Не ви смета гравот ,туку додатоците со кои се подготвува.Многу зејтин,запршки со брашно и мрсно месо смета на желудникот.Пробајте само сварен грав со по некој зачин
Не ми смета, но и не го сакам премногу. А тоа со гасовите (грав и зелка), не е проблем со системот за варење и е нормално.
Па... повеќе ми смета миризбата додека се готви и вкусот, а за варењето не сум приметила некоја мака бидејќи и ретко јадам.
Многу го сакам, а посебно кога е само варен, така повеќе течно и да има некое ребро внатре ахх а проблем некој од него досега не сум забележала
На некои гравот им пречи поради дебелата лушпа, поради што организмот потешко го сварува и се создаваат повеќе гасови. Доколку се остави гравот да накисне пред да се свари, лушпата многу лесно може да се отстрани под притисок на прстите, но лупењето иако е лесно бара многу време. На тој начин полесно се вари во стомакот и создава условно кажано помалце гасови.
Па да, но од здравствен аспект е подобро да остане таа лушпа. Она што го успорува варењето на гравот се диеталните влакна наречени целулоза, а диетални влакна за секој организам се многу потребни, препорачано е 23 грама дневно, така што лушпата игра значајна улога и кај гравот и кај други растенија кои ги конзумираме, на пример разликата меѓу интегрален и обичен леб е токму тоа што во обичниот нема лушпа и срцевина што го прави прост јаглехидрат кој не е здрав Иначе, јас онака го сакам гравот, да речеме сум скоро неутрален или благо наклонет кон него, но прв избор не