Дали ви се случило да добиете „непристоен предлог“?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gea, 1 октомври 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило некогаш да ви пријде некој маж, со измислена причина, но скриени мотиви, со цел да ви се пушта? Отпрвин приоѓаат со љубезно прашање, а подоцна знаат да бидат нападни со покани за пијачка, кафе, телефонски број и сл?
    Возраста не е битна, тука ги вклучувам сите типови на мажи, од „ господа и бизнисмени“ до „уличари и неписмени“, кои знаат да поделат и по некој невкусен коментар, па дури и отворено да понудат некој „непристоен предлог“.
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Да. Беше одамна, со друштво од странство беа дојдени на гости кај нес и бевме излезени во еден скопски кафич. Игравме, се смееве, пеевме на караоке...и одам јас на шанк да земам здив и да си порачам за пиење и доаѓа еден ’господин’ фино збори, се и виде не ме импресионира и не сум заинересирана и ваѓа 2000 евра на шанк и вика јас те честам пијачка, и се поднасмевнува. Леле луѓе. Јас да бегам, суптилно ама избегав и му кажав да не ми инсистира и да ме остави на мир. После цело време ме пиеше со поглед. И му викам на другар ми, сега кога ќе дојде оној онаму кај мене, ти запомни си ми маж и биди налутен и агресивен и дај тоа прстенот сврти го наопаку и јас мојот како бурма. Доаѓа тој и другар ми му вика, Што ти на чена ми толку и досадуваш? Не ти е срам? Сакаш надвор да се рабериме, да викам обезбедување или пак нема да ти се повтори? Он си ја наведна главата, замина и не рече ниту еден збор освен извини не знаев. Дебили. Не знам како немаат троѓка срам? И? 2000 евра и јак сум? Ќе параиме што сакаме? Ма немој. Со мм се смеевме на ова ама му велам, баш за тоа што беше џентлмен со мене до крај затоа те сакам и се согласив да си и маж. Барем имало луѓе во сиов шлајм
     
    На Foreveryoungiwannabe и BurstBerry им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Лилит знае за ова :D

    Додека бев во војска (почнувам да звучам ко 40+ мажите ) поради здравствените проблеми што ги имав повеќе ми попуштаа и ме оставаа да си поседам кога сакам и онака водеа грижа дали сум во ред. Имаше еден старешина меѓу тие, на помлади години, да беше некаде 28 максимум, денот пред да си одам од таму ме викна и онака пријателски муабет ми направи, нели, јас не ни очекував дека типот имал задњи намери :D Што би рекла Лилит, наивно улетав во причава :D Типот беше Албанец.
    И така во муабет, ме праша дали имам фб, му реков имам океј е ти знам име и презиме ќе те додадам. И тој ми вика, не со друго име сум пишан за да не ме бараат војниците :^) Хмм ок. И ми го пиша името на хартија. Си реков, ај, ќе ми се најде човеков секако планирам да се средам со килограмите и психички и да се вратам пак.

    Си дојдов дома, отварам фејсбук, гледам ме додал човекот... Го прифатив, и почна чудни муабети да ми врти :^) Ај си реков отпочетокот, љубезен е. Арно ама напна на чатот, а ме види - ќе ми пише хммм...

    Помина 2-3 дена откако го имав во пријатели и еден ден ми пишува.

    "Офспринг, морам да ти признаам нешто, многу си ми убава и згодна ( :o приметил и дека сум згодна преку тие вреќи што ги носев, можам да замислам колку ме замислувал гола :D ) несакав таму да ти кажам, па затоа сега тука ти кажувам. И многу ми е жал за тебе, затоа што се гледа дека си добра душа (легендарното :P смајли на крај)"

    Јас целата во прашалници, уште збунета од целата ситуација и непомирена со фактот дека сум дома, дека не успеав и 300 други работи што ме комплексираа и фрустрираа тогаш, незнаев што да направам, буквално. Седеше прозорчето отворено и го буљам разговоров на кој не му вратив ништо. По неколку минути го блокирав да неможе да ме најде.

    По неколку дена им одам во посета на девојките што ми беа цимерки, и ми кажуваат **** праша за тебе дали ни идеш во посета :drunk: ОМГ си велам, недај Боже овој да дознае кога сум дошла па да дојде да ме замара.
    Ама толку беше, го немам ни видено фала му на Господ, еднаш само се препознав, мислев дека е тој и кога ја спраштив по еден паркинг да бегам ахахаха ич незнам да се снајдам во такви ситуации.

