Ја отрпнав веќе од тоа паѓање, а и он не го доживува толку трагично, знае и воопшто да не заплаче. Додуша среќа во последно време нема паднато. Сфатив дека кога сум до него е поопуштен и не се замара дали ќе шлапне на земја или не. Ама затоа кога е сам никогаш нема паднато. Веќе некој период се случува да го оставам сам во соба додека собирам/диплам алишта, средувам, си одам во вц и слично. Секој единствен пат го начекувам станат, или се искачува некаде или со испружени раце бара нешто да докачи, а ниту еднаш нема паднато. Дури и неколку пати стојам од далеку, го набљудувам, се шета покрај креветот, па седнува на земја, па пак станува, па се исправа по маса или столови, и толку е внимателен, дури ми е чудно. А кога сум до него обавезно се сили, прави некои глупости, се џапа од кревет и сл.
Тие што имате поактивни бебиња пробајте од помали да ги научите да се спуштаат од кревет, мене тоа многу ми помогна. Кога станувате од спиење, од кревет, не ги зимајте во раце туку свртете ги со нозе надоле и полека свлечете ги доле. Така се научи мојот (траеше 2-3 недели) ама кога ке станеше од спиење си се вртеше сам, полека ќе се симне и со лазење доаѓаше во дневна.
Se soglasuvam ova e klucno. I jas mojata stom nauci da lazi ja nauciv i da se siminja od krevet bas ko sto pisuvas. Kvicese ama ne ja zimav,a plasliva i pretpazliva e ne se pusta so glava nadole da tresne. Za kratko nauci sama da se siminja i mnogu sum pomirna znam deka da tresne. Ako ja vidam vo spienje da se prevrtuva poveke stavam nekoja pernica odokolu cisto vo son da ne i snema mesto za vrtenje ama ne se desilo. Inaku i zabi koa vadi pa ne spie navecer ke se razbudi cela nasmeana i sama se siminja si igra dole u mrakot pa ke vikne da ja zememe,ne moze da se kaci uste malo e
Ќе почне да се труди и за качување мада и зависи колку е висока спалната. Кај нас е висока ама на гарнитурата почна порано дека пониска е. Не брзај за качување хаха.
Ова многу тешко ми иде. Упорно иде главечки да се симнува, упорно го местам и му покажувам, едно 10 пати во денот. Се надевам дека за брзо ќе сфати.
Не можам да најдам, кога ќе чукне главче, вечерта треба да ја будам да ја проверувам, на колку саати и што да внимавам? Сабајлево на тепих седеа со маж ми, јас во друга соба бев и само слушнав туп и плачење. Ја држел за колкчиња седната она се препнала назад удрила со главата, не директ на паркет ама не е којзнае колку меко на тепих, одма ја кренал и почна да вришти, тогаш излегов ја земав и пошто бев на лаптоп ја седнав пред компјутер почна да мава по него и да се смее. Цел ден си е ок исто ко вообичаено, ама сега дека заспа не знам на што да обрнам внимание. скоро 6 месеци е.
Мама кога го научи да се симнува, колку месеци имаше? Веќе ми се чине вечност како го учам да се симнува и почнав да мислам дека е уште мал, дека не ме разбира. Не знам еве.
Не можам да се сетам точно ама до 11 месеци максимум беше, памтам зашто бевме во друг стан. Стави го со пола тело надвор од кревет, нозете да висат и ќе се спушти од страв да не падне Не се замарај толку, кога ќе научи тогаш. Нема шанси да не разбира, како им знаат тоа газињата уште од мали туку може се плаши.
Па се спушта така кога е веќе делумно наместен. Или само го свртам со нозете надоле и сам се спушта. Ама сам да му текне да се сврти нема шанси. Еднаш му дозволив од ниско (душек ставив на земја) да се симне сам така како што мисли, главечки, види дека не бидува и плачеше и тоа за тоа, после пак така пробува. Не го форсирам од утре, секако ќе научи.
Како успевате бе да ги оставите и да не вриштат? Како? Teach me!!! Значи на секунда ако не ме види, па тоа е катастрофа, вриштење, па не може да се смири. Го влечкам ко опаш со мене секаде, ни да мочам не можам раат, а не па алишта да диплам
Niso ne mu e ne go budi...toa odma se glea ako ima neso modrica dzumka povrakanje ne daj boze Inaku mojata vikendov po skali se strupoli. Spiese kaj moite gore kutenkata si se razbudila simnala od krevet i trgnala po skali nadole...ne znaeme kako uspeala 3 skali sama da simne i posle ja vidovme se strupoli....sreka nisto ne i e samo nie pobelevme
Ќе го спуштиш доле играчки од сите страни и пополека ќе се тргаш. Ќе покенка и ќе си продужи со играње.
Едни добри 8 месеци беше исто како што кажуваш. Во вц? И он во раци. Чистење, средување, само кога спие. Е сега почна да не се замара за мене. Он си тера по негов пат, си "чита" книга, лазе, "монтира" нешто, ја си бркам работа, не ме ни приметува. Само од себе се случи ова, не форсирав ништо.
Мајки моево рано сабајлево направи сефте. Не сме спиени цела вечер од мрсули и кашлица. Едвај заспа у дневна со аспиратор, поспа два саати и јас се скупчив до него. Ставена мала масичка и перници да не случајно падне арно ама на будење од што е пргаво дур го дофатам најде ќоше и од таму се струполи баш на глава. Поплака малку повеќе ама за брзо се смири. Главата е вака ок, нема џумка, нема модрица. Тој си продолжи да си игра. Ама еве по саат ипол се пика во мене да спие. Не знам дал е од ударот или му се спие од што не е спиен цела вечер како што треба. Вртам упорно во Среќно дете ама изгледа се втора смена. Дали да чекам до пладне или да превземам нешто?
И во оваа тема да се пријавиме Нем покуси да останеме . Ставен на спална , маж лежи до него , јас пеглам и на пола метар сум од него. Абре како ни летна у секунда. Се струполи на паркет без шанса да може да го задржиме. Коа врисна , ама мислам појќе се уплаши и се расплака толку од тоа што ние вриснавме . Има мала џумка на чело, му ставив путерче и сега ќе пратиме. Уфффф ама се нервираме Се отепавме од карање со маж кој е крив
Кај мене ни то не функционира Значи лепак овај незнам нешто посебно е залепен @Emotional123 тргај маса мојте дури беа мали ја тргав и сега исто Од другарка детето нонстоп го носеше наболница од што му се праеше со крв од таа маса