Ми пречеше додека не станав мајка.Сега нека ми викаат тетка,безразлика на годините.Претходно стварно глупо се осеќав кога така ќе ми викнеше некој
Јас со 2 деца сум , а никој не ми се обратил со тетка веројатно изгледам за помала ( ниска сум ) . Инаку , не би ми пречело иако сум млада па за мало детенце сигурно изгледам како тетка бидејќи тоа е мало спрема мене
Имам внучиња од братучетки и ме викаат тето. Не ми смета, баш ми се слатки кога ме викаат така. Инаку ми се има случено, ми доаѓаат еднаш на врата 2ца роми и ми бараа пари едниот ми вика : Тетке дај некој денар, имаме болно дете. Абе толку сум се смеела , тетке ми вика а тој постар од мене
Ми се има случено, жена на ќерката и вели еве прашај ја тетката, а девојчето 5 години помало од мене. Епа ми пречи. Таа 20 години постара од мене, јас на нејзиното дете тетка, ма нема никаква логика. Е на таквите знам што би им кажала, ама од почит си се воздржувам. А мало девојченце од 3-4 годинки да ми рече тете воопшто не ми смета. Си имам внукичка и си ја обожавам.
мене мојта внука ме вика по име оти сме секој ден да се каже каже заедно а другите деца на мојте тетки ме викат даде
Деца се, како да им замериш? Смеа ме фаќаше секогаш додека работев со деца, едно во одделение редовно ме викаше така.
Тета ме викаат децата на братучедите. И толку ми е убаво кога ќе ми речат тете. Децата на некои мои врсници знааат да ме речат тета. И слатко ми звучи. Сепак тоа се деца на 3 или 4 годишна возраст. Е сега деца од 15 г да ме наречат така сигурно би ми сметало.
Да! Имам 22 години и никој освен сопствената внука не сакам да ме вика тетке, тетко, тете, ма како и да било.
Не ми пречи. Ама интересно ми беше едно комшиче пред да се породам ме викаше дадо, а од кога се породив почна да ме вика тетка . И викам зашто така ми вика па неможеш сеха да бидеш дада кога имаш бебе . Деца што не ќе им текне
Мене еднаш ми рекоа група деца и многу чудно се осетив уопште стилот не ми ко на тетка а и сите ми викаат на помала сум личела углавном безвеза ми е така да ми се обраќаат...
Вчера еден Ром кој притоа беше постар од мене ми се обрати со Тетке ама не му замерив,се изнасмеав сама со себе
пред некој ден едно дете 6-7 год ќе ме фукнеше со гранка и вика другар му -полека бе жената ќе ја удреше се изнасмеав слатко. немав чуено такво нешто од дете. нормално дека не ми пречи тоа е дете. глупо би било од дете да се вреѓам.
Случка од лани Одам позади зграда да фрлам ѓубре и тука одма играа деца со топка. Едно дете ја шутира топката и за малце ќе ме удреше и ми вика „Извини тетке". Во тој момент едно девојче со малку повисок тон му се обраќа „Каква тетка бе, гледаш младолика е". Кога сум фатила да се смеам Не дека ми пречи, само малку постаро се осеќам
Мене искрено ми пречи кога ми се обраќаат со "чичко". Се осеќам така старо, не ми е убаво воопшто. Не ми пречи да ме викаат батко или само по име. Не сакам ни кога ми персираат децата.