    Друга непристојна ситуација не ми се десила, уствари и оваа не е непристојна, човекот мака си имал па си ја кажа, ама мене ми е невообичаено и плус како што сум паничарка хахаха.
    Типот беше многу грда фаца. :tmi:
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Да, и чувството е одвратно.
    Во случајов, непристојниот предлог би значел извесен претставник од спротивниот пол да присака да има секс со мене во извесен хотел. И не, не се чувствувам воопшто привлечно или конкурентна на пазарот, напротив, најевтино што може.

    Таква ми е работата, чето спијам по хотели, и вообичаено доста сум расположена, па не остануван незабележана, не знам зошто ведрината се толкува со желба за легнување со случаен минувач.

    И ништо, останувам фина кава што сум :$ и со фино обајснувам дека не, не сум заинтересирана за интимни средби, и дека тие работи ги чувам за дома. До сега не сум отерала никого УПМ. Сортаботници ми се, па некако ми нема смисла. А не знам нив како им има смисла да ме викаат кај нив во соба. По ѓаволите, еден беше толку патетичен што ми вртеше цела вечер на 10 минути да не сум се премислила.

    :puke:


    Едит: сега Офи ме потсети на пуштањата по скајп. Имаше еден тип, така ми се закачи, и така беше сигурен во себе дека сакам да имам нешто со него, што месеци ми требаа да го откачам, иако експлицитно му кажав милион пати дека не - не сакам да имам секс со него. Аман!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Првиот пат чекав автобус. Ми пријде еден така постар човек, и почна нешто муабет да ми прави, па демек бил професор, па не знам што, па ако ми требало помош за било што, ама она било што можел да ми помогне, ми бутна некаква си картичка во раката, ми рече обавезно да сум му се јавела. Среќа дојде автобус и се качив одма фрлајќи ја картичката успат.
    Понатаму, неколку понуди за пари, за одредено време и сл. глупости, за кои не сакам ни да дискутирам. :)
     
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Камо среќа некој ваков да ми се погоди, грабам парите од шанк и газ преку глава низ врата! Ако може да ме стигне (трчам ко муња), ќе го прашам зошто се циганчи за толку „ситна“ пара. :D

    Инаку, јас имам добиено непристоен предлог од извесен уредник на извесна телевизија, што очигледно мислеше дека може да добие се` што ќе му текне. Ми рече дека сака да ми купува што ќе посакам. :D А за возврат, јас сум требала да го дружам (дружба насочена кон јужните делови на телото, многу нормално нели). А имаше свршеница, па се заканив дека ќе направам копи - пејст за да види со каква гнаса ќе се омажи. Од тогаш нема ни трага ни глас од него.
     
    На FortuneTeller.xD, cinderella5, Princess.S и 3 други им се допаѓа ова.
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Многу пати ми се случило но ова беше врв...

    се случи во времето кога беше ептен развиена таа мсн манијата...Ме адна брат на еден школски кој беше поголем 3/4 години и јас го прифатив, а се знаевме онака од извиџење...
    И чат пат се дешаваше да размениме некоја реченица али тоа беше тоа...
    Беше чоек што на лото да ми паднеше ќе го заменев за свирче...
    една вечер во доцните часови на трета смена ми пише „Маче дане ти гори нешто меѓу нозе?“ и јас она ваква целата :o му пишам „Што се занесуваш бре?“ и тој „Епа сега видов дека имам против пожарен апарат (и едно вакво :$ )“...е тогаш ми ја погоди п*чнава жила, и му викам „Добро бе немаш попаметна работа од тоаа да се занимаваш со школските на твојот брат и да ми се нудиш овде? Единствено што ми можеш е да ме гледаш и ништо повеќе!“ после таа реченица доби блок и делит, а после немилата случка кога ќе ме видеше во град бегаше како ѓавол од крст...

    ...многу пати имало и нудење пијалок, праќање пијалок на моја маса, нудење пари....
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    И мојата приказна е слична, со оглед на тоа дека професорот ми предаваше на факултет.
    Јунска сесија, воведоа пријавување на испити преку интернет, број на индекс- јузернејм, а пасворд-датумот на раѓање.Меѓутоа, нашиот инвентивен референт ми го утнал датумот на раѓање во базата на податоци и јас задоцнив со пријавувањето испити.Додека да се санира таа грешка, фаќав врски преку една пријателка, да ги пријавам испитите на шалтер.Заврши јунската сесија и јас отидов на гости два-три дена кај една колешка од Скопје.Супер си поминавме и на враќање поминувам низ ГТЦ, кога некој вика по мене, се свртев-професорот.

