видно потресена не знам што да правам дали се упатам на итна или што да следам, бебето пред спиење вечерно падна… пробуваше да се качи на фотелја и тресна наназад на паркет на глава (висина на фотелјата околу 60цм). Плачеше многу силно се наведнав ја земав и како ја кренав се онесвести на кратко. Викавме со сопругот ја тресевме алкохол под нос и се освести. Е сега дека беше пред спиење беше вознемирена и сакаше да спие па ја успав (иако знам дека 2 часа треба да се следи). Не сум памтам дали да ја вознемирам дополнително да ја будам и да одам за Скопје (неготино немаме педијатар дежурен) или да чекам да следам
Кавадарци нема дежурен педијатар? Јас би ја однела на дежурен лекар, не мора да е педијатар. Барем нека ја видат. Дај Боже ништо да не е.
Да ја носиш. Или барем да консултираш некој лекар телефонски. Со губење свест јас не би оставила така Едит: звони на итна прашај што да правиш, може ќе прифатат да дојдат тие да ја ѕирнат
Јас не би го сфатила онесвестувањето несериозно. Сметам дека веднаш треба да одите на доктор. На сите ни се случило да ни падне бебето. Моето не се онесвести, ама во пижами излеговме и директно отидовме во брза помош. Или јави се во итна помош и објасни ја ситуацијата. Се надевам дека ќе биде се во ред.
Кога ние ја однесовме при пад, докторот ми напомени за во иднина кога ќе паѓа (нормално дека ќе има такви ситуации) доколку поврати или изгуби свест веднаш да се носи на доктор.. Се надевам дека детенцето е добро сега и дека не било ништо сериозно.
Еве нас што ни се случи денеска,малата вчера направи 40 дена а денеска ни беше првото мерење на педијатар, завршивме све ја ставивме во транспортер сопругот рачката не ја наместил како што треба од транспортерот и бебето ни падна на улуца, мене срцето ќе ми пукнеше за малку или допрва ќе ми пукат, до сега бевме на болница го следеа како ќе реагират побара да пие млеко испи, следење треба 48 часа, утре сабајле сме пак на преглед и не знам дали ќе останам жива до сабајле не ми е убаво се обвинувам себеси си се сметам за немајка тешко претешко ми е
Од ординацијата до колата беа два чекори ама ете и на толку можело беља да се направи, од сега знам ама не можам да издрзам претешко ми е само се плашам само ја гледам да не и се случит нешто дали дишит дали ме гледат да не е поспана а бебе е нормално дека ќе и се спие не знам дај боже да е само се во ред
Ќе биде добро, не постои релација безбедна за бебе што не е врзано. Затоа дали чекор или не, бебе секогаш врзано. Ништо не и е, ќе биде добро.
Дај боже да биде добро ама колку и да дакам да се смирам неможам посебно сега ноќва не знам како ќе ја поминам до сабајле па во 8 часот сме на контрола да ја видат, ако во случај недај боже да биде ноќва поспана или ако почне да повраќа одма одиме на болница,триста мисли имам да не имат нешто последица од ударот па да не биде вака така
Иста ситуација имавме и ние.. Беше некој ден поголема од твоето, исто сопругот не ја намести убаво рачката од транспортерот и ни падна на плочки.. Сега е година и се е во ред.. Немој да се грижиш, се ќе биде добро.. Тие се мали чуда.. Мој совет ноќеска нека спие до тебе, да сеќава дека си тука, гушкајте се и ќе помини.. Утре како нови ❤️
Фала Господ бил со вас и го чувал баш ми е мило што било се во ред ❤️, ние од 15 часот од ко падна до крај 18 часот бевме на хирургија ја следеа како ќе биде, и сега ја следам да не има некаков симптом од падот па сабајле сме на контрола, ми се чини срцето ќе ми откажет само се плашам да не почне да повраќат, и чудно ми е што не спиет понекогаш плаче па се смируват и не знам што да правам дали да ја носам на болница
Не спиеше до 00:00 па заспа се разбуди пред малку испи 60 мл сега не знам ако спие до сабајле дали да ја будам во меѓувреме страв ми е вака кога спиет
Да и моето го однесовме на болница, го следеа го снимаја на ноже се сомневаа да не има нешто.. Се надевам дека добро ја поминавте ноќта, за станувањето и плачењето исто правеше и моето.. Пиши како поминавте и на контрола ❤️
Сабајле бевме прво на хирургија ама само така одоко го виде докторот не го прегледа рече добро е вака а таа беше заспана, и од тука заминавме кај матичниот тој ја разбуди и провери рефлекси ми рече чим има моно рефлекс нема зошто да се плашиш, го прашав дали да продолжам да ја следам рече нема потреба а денес баш најмогу е поспана дали дека вчера така помалку спиеше не знам ако вака продолжи до вечер пак ќе ја однесеме иначе ќе му ја мислам пие млеко на секој три часа
Да затоа неможам да разликувам дали му е нешто од паѓањето или затоа што е мало па му се спие и само под стрес сум, вчера на пример не спиеше од кога падна дури во дванаесет на полноќ заспа