ти благодарам за одговорот,односно за советот Инаку имаш право,повеќе ме боле повредената гордост...прв пат вакво нешто ми се случи,затоа не знам како да реагирам на ситуацијата.Убавите спомени за нас во мојата глава преовладуваат да,но зарем така побрзо ќе го заборавам? Мислам дека единствената моја грешка е што никогаш,ни во еден момент не го прашав за чувствата спрема претходната девојка..поминаа 6 месеци од нивното раскинување,таа имаше друга врска...мислев дека е сувишно да прашам околу тоа,мислев има расчистено со тоа и затоа си дава нова шанса..или бил воден од теоријата-клин со клин се ваде . Како и да е,сепак единствената повредена тука сум јас..сепак полесно ми е да верувам дека ме лажел,отколку да верувам на неговата искреност(шо се сомневам дека е постојала)..не мораше да каже дека ме сака,јас бев таа шо инсистираше да одеме полека..не знам..единственото шо го знам дека ми е мн тешко..ама ќе помине,сигурна сум А за нова авантура..не сум таков тип да се впуштам во некои авантури..само авантури Имам еден пријател,ако може така да се каже..фб комуникација и телефон..онака,ми помогна да поминам полесно со прекинување на претходната врска..ако знаеш на што мислам ..препотентен тип,казанова..ама еве имаме комуникација 2 години..па размислувам за некоја авантура со него,иако срцето не ми дава И уште еднаш ти благодарам за советот..и секако одвоеното време да го прочиташ мојот проблем
Јас сметам дека здрав начин преболување на вакви раскини е ако најдеш рабирање, не гледаш само на негативните страни, да не ја размислуваш врската до точка коа не можеш да се поднесеш што си направила наводно такви и онакви, ред др. грешки. Добро е тоа што си видела каде е грешката, гледај да не се повтори понатака, и запри тука. Немој да продолжиш да се самообвинуваш, и ова го кажувам од искуство зашо сум иста како тебе. Јас исто после некое раскинување си викам тууу како не предвидев, како не направив ова, зашто тргнав со него, за на крај да чуствувам таква тежина, некоја лоша огорченост, гнев што јас сама сум си го наметнала, и нормално од ова произлегува огорчена девојка која емотивно ќе се ограничува, и самата ќе си ја ускратува среќата. Но ако се смени пристапот, ако се прифати реалноста, се најде разбирање (не мислам дека да оправдување на неговата постапка, бидејки не се оправдува тоа што го направил), се најдат позитивните работи, ќе можеш понатака без багаж чисто и искрајно да сакаш како и првиот пат. И да за авантурата, не мислев како впуштување во развратнички живот, YOLO моменти, туку љубовна авантура со сакање и повисоки вредности, од обично лапање и драпање. поздрав
Според досега пишаното,можам да заклучам дека горе долу слични сме на карактер Инаку незнам дали има баш многу врска,ама во хороскоп сум девица..така да мн сум љубопитна . Секогаш сакам да знам сè до детали..притоа внимавајќи,секој момент шо го имав поминато со него го анализирав темелно, формирајќи си свое мислење и преценка И многу нормално,негативна проценка..како шо кажа ти-се самообвинувам,иако нема причина за тоа.. Имаш право,после секое искуство на прекината врска,сум огорчена..затоа не дозволувам некое момче да ми пријде..после секое разочарување,што беа мн малку,се затворав во себе и на тој план несакам никакви промени,е не ме интересира никој,и секогаш некој кога ќе ми пријде..ми се враќа сликата на поминатите лоши моменти,опоравање на скршеното срце и сл Искрено,можеби се одалечив од темата..ама тоа шо ми леже на душа мора да си го кажам Реалноста е таа..но јас некако како да функционирам обратнопропорционално,само лошите сеќавања како да ми помагаат да пребродам некое лошо искуство..но еве,решена сум за промена да размислувам малку позитивно,и да најдам разбирање за нештата..и секако,да ја избегнам омразата..која,откако ја дознав веста дека се заедно,ми го зароби срцето И за авантурата..се согласувам потполно со тебе,премногу сум принципиелна за да си дозволам некои авантури за една вечер..а притоа утредента би се срамела од самата себе И голема благодарност до тебе секако,и поздрав ПС,Извини на рефератот..ама девиците се самосожалувачки настроени
хххх уживај плус сакам девици, кажано од јарец мислам дека треба да ти биде јасно си имат двата знаци самодеструктивни моменти, но со мала работа на нив, најдобри знаци сме (скромно). исто голем поздрав и све најдобро и мн мн љубов понатака
Како јарец,никогаш не ја оставате работата недовршена нели,во случајот со мене и вниманието кои ми го посвети за да ми помогнеш ..ти благодарам уште еднаш,и ти посакувам реализација на сите неостварени желби во текот на понатамошниот живот И секако,мн љубов
