Исто и јас, само што сум навикната внуците тета да ме викаат. Ама комшиски деца и другарчиња на син ни кога ќе ме кажат тетка ... многу чудно ми доаѓа. Инаку сум одамна веќе во категорија за тетки.
Јас од секогаш на родители на другари/ки, постари комшии, пријатели на моите родители им се имам обраќано со тетка/чичко *име*. Многу покултурно ми е тоа отколку само името да им го изговорам. Мене би ми сметало само ако по име ме викаат, подобро тетка отколку така. Грубо е некако, според мене..
Мене па ми се смешно и чудно кога со "тетка" ми се обраќаат и ме персираат. Кога работев во игротека, децава дури и "Наставничке" ме викаа. Некако не сум навикната малите да ме персираат зошто некако секогаш сум им изгледала на помала, не ме гледале како некоја голема авторитативна личност, најпрво бидејки и јас самата се поставувам со децата пријателски и на нивно ниво, па једино само дада ме викале. Ама јбг колку и да ми е чудно мора да си го прифатам тој факт дека веќе сум на таа возраст кога за децата сум тетка, иако самата се сметам за далеку од тоа.
Мене реално ми пречи.Имам 24 години,и не делувам за постара од мојата возраст,дури некои и помлада ме прават.Но ај дете и да ме нарече тетка....не фаќам за кусур,но имав една дешавка,бевме на едно патување и имаше една мајка со 4 годишно детенце,имав некои грицки и чоколатца во торба,па малово беше толку весело и ме закачаше за коса,пошто позади мене седеше,и му дадов едни колачиња и крем банани,и целото се испорадува,душиче а мајкава уште му вика " кажи и фала на тетката" оф боже си викам во себе....ама ај....така некако глупо си се осетив,ко престарена,ем тетка,ем без дечко немажена хахахах стара чупа појдена да се прошета ...леле луѓе филмови у глава еден куп,си се насмеав онака заебано и си се свртев
Imam 27god.Tetka sum na 5 vnucinja.Prvoto go dobiv na 15 godini i ic ne mi smeta koga ke mi recat teto,naprotiv toa mnogu me ispolnuva
Не знам за вас девојките, но мене како машко би ми сметало ако ми се обраќаат со чичко, а сеуште сум млад.
Леле мене ова многу често почна да ми се дешава. А јас не се чувствувам како тетка, уште сум дада Но не ми смета воопшто и не се навредувам. Како да му замерувам на тие мали слатки суштества.
Имам околу 10тина внуци. Најстариот внук е само 6 месеци помал од мене. Тета ми вика само на зафрканција. Сеуште сум млада за да бидам тетка. Но, не би ми сметало ако помалите внучиња ми викаат тета.