да ми се допаѓа жена со оформено тело. пример како атлетичарките што трчаат на 100 и 200м. а не ми се допаѓаат (како изгледаат) тие што фрлаат кладиво (мислам дека така се викаше) и ѓуле.
На око убаво ми е да гледам тело кое изгледа здраво, без разлика дали девојката по природа е слаба или облинеста. Реално, здраво и негувано тело се познава, без разлика на плус-минус килограми. Сега се појави тренд жените да се билдаат и што знам, мене не ми се допаѓа тоа како за себе и некогаш кога ќе видам некоја девојка ми е претерано, Но, подобро овој тренд отколку да се изгладнуваат како порано.
Жена со стегнато тело и цврсти мускули да, со големи мускули не пошто почнува да личи на машко. До овој level најмногу прифаќам. Спојлер Вакво нешто не, не и не! Спојлер
Ми се допаѓа доколку е во стилот на Амазонка...убаво обликувана и дефинирана фигура со задржана префинетост и елеганција,сепак да одразува и некоја женственост.Оние премногу набилданите не ми се допаѓаат(не само жени туку и тие мажи не се мој тип).Повеќе преферирам некој што времето го поминува во библиотека отколку во теретана .Не секогаш силата лежи во мускулите...Сетете се само на митот за Голијат.
Ооо се би дала да имам градба на атлетичарка. Презгодни ми се. И тенисерките ги сакам, имаат убаво дефинирани мускули. Ама повеќе од тоа ми е ту мач за мој вкус.
Не, како некои мажи ми се. Малку затегнато тело,а не мускули на раце и нозе. Еднаш видов на свадба жена со мускули на рацете и фустан со корсет носеше, мислев дека гледам маж во фустан
Не ми се допаѓа, ни кај машко ни кај женско. Добро дефинирано тело да, ама напумпани ко да апнале квасец за доручек
Не баш. Со маалце онака оформени да не е без ич може, ама жени со мускули ко машки не сакам баш. Не ми се убави на око, свака им част за изгледот али мене ме ми е убаво
Се е океј ако е умерено. Такви шо личат на мажи, не. И вака и така не свиѓам премногу мускули кај машко, а кај женско ич.
Сакам атлетски изглед на тело кај жени но да не се со премногу големи мускули и да си ја имаат задржано женственоста. Уствари исто и мажите ми се допаѓаат ако се умерено мускулести.