1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се надевам...

Дискусија во 'Сингл' започната од ladyVintage, 15 октомври 2011.

  1. ladyVintage

    ladyVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пред неколку месеци запознав дечко, со кого неколку дена потоа започнавме да комуницираме преку фејсбук. Брзо се зближивме, ни одеше муабетот... Многу брзо почна да ми покажува дека му се допаѓам, ми даваше комплименти и беше заинтересиран за мене, ми пишуваше секој ден, ми го даде неговиот број за да му се јавам кога сакам (никогаш не го направив тоа). Никогаш директно не му покажав дека ми се допаѓа, а не дека не ми се допаѓаше – напротив! Убав, забавен, интелигентен...Но, проблемот е што тој има долгогодишна врска, со девојка која исто така ја запознав кога го запознав и него, и која не знае дека он и јас комуницираме толку долго време. Се трудам да се држам настрана од него и секогаш кога ќе ми предложи да се видиме, јас културно го одбивам, од причина што не сакам да се гледам со зафатен човек, макар и тоа да е само кафе, а знам дека тој нема да и каже на девојката дека излегол со мене. Да се надевам дека ќе ја остави за да биде со мене е глупаво. А не се штеди на зборови – зборува како јас сум неговата друга половина, дека мисли на мене и не може да си дозволи да ме изгуби. Мислам дека доколку би биле заедно би ни било преубаво зашто никогаш не ни снемува тема за разговор, ме смее, и слични карактери сме, сакаме исти работи. Се трудам да му пишувам/враќам што поретко, ама постојано мислам на него. Понекогаш се однесува толку слатко и романтично, ми посветува голем дел од неговото време, а некогаш не ми враќа со денови. Не можам да го дефинирам, а сепак чувствувам дека го знам многу. Дали е паметно и понатаму да останам во контакт со него? И двајцата сме зрели личности, па не може толку лесно да ме натера да му бидам “втората”, а да раскине не ми се верува, она му е сигурна опција, не за џабе останал со неа толку години. Секогаш кога ќе го прашам за неа или на било каков начин ја споменам, он менува тема.
    Ве молам за совет!
    Однапред ви благодарам :)
     
  2. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Мој совет е да се тргнеш од него што побрзо. Додека не си се заљубила. Од кога ке ти се појават чуства тешко дека ке можеш да му одолееш и набргу ке станеш втората. Ке му расипеш врска и ќе и наштетиш на девојка што не ја ни познаваш. Секогаш довојките вака ДОЗВОЛУВААТ да се заљубат па се вадат на тоа дека ради љубов се умешале во врска. Ако се тргнеш на време никој нема да биде повреден.
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    32
    едноставно тргни се од него ако тој ке биде со тебе и ке ја повреди девојката верувај дека подоцна и тебе тоа ке ти го направи со тоа што многу ке се покаеш.Тркалото се врти
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Тргни се настрана,тоа би било фер според мене за да немаш никакво влијание врз неговата одлука.
    А ако он сам си свати дека те сака пошто очигледно збунет е не знае што и како,а мислам дека му значиш на некој начин а тој не е свесен...или пак ги потиснува чувствата и сака да ги оттргне за да не си расипе долга врска,сепак не е лесно долгите врски се како да кажам...испитана работа,навикнат е на неа,се знае за неа,таа за него,доживеале многу работи и обично кога ова се случува како гром од ведро небо е пуф!Се плашат од тоа што го чувствуваат,ме сваќаш?Сум била донекаде во слична ситуација,а штом тој ти посветува внимание сигурна сум дека има нешто,сега не го знам по карактер али...сигурно нешто му фали и му се појавила нова емоција кога тебе те сретнал.
    Ти обиди се да бидеш понастрана и да не бидеш ти виновна ако нешто се случи,тебе да ти е совеста чиста.А ако тој сам свати дека уствари е заљубен во тебе,и те побара а со девојка му да е искрен и да и каже и да разговарате вие 2ца на таа тема за вашите чувства тоа е веќе друго.
    Ти посакувам среќа.Мислам дека ќе те побара наскоро,таквочувство имам :)
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    додека е време оддалечисе од типов, И НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА БИДЕШ ВТОРА ОПЦИЈА
    оти ТИ ке бидеш таа што ке страда
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ако не си заљубена се уште во него, тргни се. Не расипувај долга врска колку и да е очигледно дека тој се обидува да биде неверен.
    Но, ако веќе се заљуби, а си барем 80% сигурна дека тој не е рамнодушен кон тебе и дека не сака само една вечер и толку, бори се. Не дозволувај да бидеш втора, туку избори се за тој да биде само за тебе.
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски




