1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ништо мајка, знам како е gulty trip ме јадеше една недела, они се многу поцврсти од што мислиш. Еве ја сега лази на секаде се исправа, нема начин да ја допазиш, вчера лупна главата од пархет пак. Од релаксатор се преветуе. И секој пат е мини срцев удар. Ама за мене.

    Кај мене кога нејке топче мало од тоа игралната ми пали, ќе и го пуштам доле и она го брка или шише, или капачето од флашицата. :D
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата денес се сефтоса, директ на лицето падна. Се вознемири, плачеше, крв и течеше малку од раната и и се појавија линиите на лицето од ударот. Пиеше сокче одма и после пола саат заспа и отспа саат ипол со дигнати раце. Весела е сега, не се фаќа за главче, пишувам на матичната ми враќа носете ја на хирург, а нема осекотина не дај Боже за шиење.
    Да земам нешто за мачкање на модрициве? Уште лузна да и остане ;(
    IMG-74f4303059a79061d2c2fe7a5dff1964-V.jpg
     
  3. SarChee

    SarChee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    368
    Оф душа мила,среќа не се повредила повеќе.со помин да е
     
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Леле на што е удрено вака :(
    Брзо да и помине
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    18.275
    Можеби не требало да ја оставиш да спие заради претпазливост од потрес на мозок...
    На раната стави нешто?
    Јас би однела дете на лекар.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Чаирчанка

    Чаирчанка Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2018
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    Ја однесовме на лекар, добра е, на раничката само кантарион да ставаме, другово и се гребнатини.
    Весела е, ко ништо да не било, само ние остаревме 10год
     
  7. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Да се запишеме во темава (facepalm)
    Падна од спална и тоа рано рано во 6,ја оставив спиеше за секунда ја најдов на под. Срце ми се скрши... Си поплака она а богами и јас. Нема ништо нема модринка одма се смири и весела беше цел ден. Мислам ми се пресекоа нозете кога ја видов ја кренав и не можев од место да мрднам. Ух многу ми е криво
     
  8. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Се сопна на патика и летна прво на лице па на главчето. Нормално си реагира весел е, си игра. Одма заплака,само што на веѓата му се направи голема модрица. Прв пат така ми паѓа. Се потресов.
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Аман бе мајки, изгледа моето највеќе паѓа. Не да паѓа, самиот се фрла. :D Само си ја бара бељата, треба 24/7 надзор да му вршам и пак ќе успее да направи нешто шо не треба.
     
  10. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    5 meseci sme za sega mi nema padnato i ke dadam se od sebe da ni ni padne
    Ja pomestivme spalnata do zid i dtaviv jastuci od druga strana jas pa maz mi a preku den vo krevetce si spie
     
  11. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Совет итно ми треба: бебе спие и падна од кревет, дотрчав мислам на стомак беше падната, плачеше и се гушкаше, цицаше и си продолжи да спие?

    што да направам? Вака немаше ништо.
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    не знам колкаво ти е бебето мојата е 8 месеци, пред некој ден исто во спиење ми падна од спална на грб и тресна позади со главата, поплака малку, цицаше и ништо посебно не и беше си продолжи да спие, сабајлето беше најнормална не испаничив нешто
     
  13. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    7 месеци, ништо нема вака си е океј.
     
    На Anaroz1 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Колку и да се пази, ќе се случува ова.
    Како што научив, треба да се пази дали ќе им се прошират зеници, ако има повраќање или намалена активност, да се оди на лекар. И да не спие првите 2 часа, туку да се пази на знациве. Сега кога ќе се случи да тресне го пазам.
     
    На Rtulka, sirenah, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    3.936
    Леле мајки го доживеав и ова, мислам добив срцев удар;(
    Ми падна од спалната сабајле додека да му направам млеко.
    Секунда баш секунда.
    Одам до вц го погледнувам се игра со мојот телефон, одам накај кујна кога слушнав силен тресок.
    Кога го видов долу на пархетот лега и плаче, срцето во пети ми слезе.
    Го земав тој плаче, па и јас.
    Бргу се смири и е весел, ама многу ми е страв и ептен криво што ова се случи.
    Само не ми е јасно ограден со јастуци и кебе и пак падна.
    :sweat:
     
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.715
    ништо не му е Софи, мојата ми падна во спиење од спална прво, сега веќе се пентари по се и паѓа по 100 пати во ден и на плочки и се, не можам да ја допазам, за најбезбедно не го оставај на спална, оставај го на земја секогаш
     
    На nevermet18, Dancewere и IRBBB им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Се претураат, буткаат јастуци.
    Прати го, особено првите 2 часа за повраќање, малаксаност...
    Не го ставај да спие.
    Ќе биде ок, страшно е ама скоро па неизбежно
     
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.902
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Страшно ни изгледа на нас, ама не е толку страшно :)
    Мојава вчера се фрли позади кревет, ама буквално се фрли а маж до нејзе седеше. Не можеш да ги допазиш цело време. Се изнаплаче, се изнавриште, маж со нејзе у хор плачеа (facepalm)
    Ќе пратиш дали ќе поврати, дали е премногу поспано, не дај боже крварење и отворени рани, некоординирано движење и тоа е.
    Ќе паѓаат додека се научат како треба :D
     
    На angelche16 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Да се зачлениме во темава.
    Срцеви удари се тоа, кога ќе чуеш звук ДУМ.
    Бебе плаче мама уште повеќе.

    Ништо не им е цврсти се тие, ама ние си остануваме со трауми. Поздрав мајки ❤
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    36.034
    Пол:
    Женски
    Ми падна за прв пат на 21 месец и тоа страшно паѓање стоеше на креветче и падна наназад на газ па на глава јас писнав и се шокирав и на еден метар од него стојам и не успеав да го фатам како не го фатив не знам најстрашното паѓање. Плачеше многу се држеше за главата
    20:30 падна одевме да спиеме
    Го чував до 21:25 буден
    Инаку ќе за спиеше 20:30 одма му се спиеше многу и затоа отидовме спална односно сам отиде секоја вечер оди кога му се спие
    Животот ми е скратен
    Се тресам цела
    Многу е касно мораше да спие
    Како ќе го пратам заспан два саати?
    Сабајле на работа сум, маж ми ќе ги носи во градинка
    Ќе има ли некој знак додека спие?
    Не знам што да правам
    Да одам на итна знам што ќе му прегледаат очи раце нозе поглед, проверив се беше ок и да оди можеше и да збори, редеше коцки, очите исти му беа како сестра му
    Од ударот може да го боли глава?
    Ќе полудам готово