mene prv pat mi padna na 5 meseci, od krevet, sekundi bea vo prasanje, ne mislev deka ke se zavrti ....togas deka prv pat bev cela izpotresena ama od togas padnal nekolku pati od so e takvo, brzo...ama so igracki, so crtani, brzo zaborava i prestanuva so placenje
Тинејџеркава моја беше некаде околу 1-на година. Спиеше со мене на спална. Не ми е јасно само кога отишла на обратната страна. Се будам едно време и во темницата поминувам со раката по креветот ииииииииииии нема бебе. Срипав палам светло и што ќе видам, таа сосе перница спие на паркет до лежајот. Ниту заплакала за да ја слушнам, најверојатно се смкнала некако не знам како важно добро се заврши.
И мене два пати ми има паднато од кревет. Првиот пат на 4-5 месеци од гарнитура на паркет. А вториот од спална, пред неполн месец.
Првиот пат ми падна од гарнитура на теписон на 5 месеци, а вториот пат од истото место ама на 7 месеци. Бидејќи знам дека е невозможно бебе никогаш да не падне, така растат децата, некако не испаничив многу(а може зошто и на теписон ми падна, а не на ламинат)
Да се приклучам и јас во клубот. Нема ни саат како Андреј тресна од кревет на ламинат. Седнат беше во пернициве за доење што се досега се немаше превртено. Јас миев садови мм седеше до него и ај алиштата да ги средел за на раб. Стана си правиме муабет он средува алишта јас мијам садово андреј игра со тропалцето и одеднаш бум слушаме... се вртиме андреј на ламинат перницата врз него... кога врисна... и ајде во раце челотп црвено на лице паднал. Го шетам го смирувам дете плаче ли плаче. Се уплашив ама не толку се додека не видов крв во носето засушена од страната кај што му беше црвено челцето. Е тогаш стварно се исплашив. Си поплака почна да задремува не му дозволив одма да заспие, по некое време му дадов јадеше се смири и ете го заспа. Малку вода со шеќерче исто му дадов. Мн се исплаши затоа и толку плачеше. Потоа весел си беше. И така ми побелеа уштр неколку влакна од косава и на мм исто .
Денес првпат падна син ми, сабајлево за една недела ќе полни 5 месеци со се релаксатор се преврти душа немам,плачеше малку и се смири ,сега сака да спие не му давам кажете ми како да знам дали е ок,уште е таков кенкав се плашам да не го боли нешто...
Испипкај го по рачињата,ножињата ако го боли на допир ке реагира.Не верувам дека е страшно но следи го.Ако поврака не дај боже или забележиш течност од увото обрати се на лекар.Смири се пагаат сите деца пиши како сте до после.
Сρеќа наша мила завρши добρо ништо нема го пρатев 48 саати не повρати ништо баш,ама јас ниκогаш нема да си пρостам што го оствавив во ρелаκсатоρ без да го вρзам,знаејќи κолκу многу мρда виκам туκа сум го гледам од κујна,κафе пρаев за нецели 2 мин.се беше животот ми се сκρати за 20 години,се осеќам уште одговоρна за случκава и душата ме боли
Ова бебе уште не ми паднало фала на богу.Но големата колку пати од пред очи ми пагала неможам да набројам Фала му на Бог ја чувал и без последици минала.Едноставно се случува тоа секаде.
Досега некое опасно паѓање не ни се случило...Сега пред 2-3 дена седејќи на нокшир сакаше да дофати играчка пред нејзе и бап, директно на фаца. Јас и маж ми одма изреагиравме на глас "иииии!" Го дигаме детево, абе ич не му е гајле! Ни плаче ни ништо.
Vecer jas vo kujna a mm na skype zboruvase i mu vikam pomalce vikaj da ja slusam malata. sekogas koga se budi si guga da ja slusnam i me ceka, pree ne ja slusnav i ja gledam vo salon so placejne i lazese nakaj dnevna kutrata se tresesle so silen place, mislam deka ima padnato od spalnata ama ne ja gledam da ima crveno ili poteceno na glavata, veke e posmirena si iga, se nadevam nema nisto strasno :/ Se preplasi dusata a i jas
Не ми паднала но денес ете ни се случи мала незгода поради која немам мир.Бевме на ортопед,гужва мн.Завршивме и требаше да ја облечам.Тој креветот краток,нозето долу и висат а главчето скоро до ѕид и беше.И јас облакајки и ги панталоните ја потурнав нагоре и се удри со главчето во ѕид.Одма заплака и се смири.Седеше будна саат време и заспа.Време и беше за спиење.Незнам дали постои простор за паника?
