Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви се случило да добиете „непристоен предлог“?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Gea, 1 октомври 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.842
    Уште сум под импресии на последниот предлог од пред некој ден.

    Во опуштена атмосфера, со музика и алкохол му дадов комплимент, и не помина долго кога ме праша која соба сум. И потоа ми го постави истото прашање уште најмалку 30 пати. Знам дека и јас не сум безгрешна, ама не мислев дека така ќе бидам протолкувана.

    Аман, ако ти кажав дека имаш убави очи - не значи дека сакам да имам секс со тебе.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    И правев друштво на најдобрата другарка на гинеколог и она внатре на преглед, јас чекам во чекална, нема никој. Искача докторот пред другарка ми, ме мерка од глава до петици и ми прашува дали сум слободна да идеме некогаш на пијачка ? :o :devil: Инаку има преку 40 години и деца.. (да не кажам име, нема смисла сепак)
    Ја го погледнав изнервирано, и среќа другарка ми излезе и фативме пат под нозе...
    Она уште иде кај него на лекар (незнам како не и е шубе) а типот уште манијачи млади пациентки. :devil:
     
  3. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ариел, можеби човекот сакал да ти испрати рози :wasntme: за комплиментот де ;) :)
     
    На tessie, kjukli, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.214
    Допаѓања:
    139.842
    :D Ме изнасмеа до солзи!

    Рози не би ми пречеле, туку овој ми кажа што сака да правиме :D
    И тоа се обиде на неколку начини, со неколку приказни, кои можеби палат кај девојки во рани 20-ти години, ама не и кај жени во рани 30-ти :D
    Сега ситуацијата ми е смешна, ама тогаш не ми беше :D
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Луѓе ова што ќе ви го кажам сеа, нема да ви се верува! Зошто и мене не ми се веруваше, едно 5 пати го читав и не можев да поверувам.

    Значи, ме побара за пријателка еден поп, куќен пријател и е поп од селото од коешто потекнувам.
    Ајде, го прифатив. (поп и фб бе )

    Почна човеков да ми пишува, ни на крај памет не помислив каква намера има.
    Нешто филозофски муабети ми врти, јас па уште се уфилмав дека ќе можам да барам совети, знаете како кај католците... (ах што ти прават тие шпански серии :D )
    Кога човеков почна да ме поканува на вечера, за тоа колку сум изгледала секси... :o :tmi:
    Јас ваква :o [​IMG]
    Не, стварно. Сѐ очекував, ама од поп ни на крај памет. Колку сум била наивна. А човекот со три деца.
    И му викам:"Господ да ми ти е на помош" [​IMG]

    Сум имала пуштање од пријател на татко ми. |( Да ти се збљват, шо да речам. |(

    Морам и ова да го спомнам. :rofl: Се работи за случка со братучетка ми.
    Човеков (од друга вера), ставање на маса 500 евра и следи предлог:"Ќе ти дадам 500 евра ако си невина!" Нормално, тука се подразбира проверка прво. :wasntme:
    И оваа ми вика мене :"Да бе сигурно, невина на трет ден менструација" :rofl: :D
     
    На tessie и kjukli им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Ова ниту јас не го сконтав ден денес.
    :^)
    Недај Боже да си ведра, опуштена и насмеана.
    "Аааа готово, оваа се плеска, лесно се дава..."
    Малограѓанштина. |(

    На едно од работните места, еден глупчо ми се закачи како тоа е можно да имаш дечко, и толку отворено да комуницираш со машки.
    Пробав со фино да објаснам, не сакав да дојде до кавга.
    Тој очигледно си го сфати како некаква си понуда.
    Па почнаа да фрчат некои поздрави, јавни комплименти, тормозење во канцеларија, булење во задница, покани за кафе и вечери, уште поезија фалеше да почне да измислува ...