    Најдобро би ти било да си се тргнеш настрана и да го избришеш и блокнеш од фб да не ти пишува и да ставиш крај на сето тоа. Сигурно не би сакала да се заљубиш во него да направите нешто да те откачи и пак да си остане со девојката и после кој е крив ѓаволот ?? Ти ќе бидеш таа што ќе страда не за друго додека е време. Стави се и ти во иста ситуација одиш со некого долго време и дознаваш дека тој всушност со друга пишува а во најлош случај и излегол со неа и како ќе се чуствуваш ти ?? Не правете вакви работи луѓе, не правете вакви грешки после друг ќе ви биде крив..
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Кога ке виам вакви слични приказни од типот, има долга врска но сака да биде со мене, ми се крева косата на глава. Најпрво запрашај се дали ако ти имаш долга врска ке сакаш дечко ти да дава број на други, да дава комплименти и не дај бозе да изневери. Претпоставувам НЕ. Затоа најдобро е да се отргнеш од него, ако тој толку сака да биде со тебе ке раскине со женската. Ама тоа чисто се сомневам дека ке се случи бидејки најверојатно сака само да се излади со тебе. Не заборавај дека ТАА секогаш ке биде на прво место ( не за џабе се во долга врска, како што реков ако сака ке раскине не го држи никој со сила ). Немој да се понашаш како да е тој единствениот на овој свет, па мора да биде тој. Сигурна сум дека има илјадници поубави, подобри, и СЛОБОДНИ машки во овој свет од кој можеш да избереш, а ти си се зафатила со него. Навистина сакаш да ја играш таа игра? Да се криете и ако се дознае дека тој изневерува, ТАА ке биде изневерената и добрата, ТОЈ ке биде фраерот што одел со 2 наеднаш, а ТИ ке бидеш во очите на сите кучката кој од ништо направи проблем. Без разлика дека тој е оној кој ти се пушта, само ти ке бидеш виновна на крајот. Ако ви било судено да сте заедно ке бидете, нема потреба да им се мешаш во врската. Овој пост го пишувам бидејки и јас сум многу долга врска и вакви да не кажам глупи постови прават да се сомневам во мојот. |( Со срека и се надевам дека ке го направиш вистинскиот избор. :)
     
    На barbie-hilton, ladyVintage и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    И јас ќе те советувам како и другите, не си го комплицирај животот и тргни се од него. Сигурно не сакаш да бидеш втора опција, не верувам дека ќе сака да ја прекине врската... Не верувај на лаги. Ништо добро не излегува од такви работи. На крајот секогаш има некој повреден.
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Од постот што си го напишала можам да сватам дека си се заљубила во него иако велиш дека ти се допаѓа, мислам и да раскине со сегашната девојка нема да можеш да издржиш со него од проста причина што дечкото е импулсивен и сеуште трага по нешто за кое не знае ни самиот авантурист со еден збор. Истото што сега и го прави на девојката и тебе ќе ти го прави немој да очекуваш дека нешто посебно ќе биде со тебе и кога ќе го сватиш тоа касно ќе е. Не навлегувај подлабоко со него и почни да го избегнуваш тоа ти е мој совет, а ако сакаш авантура или авантурист што ќе го гази твоето его пробај па ќе видиш.
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Види девојко ајде убаво размисли.
    Прво прашање зошто е тој сеуште со девојка му ?Значи штом е со неа има причина.Ако тој тебе многу те сакаше ке беше со тебе а не со неа.
    Не велам дека не му се допагаш но од каде знаеш какви намери има тој со тебе.Тој што има добри намери се знае става крајна на врската а потоа бара нова девојка.Замисли ти да си во врска а дечкоти во исто време да закажува состаноци со друга а...како ке се чуствуваш?
    Не влегувај во вакви каши, колку е по чисто толку е поубаво.Можно е нели да и раскине и да се фати со тебе но тој не и раскинува а прави напори со тебе :) Пробај веднаш да го избришеш од твојот живот додека ситуацијата не станала полоша.
    А ако ја изневери девојка му со тебе и поради тебе раскинат ке имаш ли грижа на совеста?Еден ден ке најдеш дечко кој ке мисли само на тебе и ти ке се чуствуваш убаво без да имаш грижа на совеста :)
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Тргнисе настрана од него. Доколку он сака да биде со тебе, нека раскине со девојката па слободно. А вака.. Глупаво е бе! Стависе на место на девојката. Што мислиш? Како би се чуствувала она ако ги прочита сите тие разговори? Можеби сега чуствува некоја привлечност кон тебе но кога ке го добие она што го сака, а девојка та му дознае што он прави и му раскине тој ке заборави на тебе целосно и ке се посвети на тоа како да си ја врати назад. Нели, не можеш да си во врска со некој долги години ако тука нема љубов.

