Дали во бутиците се продаваат веќе користени производи?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Dimi_, 21 април 2022.

  1. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Се извинувам доколку ваква тема постои, доколку не, еве за сите тема за дијалог.

    Имам забележано дека некои етикети а и материјалот на облеката е чуден и како да се распаѓа, како да има прашина. Етикетите на некои парчиња облека се нови и сјајни, на некои се изгужвани, обоени, како да таа облека е претходно користена. Дали ви се случило да сретнете машка или женска облека со слични "симптоми" и како да знаеме дека некоја облека не е препродавана и дека е од квалитетен материјал?
     
    На Ta-mara, Cosmic Girl и Ajrinii им се допаѓа ова.
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.026
    Допаѓања:
    5.435
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа е бидејќи долго време им стојат во магацин, некои парчиња и со години. Пр можам да кажам во Евроазија има некои работи што им стојат повеќе од 3 год и секоја сезона ги вадат истите и изгледаат како да се распаѓаат.
     
    На FreeToGo, Ta-mara, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Ми се случува мене со козметика, откако ќе го купам гледам дека е залепено со салотејп или етикетата одлепувана. Или продаваат и тестери.
    Ама коа ме мрзи да одам да им враќам....
    Гардеробата мислам им се валка бидејќи често паѓаат на под парчињата и не ги креваат муштериите шо ги бутнале. Пример Ваикики и поголемите продавници. Тоа ако стои на под цел ден, нормално да е валкано и гужвано.
    Може и без етикета да се најде, ако е враќано итн.
    Ама у глобала мислам не се носени.
     
    На Ta-mara, Tea678 и Dimi_ им се допаѓа ова.
  4. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Мислам дека нема такво нешто како препродажба на користени производи. Факт е дека луѓето кога ќе разгледуваат или пробуваат облека, ја расфрлаат. Па и цели испотени си ја ставаат и затоа можеби изгледа гнасна. Од друга страна, квалитетен материјал се знае што е, не можеш да бараш секаде квалитет посебно не во Македонија. Лично, јас не шетам веќе по бутици. Може малце оди во друга тема, ама почнав да селектирам што вистина ми е потребно. Сфатив дека некогаш само се трупиме со облека, а некои немаат ни што да носат.
     
    На Hija.de.la.luna, Ta-mara, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Бидејќи ме чуди, некои етикети се стварно како да облеката е перена десет пати.
    Еве јас што научив, сѐ што се изложено или рекламирано да не се купува, а здиплената облека е по тазе од онаа на закачалки.
     
    На Ta-mara, Tea678 и prashinka им се допаѓа ова.
  6. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Да, целосно се согласувам.
     
    На Ta-mara, Tea678 и Dimi_ им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.788
    Допаѓања:
    323.736
    Посебно во Ваикики и Зара облеката валкана, извадени конци..кога и да отидеш продавачките упорно диплат алишта, во гардеробата расфрлани по под кошули:tmi:
    Ми се има случено да пробам џемпер кој мирисаше на парфем...веројатно од некоја што пред мене го пробувала.

    Па во Котон цел рафт има со патолони на попуст, ама целите се издрпани.

    СДК дека не верувам да е носена облеката, туку од самите муштерии и не грижата на персоналот е упропастена.
     
    На cresa-jagoda, Hija.de.la.luna, Ta-mara и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Еве завчера пример, во Ист Гејт од тоа косоварите, без навреда, хаос беше сторено.
    Преполни гардероби со алишта, расфрлани така парчиња долу, по закачалки, ништо да не се вратено на место. Хаос.
    Нормално да се издрпаат коа не се води сметка.
     
    На cresa-jagoda, Kimberly11, Ta-mara и 2 други им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    13.566
    Пол:
    Женски
    Во Ваикики секогаш има расфрлана облека по пресоблекувалните, по подот, надвор пред пресоблекувалната, хаос е.. Затоа никогаш, скоро па никогаш, не одам да пробувам облека, туку од око земам, па ако не одговара, ќе го сменам за бројче, ми е гад, а ако ептен дојде до тоа да мора да го пробам, секогаш земам од последното парче на закачалката, како најмалку фаќано..
     