    Застанавме, муабет,што си,како си, кај си, му кажав и он вика, е да сум знаел, па да излезев и јас со вас, здодевно ми беше сам сум овие денови.Ми стана чудно,ама ни на крај памет, го замислував како угледна личност и не ни помислив што тој сака да каже.Потоа ми рече, абе има еден мал проблем со тебе, подоцна си ги пријавила испитите, па немој некој од колегите да не ти ги признае за положени.Јас наивна, се испаничив и он ми вика, не е проблем, можам ја да ти помогнам,а ја мутава пак не сфатив каква намера има. И ми вика, ај да те носам на ручек во „Национал“, ќе правиме таму муабет, па после ќе те возам дома. Тогаш почна да ми станува јасно.Културно му се извинив дека не можам и измислив еден куп причини и побрзав да си одам. Тој дури стана безобразен, почна да ми поставува вулгарни прашања од типот, дали гледам еротски филмови?Бев запрепастена, солзи почнаа да ми течат низ лицето и само успеав да му кажам: срам да ти е ѓубре!!! Почнав со крупни чекори да бегам низ трговскиот.Тој упорно одеше по мене, ме фати за рака и ми тутна една визитка со телефонски број,да сум му се јавела, а јас му го исцепав ливчето пред очи и му кажав дека ако не се тргне од мене, дека ќе почнам да врескам.
    Не знам како успеав да се качам на автобус, само знам дека цело време плачев до дома. Кога стигнав, кога ме видоа родителите, беа распаметени,им раскажав, татко ми споулаве, сакаше да оди да го бара, којзнае што ќе се случеше...Се смиривме малку и татко ми ми рече дека и по цена да пишам квадрат,или да ме исфрлат од факс, никако да не одам кај него на консултации, а на предавањата да седам во последна клупа.
    Почна втората година и кога ќе налетав на него на факултет, целата се вознемирував, се чувствував нечисто...издадено...понижено...Ме забележа една колешка и ме праша директно: Што менуваш боја и расположение кога ќе го видиш овој? Да не ти се пушташе?
    Едвај успеав да процедам низ уста и да и кажам.Таа се насмевна и ми вика: Добредојде во клубот, не си единствена.Ми раскажа дека и на неа и се пуштал и викал дека ќе ја чува како бонбонче, друга колешка ја викал кај него дома на консултации и и кажал да си понесе купаќи оти имал базен, трета ја галел по рака кога била кај него на консултации...еден куп приказни за идиотот и уствари он кај сите си ја пробувал среќата...дебил стар одвратен!!! Кога ќе размислам поубаво, јас од сите колешки најдобро сум поминала.
    Човекот можеше дедо да ми биде.Од него веќе имало жалби до деканатот, ама сите молчеле,а и ние се плашевме да го пријавиме, заради последиците, тие ќе застанат на негова страна.
    Еден ден се крена голема прашина на факултет, тој беше пред пензија,ама не успеа да ја дочека, го суспендираа.Го пријавила некоја колешка и девојката ја терала работата до крај!
    Пред некој ден слушнав дека лани починал.Никогаш не сум помислила на никого ништо лошо,ама кога слушнав како да ми олесни, воопшто не ми беше жал.Такви ѓубриња не заслужуваат да живеат.
    Страшно е што не е единствениот, уште таму постојат многу такви како него, но кој има слух за маката на студентот, па уште од провинција.......
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Истото чувство сум го поминала, во тотално слична ситуација.
    Ден денес не можам да се помирам. Зарем мене? :x
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Да бројче, чувството е страшно, кога знаеш дека не си направил ништо, а уште повеќе не си дал причина, а некој те третира и те доживува на друг начин.Тоа дебело подгрбавено старче што личеше на инспектор Мамли, ме натера да се чувствувам мизерно...Којзнае како ли ме доживувал, колку ли ме соблекувал со погледот, какви ли си перверзии му се вртеле во главата....???
    Мрско ми е само и да помислам...
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Се чувствуваш бедно, а знаеш и самата дека немаш потреба за такво нешто.
    Се чувствуваш виновно, иако и за тоа си свесна дека не е така, немаш причина за тоа.
    Се чувствуваш валкано со секој поглед од колегите, како и тие да ја знаат ситуацијата и да те осудуваат, а ти воопшто не си виновна, не си дала повод за ништо, чувствуваш само страв...
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Имам и јас една приказна.
    Требаше да однесам некои документи од фирмата кај адвокат. Уредни документи во папка и одам кај него, влегувам во канцеларија и тој работи нешто на компјутер. Му викам ,,добар ден, да не ви сметам се е тука во папката,, а тој ништо не ми одговара. Ги оставам документите и му велам ако има нешто јавете се кај газдата и само да излезам од канцеларијата тој станува од масата, ја зема папката и ми вели ,,не ми кажа како си,, му велам добро сум на брзање сум имам работа и второто прашање ,,не ми кажа кога ќе се видиме на ручек,, само му реков ,,немам време,, и си излегов.
    Имав чуено муабети за него дека е таков, ама газдата го него најмил да го застапува и не верував дека и мене може нешто такво да ми каже. Само во себе си помислив ,,имаш ќерка дебилу на моја возраст,,
     