    На крајот ми скисна, станав отровна, му реков да ми се мавне, а за да ја запечатам мојата сериозна намера го довлечкав кумот од соседниот кат, сериозно униформирано лице да го прегледа од глава до пети.
    Се мислев и татко ми да му го викнам, ама како што ми е налудничав, решив да го лишам лиглево од ќотек со палка.
    Мочко. |(
     
    На Gosh, tessie, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Идев за на тренинг..еден манијак иде до мене по пат и ми вика многу си убава, јас си продолжив не го мавав од к*р..он пак почна нешто да ми збори..и на крај ми вика ако сакаш за 50 евра да се ду*иш со еден многу млад дечко,ептен јако е*е..јас ваква :o .. сакав да го спружам тука на сред пат,ама позади него комбе бело идеше.. Старо магаре..он сигурно го има испробано е*ачот и сега го препорачува на други...многу ми е криво нож што немав во тој момент..ке го распарчев :@

    Седиме на час (прва година) ..само ја и еден другар бевме во редицата..и седна до мене, ок си реков нека седи..ми вика Се плескаш?! моја реакција.. :@ на сред час го исплескав од клупа со главата..бев избркана од час,добив неоправдан,па кај директоро,цела служба ја поминав во школото..кај сите заминав немаше кај небев, ама тој си доби незаборавна лекција :devil: никој не смее да ме чепне :punch: фрчат од сите страни...Ѓубре, тој неможе да го држи кога се моча, ке прашува непристојни прашања..Глупав
     
  8. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    „види душко, животот е ужасен за да и бидеш верен на само 1на жена. Сите ние имаме очи кои ни се дадени за да ги користиме и да гледаме што е убаво! Сите ние кои знаеме да гледаме знаеме и да го осетиме тоа што го гледаме! Со тебе ,пошто си созреана личност јас би сакал да прогледам и да проникнам подлабоко...“
    Зборови од Кучен пријателл :envy: :swear:
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Божеее,кога само ќе се сетам,ми се плаче на една случка.Бев прва година факултет и една моја колешка ,патем ми беше многу блиска,имаше пријатели Албанци.И ме моли пустата,да сме одиле на ручек во Пробиштип,многу и било важно.Не е виновна она,девојчето не беше свесно какви се тие идиоти.
    И јас се согласив,не собраа со кола пред факс и ајт на ручок.Малеее,едно шубе шо ме фати...Едниот се муваше со мојата колешка(знаев дека има нешто меѓу нив),она се китоти ,се смее,јас како дрвена Марија :lol: .Најсериозно,ми беше незгодно да му зборувам,па првпат го гледам во животот.Ручавме ,и кога решивме да се вратиме ,јас во Штип,таа во Кочани ,ете ти ја беља :whew: та.Запнаа колешката да ја вратиме во Кочани,мене потоа ќе ме вратиле,аха ,како да неее...Јас не се согласив,и ај турболенции до Штип.Албанецот зема се и свашта да ме распрашува,дали имам дечко,која сум,што сум.Он имал жена и деца,и ми предложува да имаме секс.Јас се згрозив...му реков не .Ни пет ни шест го поткрева палтото,гледам пиштол :o .Морав да му го дадам тел.број,ми се закануваше ,се снајдев како знаев и умеев.Кога не вратија во Штип,ни дадоа по 1000ден за друштвото...Јас во лице им ги фрлив и со трчање стасав до станот.Бев уплашена.Типот ми се јавуваше,ме бараше на факултет,одвај му избегав.Бев невина,ептен ми беше страв...Фала Богу што не ми се случи ништо.
    Инаку,имало многу непристојни понуди,дури од еден школски за пари,и се разбира одбив.Но,случката со Албанецот нема никогаш да ја заборавам :x
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.541
    Не верував ама ете се случи скоро.Соработував од работа со еден ценет господин |( ,бевме на состанок кај мене во фирма,и после состанокот дојде и рече дали може да му го оставам бројот ако има нешто измени да се слушнеме.Јас му дадов визит картица,нормално.Потоа заминав на обука во БГ,и одма утредента ми стигна порака од типот -дали убавата госпоѓица ќе сака да излеземе викендот на дружење :puke:
    Мислам башка што сељачка пораката,па и што ме изреволтира до максимум!!!Типот има детенце и жена,која е прекрасна.Не му одговорив на пораката,ама кога пак би се виделе -а треба да се видиме заради проект на кој сме заедно :@ ,ќе му кажам да се однесува чисто професионално со мене и дека бројот му го дадов за работа,а не приватно.
    Има се и сешто,абе веќе ништо не ме чуди :fubar:
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    имало неколку случаеви
    -професор што ми предаваше, се понуди да ме однесе со неговата кола(нели за да ми е мене полесно)и мило ми е што го отпуштија
    -потенцијален работодавец што ми објаснуваше каде поточно се наога неговата канцеларија, ми звонеше 100 пати(мислев дека е сам, па ми беше страв врата да затворам) ко за бакзуз денес го сретнав, ни добар ден не му кажав, како не му е срам женет човек
    -тип од скајп што отворено ми понуди да сум со него, се досадувал човекот, сакал женско до него
    како што кажа една од феминките , магнет за такви изопачени умови :worried: :x
     
