Не. Внука ми (од сестра) ме вика тета, што е и нормално. А имам едни комшики (две мали девојчиња) кои што кога и да ме сретнат ме викаат тетка (плус името). Еднаш на шала им реков - јас на тетка ли ви личам? Они почнаа да се смеат.
Не ми се обраќаат така, во душата сум иста како нив, си зборувам како со возрасни луѓе, си играм со нив и не се чувствуваат толку мали покрај мене, па најмногу што можат да ме наречат е дада
Јас пак напротив сакам внука ми да ме вика тетка т.е тете ама сестра ми ја научи по име да не вика мене ме вика нагалено. Иако имам 20 години сакам да ме вика тете убаво ми е така
Колку и да сум млада..не ми пречи..како што кажа членката погоре слатко ми е кога внук ми ќе ми рече **тете идам**..ми се топи душата од среќа.. А за останатите исто така..разбирам дека од нив сум каде каде постара ..и дека кон нив они се обраќаат со тета и даде..Не ми преставува никаква пречка.
Имам 3 внуки од кои двете се тинејџерки и никогаш ме немаат наречено тета. Кај и да е ќе ги сретнам у некоја дискотека, чудно би било таму да ми речат еј тето Ама најмалата ме вика тета и слатко е. Не ми смета ни така ни вика, битно да сме си добри едни со други. Непознати деца мислам дека никогаш ме немаат наречено тетка
Не ми смета , но ако сме разлика 15 - 20 години иначе 10 години разлика да ме вика тетке не ми е убаво се чувствувам постаро а имам тетка на таткоми сестра 3 год сме разлика и си ја викам по името ама нагалено пр Маре , Даде итн . Но никако тето пошо мислам ќе ја навредам .
Се разбира. Ама само еднаш ми се случило кога ми се извинија нешто на разминување. Дека ме видоа висока , а тие па ептен кепци беа, 6-7 години. Инаку, никој не ми се обраќа така, ниту децата на братучеди во фамилија.
Смешно ми е само една жена ме има наречено ''тетката'' додека му кажваше нешто на синчето ама јас не се навредив . А немам внуци за жал за да ме викат тете, од дечко ми можда, ама ни него не го викат чичо така да ништо ќе си чекам мој внуци ваљда ќе дочекам
Не ми пречи,иако само непознати така ми рекле,чудно ми е ии симпатично,ама па тетка сум за нив.И јас како мала така се обраќав на тие на мојава возраст.Нема бегање.Еј си викам до тетка стасав.
Не ми пречи апсолутно ништо што доаѓа од мало и невино суштество, особено не кога ќе ми се врати со "тетка"
Оној момент кога ќе ти искочи некое што прв пат го гледаш, со зборот „тетка“, и ти си викаш "who the hell are you?" Aj наречи ме „мамо“, ако не. Во Скопје не баш, ама во други градови како Охрид или Битола, сум забележала е нормално детишта да довикуваат „тетке/чичко!“ на тотални странци (макар истите странци имале 15 години) Дно. Одраз на некултура. Нема што така да ми се обраќа некое си дете со кое не сум во крвно сродство, ниту пак родителите му ги осеќам за блиски. Од каде таа присност да се обраќа со тетка и чичко на непознати?! Златно странство каде зборовите „госпоѓице“, „госпоѓо“ и „господине“ им се секојдневие на малите човечиња наречени деца. Барем нека користат „дада“ и „бато“ како Турцине, „тетка“ звучи многу повеќе disrespectful.
Не ми пречи да ми речат тета. Имам еден внук тој ме вика дада Оти сум била млада за тетка Исто многу ми е убаво кога внуките од мм ќе ми речат вујна