Дали вреди да се напушти нашава држава?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

?

Дали вреди да се напушти нашава држава?

  1. Да

    777 глас(а)
    87,8%
  2. Не

    108 глас(а)
    12,2%
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Сакам ваше мислење дали би ја напуштиле нашава држава? Кои се причините и зошто? и дали вреди да се напушти?
    Често од младите можам да слушнам западот е убав, западот е весел, на запад сите имаат и сите живеат убаво, без никаква работа, без мачење стигнуваш до пари и добар живот. Дали е тоа така?
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.716
    Значи ова според мене тотално не точно. Нема леб без мотика. И не - не би ја напуштила нашава земја. Прво сум премногу носталгична и приврзана и второ какво-такво, тука сум се родила и многу работи ме врзуваат за ова место. Не е се во парите и во успехот. Не ми требаат милиони нити претерано добро палтена работа (не дека би ми се слошило). Сакам да се видам себеси за едно 30-40 години како успешна мајка и сопруга и да уживам во она што го работам, без разлика што е и колку е платено.
     
    На single33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    ucam tezok fakultet i sakam da mi se isplati ova ucenje,a i mojata struka e dobr platena.ako mi se pruzi moznost da bi odela, no ne sama.bi si go zemala deckoto,drugarka,sestra mi bilo koj :)
     
  4. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    ВРЕДИ!!!Не е точно дека на западот врнат пари без работа,тоа никаде не е така.Татко ми една година беше надвор од државава и заработи убава пара,ама со макотрпна работа.После мораше да се врати заради кризава,нема работа....Дека таму животот е поубав и тоа е точно,ама на некој начин.Таму ги нема некои типични балкански работи без кои ние не можеме.Како што се храната,дружељубивоста(верувајте не можам да ви опишам колку се поладнокрвни таму) и др.Убаво е што на западот поевтино е да се школуваш-не секаде и тоа што полесно можеш да најдеш работа.Далеку е почисто од нашата мила ем драга државичка.Кратко кажано-да имам шанса уште сега би заминала од овде.
     
    На foreverMATH и esperanca им се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    па за да не вреди Бладата нека ги подобри овие неподносливите услови... нека обезбеди и работа и плати... и убави стандарди зависно од просечните плати :) и тогаш ке речам дека не вреди да се напушти нашава држава ;)
     
    На Bo-Bae, viktorija.manevaa, lolita97 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.553
    Допаѓања:
    38.103
    Јас одамна си се спремам да ја напуштам државичкава ни мила. Се имам многу разочарано во сите системи во земјава. Надвор барем знаеш рмбаш ко коњ, ама ќе те платат. Тука за што? Да се изживува некој исфрустриран дебил што којзнае како се добрал до некоја пара, па направил демек нешто и тоа за мочани десет илјади.
    И не дај Боже да се завлечеш по болници. Ако немаш кеш или врски можеш слободно да си потпишеш капитулација и бар на раат да си ја испуштиш душичката. На неколку наврати имам и плачено и колнато се во државава.
    И затоа би рекла НЕ не вреди да се остане тука.
     
    На cresa-jagoda, foreverMATH, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  7. purpurna

    purpurna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Kога би имала шанса ни пет минути не би седела а не пак да се прашувам дали вреди да се напусти државата.
     
    На Vik'Toriah, foreverMATH, lolita97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Би заминала..И во план ми е само здравје боже!Кога брат ми кој имаше златна работа тука голем почит од луѓе затоа што е способен многу..и доста заработи замина..Ама др работи, тука и таму кај што е не се споредуваат...Од прво и основно хигиена за се и ред, правила, закони функционира, а тука ништо.Систем немаме..Менталитетот е тој да се менува тешко..и ограничени сме во многу работи..А западот сепак нуди повеќе
     
    На tessie и esperanca им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.662
    Зависи од многу работи, и секој треба да си процени. Не е лесно да се пробиеш во друга држава, но ако многу работиш - ќе успееш. Ако си носталгичен - подобро не оди.

