Во бутиците што работаат према сите закони дозволено е после 30 дена да се врати робата. Не треба да биде оштетена, но се враќаат и без етикета. Исто така, некогаш при лепење цени ако се залепи погрешна може вработениот да ја искине етикетата, а може и кога се пробуваат алиштата од страна на купувачите да се искине етикетата. Доколку нема оштетувања при вратениот артикл тој повторно се изложува на реоните и така. Кога се пробуваат некогаш алиштата а дури и кога се диплат или нешто може или од вработениот или од муштеријата да се извалка со пудра. А дека фрлаат алишта кај ќе стигнат затоа после изгледаат валкано, не може фирмата да ги пере алиштата, туку тоа е до потрошувачите. Секако, ако земете парче кое подоцна дома видите дека е оштетено, со фискална може да си направите рекламација.
Викаш, цела кривица е кај купувачите? Сите фирми се коректни и не носат користени партали за во бутик земени од Дијарбакир и од Благоевград туку директ од шивалница се земаат и се носат до бутици, за на крај неразумните и виновни купувачи да им извадат етикети,вклучувајќи го и гужвањето на оние зашиени етикети? Ти се молам. Наместо бели, зашиените етикети се сиви а материјалите на голем дел облека како да се распаѓаат. Тоа е знак на десетина перења и носења!
Баш ова се прави. Тетката на една пријателка така си носела стално различна и нова облека. Ќе купи нешто каде што знае дека има период за враќање, го носи на некој настан (гледа да не го оштети или скине) и го враќа назад. Некогаш ни етикетите не ги кинела за да лесно и го вратат. Секоја прилика- ново парче испаѓа. Таа секогаш по најнова мода.
Во Еуроазија ми се случи бела кошула кога сакав да пробам, накај пресоблекувална ја видов дека е валкана на ракавите од долна страна, и ја вратив без да ја пробам.. Ептен ми се погоди за сликање ми требаше тогаш, а имаше само едно парче и тоа моето бројче, ДМ ми вика земи ја и испери си ја чим толку ти е погодена.. Му викам за 1200 денари, барем чиста да е очекувам, не ја земам, Беришка беше кошулата..
Јас еднаш од метро обуча порачав патики, дечки верувајте дека буквално носени ми ги испратија, прво немаше етикета како што има стандардно, второ патиките доле беа валкани, трето од страна позади се гледаше ко флека некоја, кога ги контактирав ми пишаа многу глупа причина, патиките од пробување во продавницата се извалкале, никогаш повеќе нема таму да им стапнам.
И јас ја знам финтата. Во зара имаат одлична политика за враќање и можеш за 2-3000 да си секогаш во ново. Јас имам некои фустани перени по 20-30 пати како нови, од едно две носења ништо нема да им е.
Не сум помислила на ова, повеќе мислев дека има некои парчиња облека што изгледаат постаро и како носени зошто купувачите не ги пазат работите, ги фрлаат насекаде, често пудра има по алишта од што пробувале... Ама можно е значи и враќана облека да е некоја. Пред некој ден забележав бел градник во продажба, си беше со етикети на него, се океј, а пола пожолтен, ми личеше пробуван или носен, па од пот како така жолтеникав да станал... Другите сите беа океј, а исти како него модел, не беа такви пожолтени. Иако како што знам долна облека не враќаат, којзнае стварно. Затоа секогаш кога купувам детално гледам. Еднаш во еден бутик баш продавачка ме изнервира што толку детално сум гледала, што ако имало некое конче што виси. Кога веќе купувам ново и плаќам за истото, сакам стварно да е ново и се да е океј, а не нешто да му фали.
Етикетите, оние зашиените, не оние од хартија. Зашиените се доказ, ако се бели и мазни, ново е. Ако се изгужвани и затемнети, носено и продадено за мали пари. Во Турција има безброј пазари за носена облека. Парче што овде би се продало за 30-35 евра, од тие пазари се зема за 3-4 евра...
Јас мислам дека EuroAsia има и мал дел со облека од втора рака, можеби не е така но слично е како Principe Roma каде напред во продавницата има нова роба а назад закачалки со очигледно носена или постара облека која е по многу намалена цена Исто така многу од овие продавници кај што може да се најдат брендови h&m, bershka, primark и други откупуваат облека која или не се продавала веќе во тие продавници од брендот и им останало вишок или па има некоја мала мана во шиење Ако сте виделе на тик ток имаше видео во викторија сикрет каде што ги сечат сите градници со ножици ако не се продаваат и ги фрлаат така за потоа да неможе никој да ги преродава, што ми е ептен неетички. Не сум против тоа да се препродава облека но доколку е втора рака би требало да се потенцира поради тоа што некој не сака да купува такваа. А за индивидуалниве продавници како зара, вајкики, котон итн. се согласувам дека купувачите не пазат и се е расфрлено ама од друга страна па и не е кизнае каков траен квалитет сепак е брза мода да постои малку во магацин или да се проба повеќе пати веќе ќе изгледа како носена.
Ова што го имаш опшано го прават ланците за облека. Им останува премногу на залиха и пред да се ослободат од него (на препродавачи) ја сечат етикетета. Не ми е јасно зошто Mango би го правеле тоа. Не ми се верува дека би дозволиле враќање облека без етикета така да не верувам дека некој ги носел па ги вратил. Се сеќаваш дали имаше повеќе броеви и повеќе парчиња од истите пантолони? Не е страшно ако се носени само не е во ред да ги продаваат како нови. Не знам како стојат законите ама ако не постои такво нешто, барем во продавница би било добро да направат закон да мора да се нагласува дека облеката е втора рака. Во ред е еако е таква, не е во ред ако ги продаваат по цена како за нови.
Имаше повеќе броеви (36,38,42,44...) од истите, но само една беше 40ка. Сигурно во Сити мол имало и друга 40ка но јас бев Ист Гејт. Прв пат ми се случува ова. Да приметев порано пред да ги исперам сигурно ќе ги вратев. Сега ми е глупаво да идам таму и да се блемирам. Но пишав овде за да знаете. И се детално да проверувате. Зошто очигледно нашиот народ е хаос. Без разлика што купувате од Манго, Зара исл. имаме будали кои си наоѓаат начин како да ги користат законите. Ова е совет и до продавачите да обрнат внимание на производите што им ги враќаат. А посебно на луѓето кои ги враќаат. Зошто тој што си има ваква навика сигурно ќе го повтори истото.