Доколку би нашла ваму место каде мојата работа би била доволно платена, тогаш сигурно не би ја напуштила никогаш Македонија. Но, како изминува времето се по невозможно ми изгледа тоа, се разочарав кога видов колку е мојата професија по ценета во нашето соседство, па почнав да се запрашувам како изгледа и како одат работите подалеку од Балканот... Како и да е, едно сигурно знам, дека ќе се распрашувам и како и секој друг ќе си барам чаре за подобра иднина.
Ја сакам Македонија, но нема којзнае какви услови за живот. Мали плати, а се скапо. Луѓето од ден за ден штедат пари за да да можат себе и на своите деца да си дозволат барем малку поинаква и повкусна храна, поквалитетна облека, еден викенд негде низ нашава Македониичка. Во странство луѓето имаат многу подобри услови за живот кој секако го заслужиле. Еве за пример ќе ја дадам Германија. Луѓето имаат големи плати, а ефтино е и во супер маркетите и во бутиците. Луѓето имаат многу слободно време и тоа време најчесто го исполнуваат со некакви активности, а не како нас од кафе на кафе, од другарка кај другарка. Бев изненадена кога братучедка ми на свои 3 ипол години знае да чита и германски и македонски, оди на англиски и балет. Тоа ми беше уште еден доказ дека сме многу назад од светот. Кога би можела да ја напуштам државава би отишла во Италија или Шпанија
На прашањето ќе одговорам со друго прашање. Дали би го напуштиле семејството кога е соочено со проблеми ( караници, болест, финансии итн) ? Сепак мислам дека ние сме иднината на оваа земја и дека треба да и останеме верни. Јас не се разбирам во политика но мислам дека единството ја прави државата. Какви сме такви сме, тука сме родени и не треба да ја изневериме. Ако сакаме да успееме треба да бидеме трпеливи. Парите не не прават луѓе.
Да. Кога за мене нема работа во мојата струка, а сум во 4рицата со најака школа во таа струка во општината...што останува да кажам. Не се определувам партиски за да бидам бележана и затоа ќе си дремам дома. Ако работите би биле поинаку средени и се почитуваат законите кои тие ги изгласале, нема да има толкаво незадоволство. Прва прилика и штрафта.
Јас секако би ја напуштила кога би можела.Нема тука многу заработка,а и многу повеќе сакам да сум покрај море,океан...мммм
Па би ја напуштила. во споредба со другите места платата е мала ама ај што ке набројуваме кога сите ја знаеме ситуацијата овдека
Никогаш не сум ја сакала Македонија, одбивна ми е незнам дали да почнам од ситуацијата, народот, образованието или целиот ред (ако може да се нарече) освен тоа сум дете од мешан брак и не ме приврзува ништо овдека..Живеам за денот кога ќе си идам од тука, а ќе дојде дали сега или покасно
Да, вреди да се напушти. Мене и никогаш не ми било убаво тука, луѓето не ги поднесувам. Менталитетот не ми се допаѓа, премогу малограѓанштина, национализам, премногу оговарање и мешање во туѓи животи, народ полн со предрасуди и ограничен. Јас на прво место поради луѓето би ја напуштила земјата, па потоа заради што многу сакам топли земји и сакам да живеам на море и да не гледам веќе дожд и кал, смрзнати депресивни ликови. Мене сонцето ми дава воља за живот и енергија а кога нема сонце од кревет не ми се станува.И трето поради што не можам и не сакам да работам и живеам за 200 евра во месецот.
Imame kvalitetna mladina obrazovana. Да да имаме факултети што никаде не ти важи диплома, не ти го даваат потребното знаење и не работат со месеци...
