Не се плаши толку. И кај мене се превртува од 3месеци сега се крева скроз и газ и се. Се удира,се заглавува со раката под неа,се нервира... Ама мора тоа да помине. Тек кога ќе почнат да се исправаат па колку чукања ќе има. Не сум ја ставила во вреќа до сега не поднесува одма е вриштење. Ќе се удрат нормално е,не може да ги допазиме што и да правиме. А за тоа дека ќе заглави рака нога и ќе скрши не верувам. Бар ја не познавам ниту едно такво дете. Опушти се ни раснат бебушките,а со растењето доаѓаат и гребнатинки и по некоја модринка. Мислам нормално е
Се согласувам со Развигорец, не може до толку силно да се удри за да скрши нешто, недајбоже. И нив ги здоболува па престануваат, не се секирај. Моево од вториот месец си ги пика рацете и нозете меѓу решетки и плеска по нив мислиш харфа свири Џабе ќе си ги даваш парите со оградици и вреќи, ем само може да го изнервира, ем пак ќе си најде начин да си ги пикне рацете кај што не треба. Штеди живци за кога ќе почнат да паѓаат од трчање / стоење
Со вреќичката закопчана и со ќебенце тенко внатре повиено спиеше од 8 синоќа до 5 сабајле. Ќе терам така дур можам. Обично ќе станеше во 2, сега спиеше. Малку се опуштив.
Имам мека оградучка, само оставени е место за даго гледам, и баш таму се заглавил. А вреќичка имам за во количка, за сега ми врши работа. Дека е ладно времето. Кога ќе се стопли, ќе му ја мислам.
Си купив денеска летна, пишува од 6 до 18 мес. Кога ќе стопли таман во неа. И плус купив ортопедски перниче со дупка како крофна. Одма си заспа на него. Фала.
И јас да се преклучам на темава за жал. Ја успав ја барикадирав со перници на спална. Дали станала па почнала да лази (пошто после падот на креветот лазеше) што се случило не знам слушнав само едно одвратно туп и плачење што уште мислам го слушам. Заработивме модрица на чело. 6 месеци е иначе и се е океј за сега лази по кревет.
Се дешава, стави тепих или нешто друго околу спалната каде спие за друг пат ако се случи да не падне на ламинат/паркет директно, има и едни во Веро се редат, како коцки, сунгер, и тие се доста практични за да се ублажи ударот кога паѓа..
Се случува знам ама јас жива се изедов Сега по два јоргана ќе ставам од секоја страна плус јастуци... Мало е бе, пак ја ставам на спална она пак натака идд нема разбирачка што да се разбереш со 6 месечно бебе
Ставај обавезно до креветот нешто меко, бар ако падне да не ја боли. Инаку, шетаат во спиење и поголеми, не знам кога почнуваат мирно да спијат. Моево од креветче станува, ме прескокнува и шета по спална. Колку пати се вадам од памет, не можам да го најдам во темницата, а тој ми легнал на нозете. Мини срцев удар. Кога проодуваат особено е изразено тоа шетање, неколку пати си станал сам и си легнал во дневна, не можам да ти го опишам чувството додека го најдам каде е.
Лелееее готово јанза ме изеде све ми е псметот тсму... Све мислам пак ќе падне еве уште неможам да спијам а 1 саатот е...
Штом си е весело бебе ништо страшно. Јас никако не смеам да ја оставам на спална. А кога е во креветче од отворената страна ставам кебиња и перници за да неможе да прескокне. Инаку многу лази и превртува во кревет Не можеш да ја осетиш дека е будна. Се буди и одма седнува и се пушта во погон.или се исправа на креветче или пак лази и бега. Ум немам од тоа паѓање. Кога сум сама пак не смеам ни до вц да идам. Кажувајте чаре!
Ее ништо. Моето вчера се испружи на улица, решето се направи. Ја почнав да го носам заедно со мене во вц. Го ставам во коритото и пред него играчки и партали за да се занимава. А за да завршам некоја работа обавезно во дубалото, друг начин нема, обавезно се искачува по масички, по комода, може да тресне на земја.
Јас дур спие не ја оставам без надзор зашто споено е креветчето со спална и шета. Кога се буди, не плаче, и не можам да знам кога ќе се разбуди. А кога е будна на земја ја оставам дур до вц да отидам некогаш си доаѓа по мене, некогаш се заигрува. Јас на работа тргнав, татко и ја чува сега, он не се оптеретува многу. Ми пушта слика вчера ја однел хранилката во вц, ја врзал внатре, он си влегол да си се бања. Презабавно и било.
Хаха и јас така правев со хранилката сама кога бев по цели денови. Ќе му дадев нешто да грицка и се бањав он пуштен моб цртани/песни...