    Знам многу луѓе што се на страна, и на сите прво им е тешко, носталгични се, па после некоја година се навикнуваат, и супер им е. Брат ми сега е многу задоволен, иако првите 2 години им беше тешко. Додека тука ги тапкаа по рамо колку се супер, и не можеа да најдат работа, живееја под кирија во помалку од 40 квадрати, таму работат двајцата по струка, имаат добри плати, купија куќа, итн. Друштво не им фали, си нашле и таму - локалци, туку претежно македонци и срби, ама образовани и фини. Има добри услови, за децата е супер, многу е побезбедно, има куп работи што можеш да ги правиш, и слично. Да останеа тука не знам дали некогаш ќе собереа пари за стан, снаа ми којзнае дали ќе најдеше работа, веројатно ќе имаа тежок живот. Таму тешко им беше година - две, ама сега им е супер. Брат ми вика дека вреди човек да си оди од тука. Истото го вика и еден близок другар, иако беше прилично носталгичен, сега веќе не мисли да се враќа. Двајцата отидоа пред 5 - 6 години од прилика.

    Ние ја имавме дилемата дали да одам пред неколку години, и одлучивме тука да останеме. Не знам дали згрешивме, до сега ни е ок, а како ќе биде во иднина - не се знае. Сега, не знам дали би одела, изодев еден тежок пат тука, и не знам дали би издржала нов почеток. Значи не би одела без најдена работа и слично. Ама ако јас или сопругот најдеме работа на страна, не би се мислела, дефинитивно сакам да поживеам негде на страна, макар на некоја година. Пред се мислам на Европа, не знам дали би одела подалеку. Само уште некоја година, да собереме искуство, да добиеме уште по некоја диплома, да ги платиме кредитите, и да знам дека тука имам кај да се вратам ако нешто тргне наопаку :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вреди затоа што тука и да работиш нема да бидеш добро платен или пак ке работиш,а нема да земаш плата два-три месеци,а можеби и повеќе,не амо тоа туку кај нас и магистри неможат да се вработат,а да не зборам за останатото.Па после како нема да ја напуштиш нашава држава,кога како прво нема добро државно уредување,плус да не зборам секаде се вработуваат кај нас со врски,тие што се стварно потковани со знаење,но немора да се и којзнае колку образовани,туку и да ги бива,нема никаков просперитет за нив,колку има кај нас луѓе што им треба работа,мислам знам како е тука и едноставно не ми се збори,едноставно ке кажам дека катастрофа е нашето државно уредување.Сега да не мешам историја,односно како било некогаш државното уредување,а како е сега,па и во однос на останатите држави,но ако правам споредби,само ке кажам повторно катастрофа,нула.Меѓутоа нормално дека секој млад човек сака да работи,да заработува и тоа доста добро,исто и во однос на студиите да се стреми кон поголема титула која што ке му обезбеди и подобра работа во иднина,па затоа и не ме чуди што повеќето си заминуваат од тука,јас и онака би си отишла од тука,ако сакам да сум поврзана на некој начин со најблиските,ке најдам и место и време,ако се сака,се се може.
     
    На lolita97 и esperanca им се допаѓа ова.
  11. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Тотално се согласувам со тебе. И првата прилика шо ќе ја имам да можам да заминам оттука заминвам одма (само не со мажење :rofl: )
     
  12. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Само едно ќе ви кажам премногу премногу го идеализирате Западот и Аамерика.Премногу ;) .Кога ќе идете и да видите како живеат нашите иселеници и каде се движат ќе сакате 3000 км да сте подалеку од нив.А од што толку успеале и се социјализирале таму затоа се дружат со балканци само со ниту еден друг.Толку од мене на оваа тема.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    72

    Точно е дека нашите иселеници живеат на некој начин мизерен живот.Спијат 20 души во мала просторија, се тушираат еднаш неделно и ред др работи, ама па затоа за таа работа што ја работат(каква и да е) многу се добро платени. Сега, јас не сум била надвор од Мк да работам ама по муабетите што ги слушам а и што гледам, кој како иде за странство се враќа после година дена со убава кола, куќа си направат и имат повеќе за живот отколку ние. кога би имала прилика би ја напуштила нашава држава без ни тронка каење, зошто како што се одвиваат кај нас работите, ние ќе немаме пари за леб ;)
     
