Има во сите генерации неписмени и си земаат право на преголема блискост со луѓе. Јас ко дете никогаш возрасните не ги ословував со "тетка, чичко", ни познати, ни непознати, глупо ми беше. Или по име, или некако формално им се обраќав поретко, или најчесто никако. Па роднини на моите им се жалеле зошто не ги нарекувам "вујна, тето", многу увреѓени биле. И дома ме натераа и со години вештачки ги користев тие титулите семејни, ко кнедла да имав во грло додека изговарав. Е сега од скоро баталив, само по име ги викам, веќе не можат да ме кодошат, не потпаѓам под притисоци. Смешни. Не ме викаат мене тетка. Некое детенце мило и добронамерно, да ми се обрати така оти не знае поинаку, нормално дека нема да му се лутам. Ама на збеснати ќе им биде забрането.
Истоо. Некако непријатно ми било и порано на роднини. Им се обраќам искрено ни по име ни по ништо На непознати зависи, знам да персирам некад не. Никад не сум си дозволила тетка да кажам на некоја постара. Јас секако ја мислам за тетка, ама обраќање такво никако. И ај за блиски па да сфатам некако, ама некој у општеството да те вика тетке, чичко, бабо, ко без осет е, ем некултурно. Гош шо вика ако си баба, баба си, ако тетка, тетка си, работата е шо ние не сме ни тетки Тетка е некоја средновечна жена, баба е некоја бумерка
Мене вака ме учеа, а и помладите генерации во семејството. Госпоѓица и госпоѓа повеќе се за формални ситуации. А, почит треба да се искаже и во неформални ситуации. Токму кажување на име е непочит, дури и личноста да ти вели дека не ти се лути. Постара е и со поголемо животно искуство е. Не можеш да се рамниш со неа во сè. И нема секогаш врска тоа со годините. Секако откако ќе го добиеш првото внуче од брат/сестра/ или братучед/братучетка стануваш тетка, ти се допаѓа тоа или не. Смешно ли е, чудно ли е, тоа е. Секоја треба да се навикне.
Шо дека е баба, не ми е баба мене. Ако е ОК непознати да нарекувам баба, дедо, чичко, тетка, тоа значи дека можат тие мене внучке да ми велат?