глава на тврди плоЧки Не бев во моментот таму , мм беше со неа и кога ми кажа што се слуЧило ми се стемни !!! Ништо срека не и беше на малата ,ама треба мнооооогу пазење не дај боже малку треба да се слуЧи нешто сериозно
Страшно е возрасен ако падни, а за дете лесно е. Жилави се, мекушест, и нормално е да си паѓаат, нели така растат. И ние како деца колку сме паѓале, па здрави живи сме, не дај боже сега да се струполиме, одма ќе шиниме нешто.
Добри сме ние мамички =) Фала му на Гспод, исто ко да не паднал... Ама ова за памет ми беше, сега не го тргам погледот од него сем ако не е во креветче =)
Kолку и да пробуваш да допазиш дете, никогаш не е возможно. Тука се работи за помалце од секунда. Јас на пример сум се превртела со се корпа за спиење на 2 месеци, а ќе речеш мало бебе...И тоа корпата целосно ме покрила, а како сум успеала ни мајка ми не знае, вика и не плачеш, си наниш мирно. Во тие моменти не смее да се паничи затоа што од таа паника може само полошо да се направи, на пример, да не заприметите некој гест на детето кој што би открил повреда. За бебе, никогаш не ми паднало, ама некои поголемки деца, кои ми биле дадени на чување, ќе падне ќе се удри, и јас гледам реакција, знам да кажам бравооо ајде опа сега, или да се смеам ....или пак доколку е немирно некое дете, му велам глас сега да не си пуштил сам отиде таму. Нормално ако нема некоја си повреда. Така да, детето мора да падне за да научи што е опасност.
Ете се случи и кај нас. Денес сабајле уште успано го ставив на спална и само што се свртев позади мене да земам марамици слушнав нешто БАМ леле кога врисна Леле кога вриснав јас, па врисна и другото и сите тројца си плачевме добри 5 минути и се смири.Одма го соблеков го проверив, му ја испипкав главата не реагира. Му ги мрдав рачињата, ноџињата исто. Е сега на челото имаме црвенило. Одма си почна 300 на саат, да се врти од меше на грб и така по едно 100 пати, се смее, правиме браво со рачињата и не покажува никаков знак дека нешто го боли. Не знам дали да преземам нешто, мм вика да не го носиме на лекар само беспотребно да го тормозиме, но јас ете не сум мирна ....
Денес како ни тргна прво се разбудивме со кивавица и растечено носе за подоцна кога излеговме надвор на сонце да паднеме од количка право на бетон плачеше душата ама брзо ја смирив (мирничка е во принцип) на челото и се појави црвенило , јас за секунда влегов да ја проверам дадичка во вц беше кога надвор тарасата се стресе ,истрчав и што да видам бебушка под колочка и вреска на глава паднала ја држев будна 2 часа ,јадеше ,цицаше ,кенкава е цел ден ,пробав да ја успијам ама за кратко се буди и плаче ,не знам дали е исплашена од падот или повеке има мака со носето офффффф јас с=да се искажам да ми олесни малку ..... не можам да си простам .....
Господ да ги чува само... Како растат се повеќе трчање треба И мојава денес двапати, скокаше на креветот и бам со устата по дрвото од креветот кога почна да плаче си викам готово ги скрши забите...среќа се гризнала тој момент па малку од внатре устата ја расцепи и крв и течеше сега поручек пак скокаше на троседот и оп на глава и тоа право на плочките аман веќе
О и кај мене пред 2 вечери ми падна син ми од троседот на плочките, на глава директно, среќа имаме дебел ќилим па колку толку е позаштитено, плачеше едно 5 мин и се смири после, си играше....
ми се случи и мене денес, и тоа и јас со се него, среќа тој падна во моите раце, но сепак мислам дека малце си ја удри главата, и тоа надвор, пред една рибарница, беше лизгаво... веднаш почна да плаче, со него и јас... среќа имаше и една жена, господ здравје да и даде, таа ни помогна, не однесе дома, му даде мед и вода, се смири, ама плачење ли беше, се смиривме и почна да гуга, да си игра, сега за сега сме супер, па ќе видам што ќе биде до после, белки не е ништо ... само господ да ни ги чува децата од лошо
Моето бебе уште не паднало ама еднаш кога имаше 8 месеци во креветче си беше и маж ми на поминување го бутна играчето што и се врти над глава и што има музика кое тежи бааѓи (бог знае како се вика) и тоа и падна право на глава и си имаше џмучка едно недела дена и рикаше 10 минути.