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    99.873
    Пол:
    Женски
    Најлошото нешто ми се случи зимава.Конкурирам јас на оглас за вработување ,човеков се јавува демек да се видиме да каже што сака,велам нели договорено кога ви одговара вели може ли во сабота попладне!!! :o Јас ваква ...зар од сите работни денови баш сабота попладне...викам ај да не гњавам,можеби е зафатен другиве денови.Одам јас со некое претчуство во душава ама си велам ај да не преувеличувам.Кога таму никој нема нели и седнавме да разговараме..и тој почнува да меле и што треба и што не треба за неговата фирма.Ама нели за работа сум викам молчи и климај глава .На крајот ми здодеа викам добро тоа сум јас доколку одговарам за работа викнете ме.Станувам да си го облечам мантилот , и тој џентлменски придржува,оддеднаш неговите раце околу мене.Е тогаш ми зовре се завртев и му залепив една.Патем понизок од мене ,никаков,ми се чинеше со раце ќе го здробам.Виде дека ѓаволот ја однел шегата почна да се извинува,јас цела вознемирена почнав да се тресам.Во тој момент маж ми врти за да ме собере,јас на ивица да заплачам.Догегувам некако до вратата гледам ја заклучил.Се вртам накај него викам моментално да отвориш зашто има цело Скопје да те дознае.Тој отвара и јас излетувам надвор.Потоа ми се јавува на телефон со извинување демек не мислел ништо лошо .Па почна да се јавува од други телефони ама виде дека не сум заинтересирана да му станам конкубина,се откажа и тој.
    Чувството е многу бедно,и сега кога ќе се потсетам се тресам од гнев. :envy:
     
  14. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    леле и мене ми се има случено истово, а да не ти реце дека има ќерќа и син во Америка и дека нешто незнам на филозофски ли незнам каде држел предавање историја? Значи може не е истиов али мн е слична приказнава. Ама овој стариов еден катастрофа со манијакален поглед ужас. И јас чекав бус на Железничка ццц, абе мислам дека умрев од страв особено зашо беше недела и жив човек немаше по улицине!!!
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Како магнет бев за вакви работи, само на жал никој не ми понудил милионче (како на истоимениот филм ) :D
    Првиот пат кога ми се случи ваква понуда, а беше дадена крајно дрско и безобразно, останав занемена барем 5 мин. оти ми беше скрос неочекувана, како гром од ведро небо...Прво човекот беше многу постар а друго имав голема почит кон него...Откако се соземав му кажав фино дека погрешно ме проценил (не сакав веднаш да урлам, од кај знам кај манијак може и психопат се крие во него :worried: )...Проба и по вторпат, е тогаш му изнакажав и што треба и што не треба, плус му се заканив дека ако продолжи ќе дознаат сите, па се повлече и не ми се приближи веќе...
    После тоа имав уште две-три од женети кои излегуваат секоја ноќ како ергени, па наоѓаат твој тел. број и пробуваат да те гњават, но биле од старт пресечени и не сум имала проблеми...
    А, да, имаше и еден кој се нудеше автомобил да ми купи, каков сакам...не фала, ќе си одам пеш...
    Освен првиот пат кога се почуствував ептен мизерно и навредено-оти ми беше првпат, останатите не ги сваќав за озбилно, не ги регистрирав, нема што јас да се вреѓам од туѓ идиотизам...
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    И јас Шкорпионке не сум добила седмоцифрена понуда ко на филмот, ни па понудувачот бил толку згоден, :D .