Би ја напуштила при првата посериозна прилика!!!Колку и да си начитан,образован и сл. ако немаш партиска книшка или големи врски слободно може да се збогуваш со квалитетна работа,а уште повеќе да е добро платена.Единствено нешто што би ме кочело во таквата одлука се моите блиски,зошто сум премногу поврзана со нив и знам дека ќе ме фаќаат носталгии,депресии...Но,сепак секој родител го сака најдоброто за своето дете и знам дека би ја добила најголемата поддршка токму од нив
За мене вреди ако заминам на висока нога. Не би заминала во друга држава за да слугувам т.е ако немам добри услови. И откако знам за себе ми се лоши од простотилакот и малограѓанштината овде, но пред некое време увидов дека за жал тие се застапени насекаде, и тоа во гоолеми размери, не само во Македонија. Јас очекувам многу од животот, не се задоволувам со трошки. А тоа многу дали ќе го добијам овде или надвор, потполно ми е сеедно.
Не треба многу да очекуваш од животот туку самата да се потрудиш да ги оствариш своите очекувања. ( никој нема да ти сервира на тацна она што го сакаш , мора со труд и напор )
јас ја напуштив дразавава и не кааам поради тоа мој совет ако си добар студент и си магистер на страна повеке ке те ценат од лично искуство го велам ова
WOW После твојот пост јас доживеав катарза -.- И? Нормално дека во животот е неопходен сопствениот труд за да се стигне до посакуваното, не гледам каде и во кој момент тоа се коси со мојот став кој го изнесов погоре?? Моите очекувања се моја работа, и само колку за информација имам добар контакт со реалноста, па ни очекувањата не ми се далеку од неа Што се однесува до одењето во странство повторувам дека јас лично не би заминала никаде доколку немам доволно солидни услови за тоа. А ако дошло до 'слугување', дали ќе слугувам овде или надвор, мене ми е потполно исто, парите во случајот и не ми играат некоја улога. Сеа, имаш разни ситуации... Војни и т.н. Во тој случај не би пребирала толку. Можеби би прифатила и понеповолна можност за излез од државата. Но во ваков момент, туку така, без доволно јаки услови - не.
јас само на тоа и мислам не вреди паметни луѓе овде да си го губат времето, едноставно не вреди. и секој што може да го направи тоа-run fast, run hard па веројатно и мене среќата некогаш ќе ми се насмевне & i'm out of here, for good
Сигурно си сеуште млада и живееш со твоите. Но кога ке подпораснеш и сама ке си ги обезбедиш очекуваните услови за живот, ке ја разбереш смислата на постот во кој те цитирав
Иако сум навршила полнолетство од време, сепак сум млада, млада си и ти (ако се точни годините што си ги навела на профилот). Со кого живеам, многу стереотипен заклучок изведе, но, ајт, нема врска, нема да навлегувам. А за 'поТпораснување' чисто се сомневам дека ќе ги надминам овие 165/166 cm иако теоретски имам уште шанси, но ти не грижи се за тоа 'Смислата' на твоите постови, иако заклучоците и поуките изведени за мене ти беа погрешни и безпредметни, јас сепак ја разбрав, проблемот е во тоа што ти смислата на моите постови не ја разбираш. -.- Еве да ти појаснам... Различни луѓе различно ги перцепираат работите. Има луѓе кои едноставно се поамбициозни од тебе како што има и луѓе кои се помалку амбициозни. Hе треба да ја сфаќаш темава толку лично, за на се се што ќе чуеш и прочиташ, а во кое иако неповикана ќе се препознаеш, да одговараш нешто несврзано со поентата на личноста која ја цитираш. Толку имав да ти кажам. Не планирам уште еднаш да ти реплицирам, освен ако повторно не си ме разбрала и не ми одговориш со некој нереален заклучок кој ти самата си го извела за мене и за моето мислење. И чисто кога сум веќе повторно тука, на анкетата не гласав зашто не можам да зборувам дали вреди или не, кога се зависи од човекот и од неговите услови, а примери има разни секадe. За мене не вреди да заминам во друга држава за да се мачам, кога и без тоа Македонија е совршена за 'мачење'. Ако дојде до тоа (што реално се надевам дека нема), дали 'слугувам' за долари или денари, не ми прави некоја разлика во случајот. Добрите услови за живот ми се поважни од географската точка на која се наоѓам.