Od sestrami decata me vikaat sestra oti nie si se vikame taka,sestro sestro i onie me vikat taka Dodeka pak na bliski rodnini me vikat na moeto kratko ime miri miri Dodeka pak koga im vikat majkite eve ova ti e tetka jas pak im vikam ne sum stara ma
Не, не ми пречи. Обично ме викаат даде..а не тето. А се извинувам, циганчињата на улица ми се обраќаат со тоа стандард.."Тетке,дај 5денари за леб " ..
Да, ми смета и тоа мнооогу. Среќа досега само еднаш се случило да ме наречат така и косата ми се крена. Од поблиски братучеди сеуште немам внучиња, а брат ми е помал од мене така да барем извесен период мирна ми е главата. А непознати ако ми се обратат едноставно нема да реагирам. За 20тина години може така да ми се обраќаат, а сеа подобро не.
Мене ми е ептен слатко кога ќе ми речат тета дури некогаш самата му велам дојди кај тетка Едно Чупе Сепак сум постара 20 години како да ми речат.Ама некои дада ми викаат е то ми е ем слатко ем смешно срцки мали
Да бидам искрена, не ми смета дека ме викаат тетка, иако сум само 14 години. Кога ќе ме наречат така само се смеам ко некој идиот.
Зошто да ми смета ако некој ме нарече тетка? Па по годините одааааамна сум тетка !!! Ама за чудо, ретко кој ме вика тетка... Дури и малите внуци од сестра ми ме викаат по име ...
Мене никогаш никој не ми се обратил со „тетка“. Имам многу детски израз, никој не ми верува кога онака во муабет ќе спомнам колку години имам, за тетка да не стане збор, уште ниту до дада не сум стигнала.
Не ми смета ,за тие што треба да ми викаат и што сум повеќе од 15-18 години од нив ми е ептен ќејвски кога ќе ми викнаат со -тето- Имам само едно внуче од прва братучеда има 5 години и уште од помал ми вика Тете. Леле се сеќавам првпат кога ми викна тете летнав од радост Исто и син на другарка кој има 3 години ми вика тете. А има едно детенце каде што живеам мислам дека е 3то оделение е и тоа нон стоп ми вика,тета Вики
Мене официјално почнаа со госпоѓо да ми се обраќаат, за мали деца па ич не ми смета тето ако ме викаат. И да, изгледам помладо за годините. Секојдневно го добивам тој муабет, ама ваљда се навикнаа соработнициве, па сега и на госпоѓо сме... До скоро - девојче, сега госпоѓо... мисљим...
Досега тетка ме нарекол само внук ми и сакам кога така ме вика, а некое друго дете не ми се обратило со тој израз. Не изгледам толку старо И не би ми пречело само би ми било чудно, како што ми беше чудно кога на дечко ми му се обратија со чичко па го зафркавав
На мои 19 години, 3-4 дечиња овие неколку месеци ми кажале 'тетке' Добро бре, си викам од кога тоа станав тетка, знам дада бев до пред некое време Добро додуша имам другарка од 22 години која има мало синче и тоа ме вика тетка постојано.Па добро си викам логично е кога ме перцепира на таа возраст колку мајка му, па по таа некоја линија другарка на мајка му,му доаѓа тетка ..Ама, не се лутам и не ми смета. Само така кога ќе ми се обратат си се запрашувам, стварно ли деца на тетка ви изгледам ?
Иако сум повозрасна, имам млад изглед, па не оставам впечаток дека според годините доликува децата да ми се обраќаат со тетка. Така ме именува само внука ми. И многу ме разнежнува кога ќе ја почувствувам приврзаноста и љубовта кон мене со едно милозвучно "тете".
Не знаев дека ми пречи дур не ми викнаја. Де комшивчето навикната сум дада да ме вика, почна тета. Брачедот најмал на дечко ми и тој тета ме вика. Некако старо почнав да се осеќам.