1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ви смета гравот?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Svetilka, 3 декември 2011.

  1. Svetilka

    Svetilka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    15
    Сакам да прашам дали и вам ви смета гравот како храна.
    Мене додека го јадам многу ми е фкусен но потоа имам страшни проблеми со дигестивниот систем, ми се ствараат неверојатни гасови, во стомакот со прилично јаки звучни ефекти :) и кога јадам грав осудена сум да седам дома бидејки тогаш не сум за во друштво :) исто така и зелката арена ми смета но во смисла на болки во стомакот.
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Дали ви смета гравот

    Пу пу :wasntme: Никогаш не ми сметал и се надевам дека оваа појава нема никогаш да ја имам бидејќи посебно тавче гравче обожавам,знам и по неколку пати на ден да јадам ммм јамии леле се настрвив сегаа :mm:
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Дали ви смета гравот

    Оваа е таа петочна тема... Ко онаа за ЈСП, ама таа е и за во вторник... :D

    Не ми смета за јадење иначе...
    Мама му става нане како зачин за да не ни смета. Е ако заборави да стави нане, е тогаш е филхармонија :D
     
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Дали ви смета гравот

    не ми смета ,обожавам тавче гравче :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Дали ви смета гравот

    Абе еден доктор еднаш ми рече,гравот ти е најегзотична храна,јас уште не можам да го сфатам ова! :D Во која смисла мислеше дека е егзотична?!
    Јас не можам органски да го смислам во ниту една форма,ама кај мене дома се јаде лудо и опасно.Но среќа уште не сум осетила последици ко смрдливи бомби и тешко варење.Овие моиве се јадачи со искуство,ништо не им може еден грав! :D Има конфликт постојан,мајка ми го сака тавче гравче,татко ми течен,па увек има некои натегања,ама да се чудиш како го нема за час! :D
    А еден другар еднаш ми вика,грав ти е најубав на селска слава и на погреб...језив е знам! :D
     
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Дали ви смета гравот

    Прв пат слушам. :^) Ко демек - коа има нане, нема гасови? :^) Ова као реклама звучеше :D
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Дали ви смета гравот

    Kолку што јас знам нането е за арома да му даде, а гасови, и стомачни тегоби немаат врска барем јас така мислам.

    Мене не ми смета, мислам ОК сум, ама па не му го обичам многу, многу вкусот.
    Пре би некое месесто нешто него ли грав.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.322
    Дали ви смета гравот

    Нането е за арома, а за гасови гледајте гравот да ви се погоди. Има од некој грав многу се прди, ама некој е мирен и не предизвикува прдежи :lol: .
    А има и муабети дека ако газдата потпрднувал додека го сеел, таков и гравот ќе излегол. Прдечки :D .
    Туку не што те тера само да прдеш, ами ти го дува и мешето :D .

    Јас не сум љубител на грав, го јадам по потреба и чат-пат од стрв. Помеѓу течен и тавче одбирам тавче. Со колбаси :) .
    Среќа што дома никој не љубител на грав и го јадеме ретко, и не само во петок.
    Јас кога го правам, гледам тоа да биде недела.
    Да бе петок, се погоди прдечки, излегувам и околу мене гледаш луѓево во кома паднале :D .
    Не благодарам, ако морам да го јадам, ќе го јадам во недела и дома ќе си седам, на мира да си потпрднувам :lol: .
     
  9. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Дали ви смета гравот

    Јадам грав ептен ретко, еднаш на два месеци може. Сама не готвам, ама затоа се јавувам кај мама и го прави специјално за мене, прилично солен и без никакво месо, шо би рекол татко ми "босо гравче". :D
    И нормално е гравче да ти го дува мешето, па и да предизвика гасови и миризливи ветрови. :D
    И да, не џабе рекле "Добриот грав, нaдалеку се слуша" :lol:
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Дали ви смета гравот

    Да се надоврзам на темата иначе... обожавам грав. :wasntme: прдежи непрдежи, гајле ми е. :rofl: А и немам проблем.
    И како манџа, и како тавче. Едно од омилените јадења ми е. :inlove:
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Дали ви смета гравот