  14. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    96
    Ми се заминува. Се надевам на тоа. Работам на тоа и ќе работам на тоа.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.810
    Пол:
    Женски
    Хммм...од овој аспект сега, можеби вреди, ама има и нешто кое ме тера да милсалм дека и не до толку многу. Зошто? Познавам луќе кои долги години живеат во странство, кој ваму, кој таму, и се е во ред, работат каква таква работа, платено им е, сите возат коли, добро се облечени, ама што? И по 20 години немаат свој стан, и по 20 години плаќаат кредити за куќата, секој први со платата стигнуваат и сметките кои сакаш неќеш мораш да ги платиш, па на крај ако ти останат добро. Нависитина платата таму е поголема ама и давачките им се поголеми. Е незнам зошто тогаш по незнам колку години живот убав, сите си пекаат по нашата Македонија. знам, ќе речете носталгија, ама не е само тоа изгледа. Таму каде е слободата да излезеш на кафе како тука, да прошеташ по улица макар и по полноќ. Не дека овде е многу сигурно, ама таму пак ич не е. Сите нашинци кои се на Запад имааат пари, да, ама за да дојдат тука на две-три недели и тука да се прават богати покрај нашите мизерни плати, а таму нема, дома, дома, на работа, пак дома. Арно вели вујко ми, ние цела фамилија во годината вака ни е распоредено времето-шест месеци планираме и собираме пари да дојдеме тука, тука сме нецел месец и сме пресреќни , иако во трчање да ги видиме сите кои ги сакаме, се враќаме назад и останатите пет месеци плачеме и раскажуваме спомени од посетата на родниот крај.
    Јас лично не би отишла да живеам во друга држава. Тука сум среќан, колку имам, толку, мое си е. Сите ми се тука, за добро и за лошо. Ама секоја чест на оној кој може и сака да опстои далеку. Условите тука се такви, ако некој е сигурен дека сака да живее во странство, тоа е негова одлука, сепак и тој си размислува за подобра иднина.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Не генерализирај. имам толку многу пријатели и роднини и најблизок член од моето семејство на Запад..веруј сите се добро средени и не се движат само во т.н. балкански кругови..туку се мешаат и со луѓе од др нации и боја на кожа..Пр.мојот брат има мн близок другар од Египет.
     
    На tessie, anabel-a и Loritaa им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.662
    Види, не е идеализирање ако ги споредиш Македонија и Америка да речеме, и кажеш дека во Америка е подобро. Да беше обратно, верувам дека американците ќе доаѓаа да живеат тука.

    И не живеат баш сите мизерно, погоре пишав за мојот сопствен брат, кој тука живееше 100 пати помизерно, а таму му е супер, затоа што му се вреднува трудот, и спремен е да работи. Тешко е ако си неквалификуван, и ако не си научен на работа. Ама ако си вредно дете, и не се лигавиш, туку работиш - нема проблем. Пола фамилија ми е таму, и знам како живеат, а и многу другари отидоа, па и тие знам како живеат. За почеток, никој не вика дека е лесно, ама за година-две се средуваат.

    Во однос на социјализирањето, никој не рече дека се дружат само со Македонци, ама веројатно нормално е кога си веќе изграден како карактер да се дружиш со такви кои се блиски на тебе по менталитет и култура. И тука бираш слични на тебе.
    Брат ми таму има неколку добри другари од тука, плус први братучеди кои се на негова возраст и со кои тука има израснато, и нормално е со нив дека се дружи - истото го правел и во Скопје.
    Децата кои се таму израснати се дружат со локалци.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.291
    Допаѓања:
    81.938
    Пол:
    Женски
    Нормално дека секој си има свое размислување за оваа тема, некому му е подобро овде, некому во странство.
    Се додека кај нас се цени партиската припадност и лојалноста спрема одредени кругови, се дотогаш способните луѓе од оваа држава ќе го бараат чарето надвор.
    Јас самата би си отишла од овде, од проста причина што мојата професија е деградирана, и тоа од поединци кои припаѓаат баш на таа професија, ама не заслужиле да ја носат титулата. И во мојата професија како и во многу други не се цени колку човек е способен и колку може да се носи со одговорноста која таа ја наметнува. Затоа и размислував да заминам од земјава после завршувањето на факултетот, макар што било кај да одев ќе требаше повторно да учам и да полагам државен испит за нострификација на дипломата. Во странство, генерално гледано, ако се трудиш и ако те бива во она што го работиш, ако се надоградуваш и работиш на себеси, тоа се цени и добро се плаќа. Ама затоа работиш како коњ. Приватниот живот ти се сведува на дружење со семејството во викенди. На некои тоа им одговара, на други не. Јас мислам дека би можела лесно да се прилагодам на тоа, но сепак сум навикната на малку поинаков начин на живеење.
    Кога ми се укажа прилика да заминам, не отидов, ама не се каам. Останав во Македонија поради човекот што го сакам, немам работа, упорно барам, и се надевам дека кога-тогаш ќе дојдат и моите пет минути. Ама не седам со скрстени раце, затоа што имам верба дека еден ден, мојот труд ќе ми се исплати.