    Сепак, одлуката е твоја.
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  13. programerka

    programerka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    7
    И јас потполно се согласувам со дригите. Ако толку му значиш, зошто сеуште е во врска со неа? А велиш дека не бил подготвен да те изгуби. Како може тоа, кога сеуште не те ни „добил“! Мој совет ти е ако се чувствуваш спремна, онака опрезно намести го муабетот и обиди се да дознаеш што всушност сака од тебе, зошто е толку мил и нежен со тебе кога веќе има женска, дали ја сака сеуште... претпоставувам знаеш на што мислам. Само немој никако да си дозволиш да се заљубиш во него, едноставно, барем засега додека не се увериш дали има искрени намери или не, замисли си дека е ова само една обична игра, една минлива симпатија кон некој кој во моментот ти оставил убав впечаток. Патем, не е лошо да се зближиш и со женска му (претпоставувам не знае за вас). Испитај ја работата и од тој агол, така ќе можеш пообјективно да изведеш заклучок. :)

    П.С. немој да се разочараш, имај на ум дека по маж и по автобус никогаш не се трча, секогаш доаѓа следен :D

    Good luck! :)
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    можам само да кажам дека си му златна резерва или на погруб начин, девојко типот те има на лагер и така ке остане дур не ти пукне филмот
     
    На ladyVintage му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ladyVintage

    ladyVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Многу ви благодарам за советите! Решив дека е најдобро да го прекинам контактот со него, сепак не е единствен. Иако ги има особините кои јас ги сакам (а многу сум пребирлива во тој поглед :) ), нема да можам да бидам со човек кој знам дека 8 месеци, зад грбот на својата долгогодишна девојка, флертувал со друга (јас), а да не бев каква што сум и да се прашуваше тој, досега ќе беше измешана работата. За среќа, имам достоинство и нема да дозволам да го изгубам заради некој како него, кој седи на две столчиња. И да, не комуницираме кратко време, што докажува дека ако ме сакал ќе направел нешто, а ни на крај памет мислам дека не му паѓа раскинување. Последното нешто што го сакам е да се умешам во некоја врска – никогаш не би си дозволила да бидам втора и нема шанси она да страда поради мене, прашањето ми беше дали да се надевам дека еден ден во блиска иднина он ќе биде сингл и јас ќе дојдам во преден план...

    Јасно ми е и дека ако гледаме цел живот да не повредиме други можеме да си наштетиме себеси, и иако би ми било жал за девојката, мислам дека јас за мене сум си поважна отколку што ми е важна таа, но сепак мислам дека не е во ред. Јас ќе се оддалечам од него, па што биде нека биде. Стварно , кога ќе размислам подобро, не сакам потоа цел живот да мислам дека она што и го направил на неа може мене ми го прави. Моментално она нема поим дека нешто такво и се случува, и искрено ми е жал за неа, што е со таков. Ако не сум јас, можеби ќе биде некоја друга. Иако не се докажал како таков, и никогаш не покажал некои лоши особини, јас го запознав само преку веб и не го знам каков е во живо, а ни он мене. Има и професионални лажговци. Не верувам дека он е до толку, ама не ја исклучувам можноста дека не е искрен. Не верувам дека би ни било лошо, ама да не правам проблеми каде што ги нема – секогаш сум пазела на тоа кој и како ќе ми биде дечко, а зашто сега да правам исклучок? Не ја припишувам вината само на него и не викам дека не сум крива - крива сум зашто сум дозволила да ми пристапи и да ми се засвиѓа некој кој е зафатен. Ама, умот пред се - може да се корегира, не е доцна :)

    И за крај – ако јас би била во долга врска и запознаам некој за кого осеќам поголема хемија отколку за дечко ми, ако мислам на него повеќе отколку што треба и ако ми се јават чувства за него, јас ќе си расчистам со дечко ми и готово. Едноставно е!