    На Ta-mara и Dimi_ им се допаѓа ова.
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Пред некој ден си купив фармерки од Манго. Бројот што вообичаено го носам некако многу поголем ми делуваше ама не обрнав многу внимание. Т.е помислив некоја покрупна девојка ги пробувала. Дома ја тргнав етикетата и ги ставив во перална, како што правам секогаш. Наредниот ден за да ги носам земав ножици за да ја исечам и внатрешната етикета. Но, внатрешната етикета веќе беше исечена. Знаете онаа на која пишува производство, матрејал, упатство за перење и слично. Прв пат ми се случува ова. Па прашањето ми е дали јас купив носени фармерки и си ги платив како нови?! Искрено човек да се подзамисли што прави нашиот народ. Јас разбирам да се предомислиш ама да ги исечеш внатрешните етикети и да ги вратиш ми е малку премногу. До сега ги поздравував оние 30 дена можност да го вратиш производот ама сега од овој агол искрено се разочарав.
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara, prashinka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Во Ваикики видов една убава бела кошула и сакав да ја пробам, кога го најдов соодветниот број видов дека имаше пудра на нејзе. Оставив.
    Во Mymoda сакав да пробам комплет едноделен и повеќето им беа скинати.

    Тоа мора да е некој маркетиншки трик за да се израмнат во каса или не знам. Секако не сум луда да плаќам за скинати парчиња или валкани. Затоа секогаш детално гледам да не има фалинка.
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara и Dimi_ им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    13.566
    Пол:
    Женски
    А што мислеше дека прават со производите кој ги враќаат?
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Па незнам што прават останатите луѓе. Знам за себе, дека никогаш до сега не сум носела нешто па после да го вратам. Знам да се предомислам. Пр. Да си дојдам дома и да видам дека не ми стои како што треба или во меѓувреме да најдам некој подобар фустан. Ама во никој случај не сум вратила нешто што веќе сум го носела.
     
    На Ta-mara, prashinka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.494
    Пол:
    Женски
    А, и како враќаат веќе носен производ не знам, се приметува кога е носено, што прават со етикетата ја пикаат ли внатре, ја вадат па ја ставаат (facepalm)
     
    На MilaSs12 и Ta-mara им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Незнам, ама ова му доаѓа како да си ги носат 30 дена фармерките па ги враќаат. Што не шета во нашата земја, секакви чудаци имаме.
     
    На Ta-mara, prashinka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    9.734
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум купила сомнителни алишта, а можат да се сретнат во продажба, но ретко. Имам забележано на закачалки избледени блузи со испрани етикети, цена 1000+ денари, лол.
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Пред да земам нешто 100 пати го проверувам. Многу се нервирам кога ќе видам бела маичка извалкана со пудра, кармин мислам стварно како не им е неубаво да ги оштетуваат производите. Иначе погоре спомнавте за еуроазија, да дел од производите им делуваат дека се носени затоа што со години стојат на закачалки и само трупаат роба која не им се продава, иако сум нашла убави парчиња, мислам дека тие што им се нови им се изложени на влезот. Во waikiki самите купувачи прават хаос им паѓааат алиштата не ги креваат. Во сооблекувалните ги оставаат каде ќе им текне воопшто не внимаваат и заради тоа можи нешто да се извалка. Без етикета досега не сум зела ништо али пак ќе речам многу внимавам го проверувам пред да го купам
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara, Indiegurl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Невоспитано до невоспитано. Треба луѓево да посетуваат курсеви за да научат да се однесуваат.
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Некоја членка која работи во продажба да почне да пишува што се се случува во бутиците и кои малверзации се прават би било интересно :)
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara, prashinka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Досега само во Еуроазија и Принцип сум се посомневала. Етикета немаат, не се во најдобра состојба, се наоѓаат парчиња од скапи брендови и од се' имаат по едно парче. И да се од магацини сепак би имало повеќе од едно. Од друга страна во Принцип имам видено џемперче што сум сакала да си го купам пред 10 години од таму, па затоа не знам, вечна дилема.
    Ако се веќе користени би требало да напишат, не е ништо страшно, но би сакала да знам.

    На други места немам сретнато вака.
     
    На Ta-mara и Dimi_ им се допаѓа ова.