    А дека идеализирам, не идеализирам, никогаш и не сум мислела дека таму ќе ме пречекаат со раширени раце. Каде и да одиш секогаш ќе бидеш етикетиран како странец, како граѓанин од втор ред. Ретки се оние луѓе од друга нација кои те прифаќаат целосно и отворено, а и тие најчесто се доселеници во таа земја. Ама генерално гледано, зависи од тоа како ќе се снајдеш.
     
  19. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Значи прашањето е дали вреди да се напушти државава - јас мислам, ДА вреди, но кој како ќе успее тоа е веќе друго. Нормално пред се треба да имаш среќа, да бидеш квалификуван и профисиоанелн во одредена струка, да имаш што да покажеш и докажеш, и секако да си снаодлив. ВО почетокот ќе работиш деноноќно, но барем ќе знаеш дека ти се исплати и за година две ќе успееш барем да постигнеш едно ниво погоре, а тука кај нас џабе е, колку и да се трудиш ако немаш врски не успеваш. Кај нас ретко се цени и плаќа трудот!
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Kako sto mozam da zabelazam za golem del od vas vredi da se napusti drzavava.
    Vo celost mozam da gi razberam vasite godini i svesna sum sto e problemot sto ve potiknal za da posakate da zaminete od svojot dom .Imame kvalitetna mladina obrazovana...za zal ,ne vrabotena ,finansiski nestabilna,fakultetski obrazovana mladina koja raboti se i sesto za za bedna plata a zgora na toa ,uste da ti se trese nekoj lud gazda ,da rabotis povece sati samo za da se zadovoli negovata alcnost. Pa posle seto toa izleguva -podobro da rabotam vo stranstvo i da zemam pogolema plata nego tuka..Se soglasuvam -no dali vredi da se raboti tamu se i sesto za pogolema plata,ako tuka ste se obrazovale fakultetski,tamu da ste vraboteni vo fabrika ,farma,diskoteka,kako higenicarka i sto uste ne.
    Jas sum snaa na povratnik od Germanija koj celiot svoj zivot go ostavi tamu ,zaminal kako obrazovana licnost a zavrsil vo fabrika za avtomobili.Gi pametam negovite zborovi. Cedo moe mnogu dobiv no mnogu izgubiv-ne gi vidov prvite cekori, prvite zborovi, prvata nasmevka na moeto dete ..a toa ne se kupuva so pari..Cesto znaese da kaze sekade sekade kade sto ce odis si stranec ,svabata duri ne te iscedi kako limon ne te pusta nazad vo svojot kraj .
    Mnogu od vas nema da se soglasat so mene i ce recat toa bilo porano i ne e sega taka -Jas i mojoy soprug nekolku godini gi pominavme tamu, no mojot soprug ne mozese da odi po stapkite na svojot tatko- ne se gledavme sebesi kako programirani roboti, pa resivme nazad vo Makedonija. So povece napor i pomos finansiska da razrabotime svoj biznis i do den denes opstojuvame tuka.Zatoa za mene ne vredi, zatoa sto mnogu golema zrtva sum dala za da se vratam ponovo tamu i da zapocnam od novo .No sekoj si gleda od svoja strana - A i vo svetot ne e kako porano -sekade e kriza ,tie sto zaminale porano se snasle nekako ,upornite ostanuvaat a pomalku hrabrite povtorno vo svojata zemja so nadez za podobro utre.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.