    п.с. Штом машкиот дел од форумџиите викаат дека не сум му сериозна, веројатно и така е.

    Фала ви многу! :*
     
    На M.a.r.i.l.y.n и creshicka им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Здраво..:)
    Нова сум на форумот,па се надевам дека т.е проблем што го имам го пишувам во соодветна категорија:)
    Значи,мислам дека сум за прв пат вљубена...по неговото подолго инсистирање,започнавме фб комуникација.Во принцип се согласувавме околу мн работи,имавме исти гледишта иако тој е постар од мене 7години.Се гледавме скоро 4 месеци со неколку караници,но ништо посериозно..но еве веќе е 30ти ден како не се гледаме,слушаме..немаме никаква комуникација.Ми недостига и тоа мн..тој беше првиот кој што зборуваше за чувства,беше првиот кој заплаче..не знам,по една караница,се се смени за 360 степени.Кога ке се сретнеме едвај ме поздравува..човекот кој ми велеше дека ме сака..прв пат се чувствувам вака,првпат сум заљуена.Од некои заеднички пријатели слушнав,дека повторно се гледа со претходната девојка со која имаше 2годишна врска..
    Како да продолжам без да се сеќавам на него,и неговите лаги?
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Тоа е период од животот со кој за жал, порано или подоцна сите се соочуваме. Едноставно како да треба да поминеме низ тоа како би научиле некои работи. Едноставно треба да сфатиш дека тоа е дел од животот, нешто кое мора да се помине, и дека секогаш работите се случуваат со причина. Мораш да веруваш дека нешто многу подобро те чека. Млада си и животот е пред тебе, уште многу убави работи те чекаат, ова нека ти биде лекција дека не се во животот е како што сакаме, и мора да ги прифатиме работите такви какви што се. Излегувај, забавувај се, поминувај време со луѓе што те прават среќна.. Ќе видиш дека што е твое ќе си дојде ;)
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Ти благодарам за одвоеното време,да го прочиташ мојот проблем :)
    И ти благодарам за советот :)
    Така е..свесна сум за тоа,само не можам да се помирам на фактот дека бев излажана..од погрешен човек,кој знаеше да ги каже вистинските зборови во право време..кога бев осамена :)
    Како и да е..едноставно некои луѓе не го ценат нашето внимание,и притоа тоа се најпоследните луѓе на кои треба да им посветеме внимание :).Можеби само ги преувеличувам работите дека сум заљубена,или можеби не можам да прифатам дека наседнав на нечии лаги..
    А за тоа можеби,времето ќе покаже :)

    позз
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    И официјално..повторно се заедно со поранешната девојка..зашо ми е толку тешко?Вреден е за да бидам тажна поради него?
    Премногу сум наивна,затоа сега гордоста ми е повредена..
     
  20. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    Хм, а дали имаш размислено во оваа насока, да имал чуства за тебе додека сте биле заедно, но ете едноставно имал поголеми за бившата девојка, односно тој тебе не те лажел додека сте биле заедно и тоа било искрано, ама сепак се уште ја сака бившата.
    Лошо е тоа ти си испаднала колатерална штета од ова, но вакви работи се случуваат.
    Мислам дека тебе повеќе те боли- како ова мене ми се случи, јас сум излажана, гордоста ми е провредена....
    Прв пат се зема поголем ризик и тоа боли?
    Па боли, ти не би знаела како е затоа што никогаш порано не си дала шанса, не си искусила вакво нешто.
    Затоа на почеток треба да најдеш задоволтво во тоа што си имала убави спомени и си била среќна со некој, место да размислуваш на вашето раскинување, мисли на убавите моменти, и најбитно да најдеш разбирање за него и за твоите чуства што се нормални и разбирливи во моментов.
    За некое време ќе бидеш како нова и спремна за нова љубовна авантура :D