Затегнато тело,со нормална мускулатура ми се допаѓа. Изгледа здраво пред се. А, премногу изразени мускули кај женско ми се одбивни,а освен тоа ми изгледаат вештачки и нездраво. Затоа што женското тело не може да стекне толкава мускулатура на природен начин. Без додатоци,суплементи и најверојатно машки хормони.
Жена со претерано огромни мускули ми делува вештачко и ужасно очите ме печат ама воопшто не сум против за убав затегнат стомак па и некоја коцкичка да се ѕирне при некоја положба...исто и за останатите делови на телото
Воопшто не ми се допаѓаат изразени мускули кај женските, како да сакаат да ја сменат природната конституција на жената...
Ми се свиѓа кога е во нормала,затегнат задник,раце,нозе,малце стомачни.Али жена билдер ми е нешто одвратно,потсеќа повеќе на машко тело отколку на женско.
Жена развиена цела со мускули дефинитвно НЕ затоа што не ми изгледа на жена.Да се има мускули ама до некоја одредена граница мислам на мускили на стомак нозе раце ама да се оди во теретана да се билда тоа не
да има убо оформено задник, стомак.... ама да е пренабилдана не е вкусно.... јас имам една другарка шо зависна е веке од вежбање и е пренабилдана, а дечко и е дебеличок и стварно онака смешно ми изгледат заедно....
Дечко да , али жена набилдана коа ќе видам со вени испапчени како на коњ стварно не личи на ништо.Стомачни да , оформен задник , стегнати нози без целулит да да да ! Но мускули како на билдер во никој случај.
како и на повечето ми се допаѓаат жени што се затегнати а не цели со мускули а за мускулести мажи уффф немам зборови
Воопшто не. Грозна ми е, не ни личи на жена, туку на маж. Жената е создадена да се разликува од мажот, со убаво тело, витко и високо, а не да биде втора верзија на него. Кога ќе видам некои мноооогу набилдани, прво си мислам : - Оваа има маж или дечко ? Прво впечатокот кој го остава, вао си викам, оваа ако и направам нешто, толку ми е со животот.
Да е затегната да, поготово ако има убаво и затегнато газе, убаво обликуван стомак (без испапчени плочки, не ми се допаѓа), а вака цела со мускули па уште и ако е набилдана е одвратно, одбивно и ни малце женствено.
Мускули и женаа ... хммм скоро па ... Секој си знае али мене лично убаво ми е женското тело да е стегнато , но без мускули ... Женственоста на прво место ! =)