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Сум имала да, во периодот кога одев на пракса во една од нашиве ни клиники.
    Тоа беше оженет ,,господин,, со две деца постар од мене 15 години. Искрено не знам ,ама не знам како го испровоцирав за да си допушти до толку? Колку и да мислам одговорот е-никако, едноставно нели типот најде да билда его БАШ на мене.
    Најверојатно, фактот дека бев млада недипломирана девојка без сопствен денар во џеб го наведе да си помисли дека неколку вечери, поскапо парфемче, два-три круга во неговиот џип ќе бидат доволни да полудам по него и да изгравам играчка секогаш кога тој ќе посака |( .

    Се понашаше како аздисан тинејџер, Господ нека му е на помош.
    Секоја прилика ја користеше да ми се доближи, да ме убедува во некои глупости, немаше момент јас да се наведнам над микроскоп а тој да не дојде и да не ми душка по косата, оти многу убаво ми мирисала...
    Еве некои од неговите излитени фрази со кои што ,,жареше и палеше,, во освојувачките походи:

    -Кога-тогаш ти на мене ќе ми се јавиш некоја вечер да дојдам и да те земам од дома.
    -Имаш природна убавина, не можам да ти се нагледам.
    -Види, нам може да ни биде убаво колку време сакаш-толку, ама јас мојата жена нема никогаш да ја оставам... Кој ти па побара такво нешто и кој ти кажа дека нам воопшто некогаш ќе ни биде убаво?!
    Недораснат чиче.
    -Какви гради имаш, сега ќе погодам 100 посто и која величина градник носиш.

    И нормално, опасниот искусен женкар плеснува број кој што нема блага веза со оној кој што е вистински. Ама тоа е од што многу жени поминал и се му е измешано во главата од величини, обеми и слични ми ти работи. Ахааам :D

    И така. Мене ми заврши праксата, а нам убаво не ни бидна ;( :D . А тој ми се налути и ми направи и римув од френдс на фејс. Одвај поднесов, искрено и ден денес се опоравувам од тој негов спуст :D .
    Ај здравје, ќе има нови практикантки на клиника, ќе мазне фраериштево нешто, знам јас :geek: .
    Па не се сите будали како мене да испуштаат златни прилики :D .
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    11.812
    Пол:
    Женски
    Летово додека чекав автобус ми пријде еден дедичко и ме праша колку е саат. Обично прашање, стандардно, па му одговорив. И се тргна.
    По пола минута дојде пак. Почна да ми збори нешто и одеднаш ме прашува дали сум за ноќно капење(ноќе беше, накај 11 скоро). Се на негов трошок. Му одговорив не. После тоа дојде пак. Почна да ме прашува дали сакам со него во кафана на вечера да одам :fubar: . Пак му одговорив не.
    Искрено страв почна да ме фаќа. Како за беља немаше многу луѓе на автобуската, само 2-3 женички. А он не престанува да ми кажува дека се ќе било на негов торшок, до дома ќе ме врател, незнам каде куќа имал...
    Му се свртев и почнав да му викам така со повисок тон (море скоро се дерев): „Слушај стари, не ќерка, внука можам да ти бидам. Како не ти е срам. Тргни се од мене или ќе почнам да викам“.
    Се тргна он, дури и ме испцу, а мене коленава почнаа да ми се тресат. Се молев што побрзо да дојде било каков автобус, само да се качам.
    Секакви гадови шетаат по земјава. И тие фини што изгледаат се најподмукли
     
  14. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ми побарале број, фејсбук, ова, она, ама не су им дала. На некој што го гледам првпат и уште асолно името не ми го знае, веднаш информации не откривам за себе. Поради слични приказни да не ми се случат и мене како во горенаведените ситуации.
     