    Да, сум добила вакви „предлози„ и тоа повеќепати, првиот пат ми се случи во средно маж на братучедка на моја другарка ми понуди да ми давал прилично голем џепарац од неколку илјади „само„ за да го дружам бидејќи бил несреќен и неисполнет во бракот :^) . Потоа еднаш кога бевме излезени со другарки дојде еден тип и кажа дека тој со него плаќа дебело за да помине една ноќ со девојка, кога бев на факултет татко од моја соученичка исто ми понуди „финансиски да ми потпомага во студирањето„ и еден колега кој беше во брак преку порака ме праша дали сум заинтересирана за состанок со него...Ова биле онака без заобиколување добиени предлози инаку сум била и во допир не по моја желба на демначи кои оперираат со присуство и мислат дека времето ќе сработи во нивна корист да те придобијат за себе ако некогаш имаш лош ден, :^) . Зборував повеќе за ваквите во друга тема.

    Ве читам повеќето и ја компарирам мојата реакција на ваквите јас ни плачам ни се чувствувам мизерно туку збеснувам, ме фаќа гнев и често упатувам навреди, закани и сл. кога сум апсолутно сигурна дека не сум виновна во смисол не сум дала ни трошка повод, вината за испадот е од другата страна, макар што со тек на време гледам и да не се нервирам многу за вакви идиоти едноставно ефикасно да ги отстранам од свое видно поле засекогаш.
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    43.722
    Да, и типот мислеше дека ќе паднам во несвест. Срцка! :*

    Не бев кучка, само се изнасмеав, зошто тоа беше после еден мој настап, и веројатно таква беше целовечерната "тема" - секс, дрога (пиво) и рокенрол.

    Жалосно, но реално, таквите ситуации само ме замислуваат, дали е тоа поради очај или храброст. Веројатно е првото.
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Порано, да.
    Oд оние facebook манијаци кои повеќе ги немам во пријатели, фала богу.

    Паметам еден Албанец кој ме нарекуваше локум, и што уште не, не ми пиша...
    Потоа еден од Египет, кој наводно живееше во Вашингтон и ми го преплави fb со непристојни коментари.
    Како да не беше доволно што во inbox не прекинува да ми пишува.

    Во живо во Македонија не. Барем не сум запаметила.
    Во Египет, еден куп. Не ми текнува конкретно на никој друг освен на еден кој не знам, ме сонувал како сум со него во кревет, па тука причи ми сврте и кога реков имам 15 години отстапи, и по неколку дена повторно почна со истите муабети. |(
     
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    :rofl: :rofl: :rofl: Ме изнасмеја ова... девојче локумче :rofl:
    Извини, знам дека не е смешно :$

    Сум имала вакви предлози. Ама чудно ми и е како некој воопшто помислува да дојде кај мене со ваков предлог кога јас изгледам многу ладно од страна и имам си го тоа да одбивам луѓе.
    Никако не реагирам, без промена на гласот и на расположението ќе го откачам.

    Еднаш скандал ќе избиеше, кога еден цел ден ме следеше со колата. Па ми фрла и број од мобилен, напишан на ливче :rofl:
     
  20. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    не е ретко паѓа ,,непристен предлог,,каде што објективно и не треба да го очекуваме...
    на крајот тој предлог те зашеметува и помислуваш дека се работи за мала шега...
    но ете излага дека предлогот бил далеку од тоа..
    и што сега понатаму...или како понатаму..т,е да дадеш разбирање или да возвратиш со жестина..
    одговорот е некаде на половина...
    и овие денови по некои случувања осознавам дека секој има некоја тежина/проблем и дека човек во денешно време може многу лесно под товарот на обврските/проблемите за момент да потклекне/пукне или сл...
    и тоа по правило пука каде што буквално не би треба да пукне...
    ко на смешен филм...и далеку е тоа од смеа ама...
    за да не бидам погрешно разбран тука не ги вбројувам овие манијаци кои вие ги опишавте од типот на аздисани дезодоранс бизнисменчиња или адвокатчиња,лекарчиња итн...
    да не зборувам за напалени професорчиња кои ве демнат од некој свој агол/момент..
    тие сатрапи не ги есапам и гледам дека и вие елегантно ги решавате...ирејздем ол..
    ..а сега дека има,имало и ќе има такви моменти е несомнено...приказните ги слушаме секојдневно..
    и јасно е дека од разно разни причини некои луѓе секогаш ќе одат по погрешен пат за кој ќе мислат дека ќе ги води до исполнување/реализирање на нивните притаените желби...
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.