Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви паднало вашето бебе/дете?

Дискусија во 'Бебе' започната од Annath, 13 септември 2012.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    20.378
    Пол:
    Женски
    Не да ќе паѓааат, преска се сопна од топлинките барајќи ги топлинките иначе. :clap:
     
    На lovely91, Adidas888, Fenix05 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  3. Aleksandra B

    Aleksandra B Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Помагајте мамички душа немам.... си плачам цело време ќе пукнам...
    Бебушко падна (4м е) од гарнитура на тепих ама успат со главчето позади на тилот се чукна од ивица на масата... Веднаш почна да плаче не можеше да се смири, па му понудив цице и задрема... арно ама во кола го будев се разбуди...
    отидовме до градска дежурен..
    одма не примија.. др. што не прими рече дека се е ок... контрола сабајле... мене искрено ме убива мисла зошто има џумка позади... абе врискам во себе од мака... што правевте во ситуацијава, џумкава итн? дали да си барам снимка? зошто сум испаничена многу...
     
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.559
    Допаѓања:
    8.142
    Пол:
    Женски
    Мојата кога падна имаше 6 месеци. Не се грижи. Што го виделе на лекар се е океј. Битно е да не повраќа следи симптоми. Џумката е најмал проблем .
    Мојава цело време паѓа на глава ја искрши главата од паѓање.
    Стресно е и ќе имаш грижа на совест ама се ке е во ред.
     
    На Aleksandra B му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    22.215
    Пол:
    Женски
    Син ми нема од кај нема паднато како бебе.
    Ќерка ми два пати од кревет ми има паднато кога беше бебе и кога почна да оди се забоде со челото на ќошот од комодата, крв и течеше а не плачеше. Уште има белег. :D
    Искрено, отрпната сум веќе на нивното паѓање.
     
    На Aleksandra B му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aleksandra B

    Aleksandra B Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фала мајки колку толку за утехата.. сон тешко дека ќе ме фати.. презаспа па пред малку се разбуди да цица и еве го пак си спие... дај боже ништо да не е.. Господ нека ни ги чува...❤️ @Misskirova @Adidas888
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Ke padne uste sto pati :) mojot jazikot na pola go ima preseceno so strafciger pa nikomu nisto :^) dzumki neznam kolku..
    Inaku za dzumki lekot ti e margarin, obicen margarin sto jademe mackas na dzumkata do sabajle nema nisto.
     
    На Roxy1991 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    Керката ми падна од кревет на плочки дирекно на тил на 7мес. Во рок од 10мин поврати два пати. На одмор бевме тогаш, па дури најдеме такси, отидеме во соседен град, најдеме педијатар, нејзе веќе и помина. Џумка си имаше бајаги голема неколку дена, ама никаков друг проблем.
    Ако повраќаат или изгубат свест веднаш на лекар. Ако за брзо се смири и нормално се однесува да не се секираш. Следи го детето 24ч ама од снимање нема потреба.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterfly30

    Butterfly30 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Сега ве читам наназад , вчера ми падна од спална на паркет кога го слушнав беше на грб легнат дали така паднал не знам ... Одма го кренав се смири не плачеше многу , си јадеше нормално , нема џмучка нема ништо , не повраќаше весел беше .. Ама не го однесов на лекар и некако сега уште повеќе страв ме фати ..
     
  11. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    8.754
    Пол:
    Женски
    Баш над тебе постирала Кукличка
    https://www.facebook.com/share/r/v3kmyLJ1jcrug9og/?mibextid=xCPwDs

    Страшен звук е, сигурно живот ти се скратил и си остарела едно 5год ама следи како реагира, со спиење,повраќање џабе ќе го однесеш на снимање истиот ден.. барем така викаат секаде што сум читала од доктори
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfly30

    Butterfly30 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Животот ептен ми се скрати сликата и звукот не ми искачат од глава . Вчера во 18 часот падна не поврати ништо све беше океј . Денес исто е супер весел си јаде ама нешто ме јаде од внатре .. страв ли вина не знам
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Ke padne uste sto pati, ke raskrvari usta,nos, kolena,ke dupne glava. I sekoj nareden pat se posmirena ke bides, uzivaj :D
     
    На Kikikikiri0405, Antebellum и Butterfly30 им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Баш така, ехее колку паѓања и стресови.
    Крави колена, брада, модрици, гребаници...
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.803
    Допаѓања:
    17.803
    Пол:
    Женски

    Те сваќам за стравот, јас 3 дена не можев да се смирам дека ми падна пред очи од спална. Ама децата имаат "гумена глава" така вика татко ми. Ништо не му е на бебушко, штом е весел си јаде, спие нормално. Да му е нешто ке приметиш веднаш. Ке падне уште 100пати ти пишале. Сега пробува да оди ако ти е за утеха паѓа минимум 3 пати на ден, некигаш спасувам некогаш не тоа е, се навикнуваш со време :D
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.718
    Допаѓања:
    8.775
    Пол:
    Женски
    Jazik si skina so strafciger pa sea vidi ti (facepalm) a za ova malovo nemam komentar :whew: ne se potresuvam veke tolku |(
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Рамо има изместено, ја промаши гарнитурата...
    Се друго се помали повреди, ама не дека не биле страшни.
    Има паднато по скали, цел грб и беше одран. Мислев искрши рбет.
    Еднаш ја најдов како спие со пола тело, со главата надоле од кревет.
    Имам книга да напишам.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Лелелелеле денес денов! Не ми се верува!
    14 месеци сме, ја пазам, ја чувам, ниеднаш досега не ми паднала од кревет ама денес ДВА ПАТИ! Значи ај еднаш, ама уште еднаш.
    Фала богу, добра е, вториов пат воопшто не ни плачеше ама ме извади од памет. Уште ми се тресат рацеве. Сабајле на уста падна, малку и потече ама сега е добра. Оф леле, многу тешко ми падна како можеше и како можев. (facepalm)
     
  19. Nela_21

    Nela_21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Sinoka se izvadiv od pamet uste ne si idam pri sebe si se obvinuvam, a sekundi bea vo prasanje

    Deteto mi e 20 meeseci, hiperaktivno.
    Sednal na ivica od garnitura, jas koga go poglednav ( kako u magla mi e) on veke bese vo pad nanazad, teloto lebdese za da se prevrti, se sekavam prvo za noze go fativ i potoa nepamtam na kicma go doprev i go gusnav.
    Bese isplasen, ama se smiri potoa uste 2 saati bese buden se bese ok.
    Ama se plasam da ne mu.se sluci neso so glavceto, ili rbetot a da ne zabelezav vednas.
    Imala li nekoja majka slicna situacija ?
    Ne znam dali da go odnesam na doktor xa go pregledaat detalno
    Vo panika sum celata da ne mu se povrdil nekoj prslen itn
     
  20. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, нова сум тука. Вчера имавме мала незгода, бебето ни падна од транспортер од не многу голема висина (20см од земја) нема модрици, не и се познава никаде дека е удрена, не поврати и веднаш почна да плачи не можевме да ја смириме, бевме на доктор ни рекоја дека нема ништо, но сепак не сум спокојна. Цела ноќ ја надгледував испи околу 100 мл мајчно млекце, сабајлево си стана во вообичаеното време и сама си побара млекце испи околу 70мл, беше весела си се смееше си гугаше, но заприметувам дека многу малце сака млекце со молење дури или пак од паника јас набрзо ја нудам. Дали има место за паника и дали да ја носам повторно на доктор. Ви благодарам