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Не сум добила некој ваков предлог но во последно време сретнувам човек на возраст 35-40 години кој секогаш ми вика здраво а еднаш и проба да започне муабет со мене но се извадив дека се брзам...
    Вчера го сретнав со мајка ми и само ме погледна манијачки но како сум нак*рчена ако уште еднаш ми рече Здраво ТЕШКО НЕГО :swear: :punch: :punch: :punch:
     
  16. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    да но одбиени на пристоен начин.
     
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Да , имам добиено таков предлог од едно момче, бевме излезени во дискотека и тој дојде и почна да ми се нафрлува како во стилот ајде да се возиме со мојата кола, да одиме кај мене дома.... :puke: се завртев и си отидов дома
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.996
    Пол:
    Женски
    Охохооо...мене ме обожаваат вакви нафурани, постојано се прогласуваат себеси за заљубени до уши во мене, за напатени душички кои не можат да дишат без мене, такви кои поминувале дури и по десетици километри за мене, не ми се верува како им давам повод и причина, кога одвај муабет два со нив имам во животот.
    Првиот обид уште додека бев помала, еден отприлика дупло постар од мене ме убедуваше дека јас и тој сме вистинскиот спој, со тие зборови буквално. Пријател на газдата во кафичот кај што работев, замисли и бројот ми го дознал и ме малтретираше, доаѓаше постојано и ме убедуваше да баталам и школо и се, он ќе ми дал животно школо.... :x
    Вториот, колега од една фирма со која соработуваме сега, импресиониран од мојата интелигенција ми испраќаше пораки на телефон по сто во минута, секое сабајле добро утро, навечер пријатна ноќ. Ми се откачи така што го излажав дека ќе се мажам бидејќи сум трудна, среќа набргу и го избркаа од работа па немав повеќе контакт со него........ :x
    Најтазе, еден угледен човек од политичкиот врв, ни помалку ни повеќе, повторно соработник од работа, после неколку состаноци кај него во домот бидејќи работеше од дома започна да ми испраќа на Скајп слики од веш од Викториа Сикрет, патувања од Групер, парфеми на промоција, па и вечери во ресторани.... Све може да биде твое малечка, само да се отарасам од девојка ми, знаеш и дужам
    100 000 евра па мора да ја трпам, потоа сум твој.... :x
    Свашта, само тоа имам да кажам.....луѓе си немате ли живот и гордост бре.....
     
  19. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    За жал се случило и тоа... За уште поголема жал, се случило повеќе пати.
    Најчесто не обрнувам внимание на такви ниски и ефтини муабети.

    И девојки не се чудете на тоа како сте им дале повод. Нив не им треба повод, таквите изопачени луѓе гледаат на жените како на секс-машини.

    Зимава, прва смена јас на школо... Надвор истура снег, јас излегувам од автобус. Наоблечена со триста чуда на мене, капа, шал, ракавици, капут. И си идам јас така низ рекорд, кога еден дечко околу 30-35 години ме сопира и така тивко ми шепка: Извини девојко, да не си за секс можда? :o
    Ме збуни, прво не знаев што се случува, па додека ми се уклучи мозочето поспано во 7 часот наутро... Му изнапцув и мајки и шајки и се по ред. Болни умови, уште рано посабајле се фатиле за работа. И ај сега кажете ми вие како јас сум му дала повод таква поспана, наоблечена како пикната во вреќа за спиење :^)

    Греота, женско не виделе во животот беден...
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Еее за жал да и тоа многу!!