Мила штом се смиρила ништо не и е,тоа сигуρно плачела деκа се исплашила и мм еднаш ненамеρно го чуваше малиот ,и за сеκунда се свρтил и се удρил со главчето во ѕид плачеше баги ама се смиρи после,и заспа ништо немаше не се сеκиρај...
Ах,се прекорувам од прееска како ли дозволив такво невнимание.Мислам околу 24 часа треба да поминат за да бидам сигурна дека е ок.
Да сеκаκо ќе си ја надгледуваш 24 часа,ама аκо нешто има не дај боже ќе повρатела до сега сигуρно,ништо нема не се сеκиρај ќе видиш абе κолκу се поголеми се повеќе се живи само мρдаат се случува деца се... само господ да ги чува
@joy1 не се секирај, ако бебето си оди по својата рутина. Мене така еднаш ќерка ми ми падна од кревет и тоа баш убаво тресна на глава. Се уби од плачење. За бељата преттоа само што јадеше и од толку плачење поврати. И сакаше да спие, така се погоди. Јас целата испаничена, цело време ја гледав, дали дише, да не и тече крв. Абе се испоплашив. Кога стана си беше истата, весела, како ништо да не било.
И ние да ви се придружиме во клубот Какво будење имавме сабајлечки Бебушка спие со мене на спална. Обично има перници окулу, ама сабајлево ко за беља не. Сум и дала да цица и сум задремала две - три минутки. И толку и требало. Траассс на паркет дирекно. Се изнаплака убаво. И јас со неа Среќа маж ми тука беше па не смири. Ја проверив, добра е. Не е удрена никаде, весела си е. Ќе ја следам денес и утре.
Lele uste mi e pred oci slikata od popladnevo.Se spremavme za rodenden(prv pat na detski rod,zbunet totalno),jas do kupatilo da stavam parfem,sinko spremen sedi vo kolicka ceka(ne vrzan ama so precnikot na kolickata),majkami stanata voda da zeme.Dvete znaci na 10 cekori od kolickata,i slusame traaaas.Za sekunda ne znam kako uspeal da se lizne ustvari protne niz precnikot nadole i direkt na laminat.Zivot mi se skrati,prvite sekundi ne mu bese jasno sto se slucilo pa potoa zaplaka.Mislam ke umrev na mesto,majkami navidum pribrana iako e panicar.Sinko se smiri za kratko,kako nisto da ne se slucilo a bogami saglam tresna.Da cuknam eve i posle 4-5 casa e normalen ama sepak ke go sledam do utre.Odamna si spivka,jas uste ne mozam da se smiram...Naravoucenie: od utre i vrzuvanje vo kolickata,i pokraj toa sto precnikot nikogas ne go vadam,samo koga ja sklopuvam za vo kola.
Леле срце, душа ми се стресе оти си го замислив моево како би ми било така да падне Знам дека е тешко ама кога ќе паднат така не реагирајте како нешто лошо да се десило него одма свртете на смеа: бравоооо, хахаха ќе порасне дете побрзооо...и сл. Многу пати се расплакуваат повеќе од страв него од болка, па остануваат уплашени и нејќат во количка или одбиваат да прават тоа што им направило да паднат
Денес животот ми се скрати, ми падна буцко. Многу му се спиеше, заспа и го ставив во транспортерот на креветот, 1000 пати така сум го оставала. Секунда беше во прашање само што отидов во кујната слушам трас и плач, кога одам имам што да видам буцко мој на паркетот, како некој да ми го турна бебето. Веднаш го зедов и се смири не плачеше, му проверив рачиња, ножиња добар е не го боли. Се смири веднаш и го ставив на цице и сакаше веднаш да продолжи да спие, но не му дозволив до подржав некое време и беше весел се смее и си игра и еве го неможеше да издржи и заспа. Душата ме боли неможам да си простам, целата се тресам. Господ нека ни ги чува децата.