Мене ми смета мнооогу... не ми предивикува гасови, но откако ќе јадам потоа 3-4 саати минимум киселини ми се качуваат до уста и назад бљааак еднаш дури бев принудена да си ги пикнам прстите и да го исповратам зашто веќе не се издржуваше многу го сакам но тоа е што е ....
не ми смета гравот ми смета мирисот негов додека се вари а потоа е веке нешто друго,гравче во земјена тава со кобасици или плескавици ммм...и мислам дека има вистина дека нането помага за стомакот,јас користам обавезно нане и ловоров лист во гравот му даваат убава арома
Да чукнам во дрво-не Спојлер Ама не чукнувам ај Цел живот да ми дадат да јадам грав-нема да ми се одјаде.
Кај мене во петоци строго се јаде грав, мене ми смета и секогаш и викам на моите ај вечер ќе изглегувам утре за доручек ќе јадам грав и сеа за сеа се вадам со таа фора да не јадам
Мајка ми ме нервира со тој грав, само грав да се јаде и на грав да се мисли. Не го сакам кога ќе го направи како чорба, но затоа тавче гравче обожавам ммм
Ниту го мразам ниту нешто многу го сакам. Онака,океј ми е,си немам потоа проблеми,и го јадам кога го готват дома.
Не, ама баш сакам грав а особено го сакам големозрнестиот. И на Heinz гравчето во канче е преубаво, во последно време особено го јадам.
Мене ми смета, тешко ми е и мачно од него, а посебно дека имам бавен и проблематичен метаболизам.А убав ми е, посебно тавче со спанаќ и така почесто го конзумирам, а манџа грав немам јадено со години, ем од што ми смета, ем од што не обожавам манџи.
Грав..ми смета..да бе ќе дојдат гости и неочекувано пуфффф!Цунами во собата,парфем од Антонио Бандерас се шири знајш ...сакам малце да поткаснувам гравче-тавче иначе ...
како јадење гравот е вкусен ,и одлично јадење. после јадење имам проблеми со дигестивниот систем , имам силни гасови во мојот стомак хехе