    Абе неееееее... :sweat:
    Зошто? :(

    Гравот ме прогонува на секој чекор, во секој петок, во ист или сличен декор, со подоцнежен миризлив леток... :sweat:
    Додека некој го чека петок за старт на викенд, јас чекам да помине или барем да се скокне ручекот. Нејќум бре... :(
    [​IMG]
    Другар ми бајат го јаде во сабота, за при енормна гужва во дискотека да си направи простор за движење. :worried:
    А јас кога ќе се решам да каснам, ќе јадам чинија-две, па оштро ќе и се обратам на мајка ми: ај доста зае*авање, дај да ручаме. Ем не ме најадува, ем беља прави. Па како да го сакам? :^)

    Инаку нането е против гасови и стомачни тегоби, се додава на гравот за неутрализација на настанувањето на таканаречени прдежи.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Дали ви смета гравот

    Едно од моите поомилени јадења. Само се прашувам зошто мора мајка ми да го прави стрикно во петок? Сеедно неможам да му одолеам,петок не петок ќе сркаш :D
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Дали ви смета гравот

    Обожавам гравче: и во тавче и во тенџерче (само да биде погусто). И не, немам маки :wasntme: :D
    Уште па кога ќе си го зачинам со вегета :mm: :mm:
    Ама познавам голем број на луѓе кои си имаат мака со истиот, а откако ќе си се олеснат од нивната мака, ние другите што сме во иста просторија со нив имаме мака. Ама тоа е веќе друга тема, па или ќе ме бришат или ќе ми го префрлат постот во соодветната :D
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дали ви смета гравот

    Гравот го сакам, ама само како тавче. Онака како манџа не го јадам.
    Инаку досега сум немала проблеми со гасови и слични непријатни работи, ама сепак избегнувам да го јадам често.
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дали ви смета гравот

    Ууууу многу си сакам гравче јас.
    Повеќе го сакам во тавче, но во последно време петочното гравче е течно и вратре со округлести парчиња колбасица. Порано и сланина стававме, мх мх.



    Taтко ми пак, со сите нишани го прави гравот.
    Купил вакви грна кога јадеме тавче гравче, за да се осети правиот вкус. :rofl:


    Инаку мене не ми влијае на прт трт сегментот.
    Си го јадам и гајле неам.
    Али на брат ми порано многу му влијаеше.
    Се знае. Петок грав, навечер место у град, излегуваше на WC шоља редновно.
    Зависи до организмот на човекот.
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_0406.jpg
      100_0406.jpg
      Големина на фајлот:
      269,9 KB
      Прегледи:
      209
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Дали ви смета гравот

    Знам дека е за арома. Ама кога има нане ние дома немаме гасови, сите сме приметиле. А без нане, е без нане нема мрдање од дома во петок.
    100% сум сигурна за ова, зашто еден петок се карав со мајка ми зашто нане не ставила, а знам требаше на састанак да одам :D :D :D
     
  17. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Инаку во гравот се додава ким, тој помага против гасови :)

    Јас не сум некој љубител на грав, ама кога тоа ќе направат дома, тоа јадам. Плус знам дека е здрав, па не се бунам многу :) Обично е во петок на менито, само сега некако почнаа во недела :^)
    А го преферирам црвениот грав, имам јадено таков, повкусен е, а и попопуларен во други држави од белиот, само колку што знам јас во Македонија не се одгледува многу. :?:
    Го имало во супер-маркети од кинеско производство, ама таков пакуван па и уште од Кина, не би јаделе дома.
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Уууф грав... Па дали има некое јадење што повеќе го мразам од грав? Ноуп... :|

    Грав не јадам од шесто одделение.. Не го сакам едноставно... А си знам дека е многу здрав и барем еднаш неделно треба да се јаде ама ајде... Не го можам....
    :lol:
     
  19. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Грав оној од типот чорба, не јадам.Сакам многу тавче-гравче.Ретко го јадам,ама уживам во него.Е, проблемот ми настанува после јадењето! ;( Стомакот ми се дуе ѓоа трудница сум :puke:
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ееее грав. Повеќе расправии предизвикал кај нас дома отколку тоа кој заборавил да стави нова тоалетна.

    Брат ми не може да го смисли, татко ми го сака како манџа, а јас запечен. И како на ова мајка ми да му најде чаре?!!

    Во секој случај, се јаде грав понекогаш, три-четири пати месечно. Лично до сега не сум имала некои здравствени последици кои би имале негативно влијание на мојот социјален живот.

    Вкус како вкус, секој го прави различно. Мене задолжително ми иде со сирење и многу бибер.

    А има еден вид на грав, потемен и поцврст што е, и обично за салати се користи. Е тој е Тhe grav. Само цената да не му беше како злато да купуваш.....