Се мислев дали да пишувам за мојава ситуација..и се надевам за ваша помош. Лани,едно дете ме бендисуваше.И јас го бендисував.Но,не толку за да се пуштам во авентура со него.Детево,им кажуваше на повеќето дека ме бендисува,и јас знаев за тоа.Но,едноставно не ми беше гајле.Таа година,фатив дечко.Кој е тотален идиот,ноо Енџи доцна сфати за тоа.Сите сфатија за тоа,но јас бев толку глупава и него му верував.Но,ми дојде умот.Иако доцна. Пред неколку недели,го видовИ.Истиот тој што пред една година имал некои чувства за мене. Проблемов е тоа што јас,го засакав.Незнам ни јас како се случи тоа.Неможам ни да го опишам тоа. Меѓутоа,тој има девојка.Многу сакам да се зближам со него.Но,не сакам да му се мешам во врската. Како би се чувствувала јас,кога некој ми се меша во врската. Затоа не сакам да се мешам.На фб многу сакам да му пишам,но не можам.Гордоста е пред мене.Имаше едни песни ставано на фб..пример:Ти си проблем-Нокаут. На тебе налетувам кога не сум бањат или со испиени сто џин тоници Ради тебе запаѓам во некои чудни стања мамурлук, депресии и несоници Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам и нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш Реф: Ти си проблем, што сакам да го имам ти си дрога, што сакам да ја примам ти си тајна, што смртно ме занима ти си грев, што на душа го зимам Незнам зошто,јас се пронајдов во песнава.Како за мене да е.Како за мене да ја има постирано.Или тоа е само моја желба.Незнам. Ии незнам што да правам.А многу го сакам. Пример можит да му речам на другарка ми,да го земит дечко е..кој е другар со И. И јас ке одам..и таман ќе се зближиме некако.Но,не сакам да се мешам во врски. Ве молам за совети. П.с извините за реферативе
Значи вака..моето мислење за твојата ситуација е дека ти малку преувеличуваш ги работите,конкретно за песната..не мора да значи дека е посветена за тебе,можеби му се допаднала на момчето и ја објавило на фб,впрочем кажуваш дека поминало 1год од неговото симпатизирање а тука е и неговата девојка..како шо кажа сама,тоа е само твоја желба И да,момчето си има девојка веќе..ако има чувства спрема тебе ќе раскинал со неа уште кога си ја прекинала ти твојата врска нели.Зборот ми беше да не се залажуваш напразно..на крајот ти ќе бидеш повредена. И не иницирај некои демек случајни средби..претпоставувам дека несакаш да бидеш етикетирана како расипувачка на врски Сега си слободна,ако дечкото има уште чувства спрема ке преземе иницијатива..ти не ги форсирај работите
Вака, мене ова ми изгледа на некој вид на пост раскинувачка реакција. Си имала врска една година, раскинуваш, и наеднаш се вљубуваш во некоја симпатија од порано? Дали ова ти е начин на соочување или поточно, несоочување со болката, тагата од раскинот? Некогаш кога нешто во, овој случај твојата врска ќе заврши неславно, место да се соочиме со реалноста, да си ги признаеме грешките (дека самата си знаела во што се впушташ, ама сепак си се впуштила), бидејки ова потсвесно боли и повеќе од самиот раскин, па радо би се убедиле дека сме нашле некоја голема нова љубов.... само колку да не мислиме на тоа. Како и да е, можеби не сум во право со теоријава, но сигурна сум за тоа дека мораш да си ги средиш чуствата пред што и да превземеш. Сигурно не би сакала да уништиш врска, среќа на некој друг пар, да настанат жртви на твојата моментална емоционална нестабилност и хиперактивност. (што во принцип е нормално и разбирливо по завршеток на врска). Кога не знаеш што да правиш/превземеш,можеби е најдобро да не превземаш ништо воопшто. се надевам помогнав
Ви благодарам за мислењата..И да.Во право сте. Кога тој мене ме бендисуваше,јас го избегнував.Сега тој има женска,среќен е..како што тој мене не ми се мешаше во врската,така јас него нема да му се мешам.Од се срце посакувам да е среќен
Е сега..дотичниот господин сака да се видеме и да разговараме..хх каква иронија.. Сакал ме премногу,не ја сака бившата како некогаш,ама ќе ја засака,и мене ме сака..не е конкретен воопшто,не ми е јасно која му е целта.. Ме виде насмеана,и сеа му е криво шо не покажувам слабост или?? Па дури има умислено дека имам некој,и зашо сум имала..кој фактор е он веќе у мојо живот за да воде сметка како сум,со кој сум,зашо сум.. Прашањето ми е дали треба да се видам да разговарам со него..или едноставно да го игнорирам како до сега? Благодарам однапред
па ти види се ако сакаш,нема тука ништо страшно,но не потклекнувај на неговите зборови.Дечкото дефинитивно си нема расчистено со претходната врска,најверојатно уште има чувтсва спрема бившата,така да наубаво ке ти е за да не останеш на крајот само ти повредена да се тргнеш од него,и времето ке ти покаже дали треба да бидете заедно или не.
