Тоа вчера може да биде и дека се исплашило а и дека ти нервозна /немирна па и бебето е такво после. Чим се било ок од доктор значи ок е. Секако внимавај си и прати си го бебето ама мислам дека веќе не е страшно може да се смириш ,првиот пад најтешко го поднесува мајката
Да ќе ја пратам барем додека поминат 48 часа, се плашам зошто вака погледна зошто вака се врти со главата можеби све то си е нормално ама јас од пусти страв и тоа што е нормално мислам дека не е, кај матичниот кога бевме сабајле тој ја фати за рачиња ја крена за да види дали има стисок кога ја спушташе јас рацете на главчето ми вика ништо мајка не му е тргни ги рацете,неможам да ја заборавам таа слика сопругот одеше пред мене и туку наеднаш си се лизна бебето на земја и од плачење дури и зајде а јас бетер од неа плачев
Зошто се сомневаа да не има нешто на ноџето дали плачеше кога го мрдаше или го штедеше? јас и од тоа се плашам да не има некоја скршеница, јас му реков на докторот да не има потрес на мозокот или недај боже крварење ми рече како да го снимиме толку мало бебе
Ортопедот реши да се сними затоа што него му изгледало чудно, секако немаше ништо.. Иначе за потрес на мозокот ми рекоја ако повраќа или изгуби свест. Знам дека ти е тешко, ама штом до сега е се во ред мислам дека е време да се опуштиш.. P.S. Исто се сеќавам дека ме прашаја дали плачи цело време од падот до болница и кога му кажав "да" ми рекоја и тоа дека е добар знак.
Мајки, паднав по скали со бебе 7мес... јас сум изгребана на ногата а бебе се занесе позади и одма реагирав накај мене го повлеков нагло и плачеше минута ама не сум сигурна дали кога се занесе наназад ја удри главата, мислам дека не... се беше набрзинка... мислење? Што да правам и следам?
Следиш повраќање, дали те прати со очиња, дали е активно, расположено или поспано, млитаво Мислам дека не е страшно ова Ќере на 6 месеци ми се фрли преку кревет главечки, прво у ѕид удри па на под шлапна и ова горе ми го кажа педијатар.
Цела сум препотенс и во стрес... го однесов до кај мојата матична во близина ми е (педијатарот подалеку и немам кола денес) и рече нема модрица, оток ништо. Го возев со количка, гледа со очите наоколу, се насмевнува... го држев буден подолго и сега еве едвај заспива. Не сум ни сигурна кога се навали наназад дали се удри, се беше дел од секунда, мислам се исплаши повеќе што го повлеков накај мене.