Срцето не ми дозволува,а разумот е за видување..сакам неговите лаги да ги слушнам уште еднаш..и така веќе имам омрза кон него,само уште повеќе ќе се зголеми За повреденоста..јас веќе бев повредена..еве уште сум у таа фаза да ја прележувам повреденоста..само сега знам како да се носам со тоа..е сега нему му е криво зашо сум насмеана..нели аналогно на се следува дека треба да му е мило за мене.. како и да е,ти благодарам за мислењето
Спојлер Ако сакаш да те обележат како девојка што расипува врски, тогаш гурај со него, но никоја нормална, зрела личност не го посакува тоа. Добро е што се обидуваш да го одбегнеш, но мислам дека не сте деца за да си играте маче и глувче. Треба се во лице да му кажеш, се што мислиш. Ако му одговара, океј, ако не, чао пријатно. И незнам како не си помислувате дека штом тој нема срам да изневери некоја девојка, зошто и тебе да не те изневери доколу започнете љубовна врска ? Се паѓа во вода, и шарм, убавина, интелегенција, кога не е човек. Што ќе ти е таков ?
Напротив..никогаш не би се дозволила таков луксуз,да бидам етикетирана како расипувачка на врски Инаку проблемот е тоа шо..у фаза на смирување биле..who cares?..нека се смират им посакувам се најдобро и крај приче Ама..не ми е јасен воопшто..ќе бидеме заедно ако јас сакам..значи како може некој да сака две личности во исто време..мене и поранешната? Или пак сака да бидам резерва.. Како и да,јас веќе бев повредена и не планирам пак да поминувам низ истото.. И да,воопшто не е зрел..со неговите 28год да игра такви подли игри.. Вечерва ќе разговараме,да расчистеме се..па ќе видеме како ќе е Ти благодарам на мислењето позз
Mi se sviga edno momce veke pola godnina .. no neznam dali i jas nemu .. a me srame da go prasam ili da si gi iskazam svojte cuvstva .. dali da se nadevam na nego deka nesto ke se sluci ili??
Хм ти се допаѓа веќе пола год и прашуваш дали да се надеваш? Да се надеваш на шо.. Мој совет е да превземеш нешто..не да бидеш нападна,приметлива или сл..едноставно распрашај се за него,дали има девојка,некоја симпатија за да знаеш на шо си.. залудно да не се најдеваш позз и се најдобро
Pocnav na igraorna...Poso sum mnogu sramezliva edvaj vlegov pa samo gledav, ne igrav...Uste ko go vidov mi se svigase, pa posle demek se izmori nesto sedna kaj mene,pa nesto me prasvese zs se sramam, pa kaj ucam kolkava sum Pa ke me videse i sl. Mene mi e super deteto ,sladok se se najubo... Pa zenski vredi da se nadevam ???
Едно време го сакав и он ме сакаше. и сеа не наместија да излеземе ама беше катастрофа бидејќи ни дојдоа другарите... и после тоа се одалечивме некое време. И по некоја слулчајност или не почнав да го гледам каде и да искачам, и кога најмалку очекувам. Проблемот е што неможам да го извадам од памет. Цело време на него мислам. Си и змислувам како никогаш не ме сакал, ме измејувал пред сите.. за да го заборавам, барем на малку. ама неможам. и сега на пат сме да се договориме да дојде во маало кај мене божем да запознае моја другарка со негов другар. ама сакам само да го видам. сакам да му кажам дека го сакам уште кога ќе го видам, ама се плашам од неговата реакција. што да правам? Спојлер знам дека е трета тема на која го поставувам мислењево ама очајна сум за одговор
Уф јас не сум нешто мн искусна ама можеби не треба директно да му кажеш за да не бидеш нападна, остави го него тој да ти каже, но сепак дај му некој знак